Можеби е хулиган. Можеби со неговиот мотор јури кадешто сака низ градот не погледнувајќи на брзинометарот. Можеби е фраер што врти безброј женски. Ама знаеш што? Не ми е гајле за твоето мислење, ни за твоето, ни за твоето.. Кога сум со него, он не е тој тепач, тој славен женкар туку најнежното машко во цел свет. Џентлмен, телохранител, комичар-се претвора во се што ќе посакам, кога ми треба.. Можда другите се плашат од него. Го избегнуваат а од далеку му се восхитуваат, али не и јас.. Јас за чудо само со него се осеќам безбедно, сигурно..му верувам. И нека е разбојник, денгуба, мангуп... јас сепак го сакам возењето со неговиот мотор. Јас го сакам допишувањето до доцни часови, кога не спие за да се дружи со мене. Го сакам играњето на игрички заедно, во кои секогаш ми попушта иако сметам дека е нефер. Го сакам начинот на кој грицка од сендвичот кога ручаме, го сакам неговото пеење и неговото зјапање. Го сакам неговиот толку невин поглед што не се согласува со мускулестото тело. ЈАС ГО САКАМ НЕГО.