Зошто олку ме мачиш?:nesum:
Или оставиме да одам засекогаш или пак немој да ме пушташ никогаш да заминам.
Кој си ти да си играш со чувствата на другите?
Како не ти е срам да ме погледнеш во очиве по сите лаги кои ми ги изнакажа.Едноставо сум скршена.Секој ден дознавам нешто ново ,нешто што ми го крши срцето и навраќа спомените,но недозволувам никој да го забележи тоа.Се смеам и викам дека сум те заборавила.
Ми недостигаш,тешко ми е и што и да викам и зборувам знам дека е само една проклета маска која ја носам долг временски период.
Ти ја кажав причината зошто неможеме да сме заедно,а ти воопшто не се потруди тоа да се смени како да не ти беше грижа, како да ти беше сеедно...Замина некаде...Незнам каде...Но знам дека е далеку.
Кога на крај ќе останеш сам пак ке дојдиш кај мене.Знаеш дека една будала уште те чека.Тоа го знаеш и го користиш на најлош можен начин.Ти се чудам на умот што го имаш и на тоа како ништо не цениш.
Времето што го поминавме заедно нема да го заборавам и не поминал ниту еден ден,а да не помислам на тебе.Тоа и најмногу ме измачува што незнам дали воопшто помислуваш на мене,што незнам кога си со мене кон која ти се свртени мислите.
Знам дека додека јас ова го пишувам ти си со некоја нова и и ги кажуваш истите лаги,ја лажиш со истите зборови,со истите очи,со истите усни.Сето тоа е совршена лага во која секој би поверувал.
Остави ме да одам напред.Еднаш и засекогаш.Прекини да ме враќаш назад во минатото...Можеби пак и јас не сакам да си одам од таму...Решавам да одам напред но се враќам назад...Повторно....Сосема безпомошно