Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

  • Креатор на темата Креатор на темата smizlicka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Среќен св.Валентин љубов!
Вечерва ќе создаваме магија ... повторно.
Те љубам!:back:
 
Подобро што раскинавме дека ти си една девојка која што не признава ништо па макар и да си убила човек...Со таков човек неможам да издржам долго време,а камоли да засакам...И нормално секогаш сум јас крив бидејќи јас ти раскинав,а ти никогаш не ја согледа разликата меѓу нас двајца:S:toe:
 
Честит празник мало... Штета шо ќе славиш само еден, како и јас, наместо да ги славиме двата заедно. Полека ми станвиш опсесија, присутна си ми во мислите се’ почесто и почесто. Немаш појма колку сакав да сум до тебе денес, да пиеме и цел ден да го поминиме заедно. Здравје некој од наредниве викенди ак успеам да сковам план, ќе биит и то. :)

Чувај се мало, да не те земит некој... шо ќе прам без тебе после... Лавјуалот! :back:
 
преварант си знаеш дека не пијам црвено.
Најдобриот валентајн до сега поминат некаде со некоја
не ми се пишува неможам некако.. те сакам знам дека знаеш.. ај утре поубав пост, се е јасно во утрото
 
Најубав помин!!! :pipi: Уживам секој момент со тебе, а за вечерва... еден збор.. прекрасно! :back: Те сакам мило... најмногу! А подароците... :pos: да се договаравме, немаше исти (скоро исти, добро) да бидат. Закон. :) Честитката ја обожавам, цело време ја читам, и му се заблагодарувам на Бога што те донесе на мојот пат. Убаво спиј хани, се гледаме утре :pipi:

мња :back:
 
Знаеш дека ова ми беше најубав Валентајн и Трифун и нечиј роденден? Многу те сакам!
 
Сега знам!

Јас тргнав одма да пишам на темава,бидејќи ми влезе одма во мисливе сабајлечки,и изненадување,и ти си пишала.

Вчера беше прекрасно,потоа те сонував,и сега мислам на тебе.
И морам да признаам,преубаво е кога ми шеткаш по мислите!

:love2:
 
Беше многу тивко ова утро кога ги отворив очите. Те побарав на лулашката каде што обично успано си се нишкаше секое сабајле, не испуштајќи ни најмал звук за да не ме разбудиш. Те побарав златце... и не те најдов, а тишината сеуште премногу ми пречеше, дури и повеќе од најголемата бучава. Се плашев да се доближам, но од немирот што ме обзема, не можев, а да не станам.

Извини сонценце мое што дозволив ова да ти се случи. Извини што дозволувам сеуште неподвижно да лежиш таму, но немам сила за да те земам, мислам дека срцето ќе ми излезе од гради... толку си малечко и нежно, ми е страв да те допрам.
На кого сега ќе му ги пуштам звуците од природата за да го гледам како задоволно се нишка и си пее...?

Ќе ми недостигаш пиленце убаво. Ќе ми недостига твојата нарцисоидност, начинот на кој ми сметаше во типкањето на тастатура... Ќе ми недостига твојата инаетливост. Толку мало, а колку многу инат се беше собрал во тебе... но, злато, би одела и би раскревала после тебе цело време, само да ми се вратиш. Ќе ме убива тишината, не сум навикната на неа, веќе 8 месеци времето ми поминува со твоето цврчкање.
Веројатно ќе треба повторно да се навикнам на тишината...



Беше тивко кога ги отворив денес очите. Мило мое, ми се кине срцево зашто не ги отвори и ти...



:cry:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
1 година сме заедно...
Неможам да си поверувам дека толку идрживме :)
Покрај сите караници за ситници и сите караници за неситници јас преубаво си поминувам со тебе кога сме знаедно... Те сакам...најмногу... премногу :pipi:
 
Како да започнам, а да не речиш дека овој пост ќе има или нема смисла...
Всушност, овој пост немора да има некој посебен почеток за да допре до тебе или до некој друг...

Денот на вљубените...мх мх.
Па многу и не го обожавам. А годинава за прв пат го прославив на толку многу еуфоричен начин, само поради тебе.

Магијата која ја почувствував вчера, не може да допре ни до рацете на Дејвид Коперфил. Ни тој не може да направи да се чувствувам толку среќна. Тебе не ти се потребни трикови за да го привлечеш моето внимание. Но, сепак морам да ти се заблагодарам за сношти, ноќта која ја претвори во бајка од соништата.. да ти кажам дека ни Кејт Винслет не била толку многу среќна се додека била со Леонардо ди Каприо:pipi:.


Осудена да ја носам судбината како и останатите смртници, јас, која сум човек од ,,болки и радости``, морав да се соочам со твојата љубов примајќи ја без грам сомнеж и колебање. Без да мислам на останатите околу себе, моето семејство и пријатели, верував во нас и во нашите среќни моменти исполнати со емотивна храброст и напати помешани со пасивна носталгија...

Многу пати додека сме биле заедно се колебав дали она што е помеѓу нас е вистинско. Гледајќи те тебе, следејќи ги твоите чувства без да ја отфрлам твојата искрена љубов кон мене, ни за момент не се посомневав дали си оној кој ќе ме научи да љубам без страв, оној кој ќе ги излече моите болки и страданија кои сум ги чувствувала секоја ноќ пред да заспијам воедно со утрешното мрачно будење исполнето со страв и носталгија и префрлување поглед кон соседниот кревет.

Но напати се осеќам празно. Дали е тоа поради осаменоста која ја чувствувам додека сум сама дома или тоа што ти не си до мене? Всушност, во едно сум сигурна: ти си човек кој е редок карактер меѓу останатите. Единство помешано со совршенство и трпение, врежани во еден долг роман без крај, лик кој не се плаши од победа и поход, лик исполнат со голема снага, прикрепен врз мојата душа.


...Се сеќавам оној ден, кога ти реков дека не сум доволна за тебе. Можеби беше тоа од преголемото чувство на страв да не те повредам, чувство во кое се сомневав и колебав дека ќе влијае негативно врз твоите емоции.

Но сега сум едно сигурна, постов не е доволно долг за да искажам дека те сакам и колку голема болка чувствував сношти кога сакаше да заминеш знаејќи дека совеста те спречи и те врати назад.

Те избрав тебе, го избрав овој начин на живот. Не ми е потребно ништо повеќе, освен засилување кое треба да го прикачам и внесам во твоето срце, да го почувствуваш еднаш она за кое многу пати се прашував дали еден ден ќе се оствари или не...

Џимеј... те сакам:back:
 
еми што знам, вчера на журката не да си ме изнервирала, заеби!!! како знаеш да се однесуваш тоа е невероватно..
Нешто што изгледаше дека ке трае долго, изгледа му доаѓа крајот..
Толку добри моменти имавме, и не заслужив така да се однесуваш...
Те сакам одамна, ама те сакам таква каква што беше пред некое време, ја сакам вистинската ТИ, не ја сакам онаа вештачката личност во тебе, која излегува на виделина... Не се прави нешто што не си....
И никад не очекував дека ке бидам ваков околу тебе.Нешто сосема друго мислев дека ке испадне, ама ете... тоа е тоа...
Ме остави толку збунет, и никад не сум очекувал дека на валентајн ке се скараме, т.е ке ми напраиш нешто што никад не треба да го направиш...
Поздрав, те сакам(ама незнам уште колку долго, бидејки многу ме погоди)
 
миличко и по се тава шо се случи,те сакам а незнам дали некој ден ке сме заедно,ако ми кажа дека еден без друг неможаме тешко ќе е да се вратам на старото...дури и да ми е тешко,а ми е!!!:back:
 
Ти благодарам на подароците и на големото подарочиште од вчера, на вечерата и виното и воопшто на помислувањето на онаа моќна идеја која ќе ја оствариме нареден пат, и за присуството онаму каде што требаше, и за прекрасните зборови истата вечер, и што се усогласи со мене и покрај бељите вечерта во четвртокот, и на блесавото излегување во петокот, и на муабетот направен од квалитетен и многу реален и опиплив материјал.

Озбилна сум. :back:
 
Ме правиш секој ден посреќна и правиш да те сакам се повеќе и повеќе, ме изненадуваш со некои работи како на пример вчера и неможам да ти одолеам ммм ТЕ САКАМ :back:
 
Зошто мораш да мачиш толку бе?
Дали е воопшто важен тој детал и дали игра голема улога во нашата врска?

Значи колкав ситничар си то е нешто невидено.
Добро, не ти е бе мака?

Смешен ми си жими се, не знам зошто :)))))))))))))))))))))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom