Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

  • Креатор на темата Креатор на темата smizlicka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ТИ............и останав без зборови........Ми ја земаш тагата само со погледот од твоите очи.ТИ...........си се што посакувам.Не би те заменила со ништо.ТИ .....ЉУБОВ МОЈА........ТЕ САКАМ!!!!!!!!!!!!!!
 
My brain is OK...одново ја превзима функцијата на водач на моето тело.И на моето его.И повторно толку безбеден.Заштитен со ментален штит,непробоен...ништо не може да му наштети освен емоциите.А тие се ставени под контрола.Сигурност,топлина во мене.Одново доволен самиот на себе.Без тој дел кој ми недостига.Сеуште постои,ама нешто друго го зема неговото место.Тој се наога на маргините.И трае.Хм...дали ја чека само својата шанса да ме удри одново?...Дали ке се заштитам...дали воопшто сакам да се заштитам?Не знам...
Знам само едно...keep rollin`,rollin`...:pos2:
 
За да пукнат од маки Водка и Батистута и нивната „реметачка„ организација

ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕЕЕЕЕЕТ:hot:
 
Има само една насвевка која сјае толку силно...
Има само едно срце што го допира моето...
Има само еден што го има клучот од моето срце...
Има само еден што прави да треперам одвнатре...
Има само еден што може толку да ме налути на моменти,да сакам да викам најсилно што можам...
Има само еден што може да предизвика насмевка на моето лице кога ќе го видам...
Има само еден што го сакам со цело мое срце и душа,а тој си ти најмило мое...
И засекогаш ќе бидеш само ти...

ТЕ ЉУБАМ (едвај чекам да те видам,да те стиснам најсилно што можам,да ти ги искршам коските:))

Благодарам за изминативе прекрасни 11 месеци...:baknez:
 
Сакам фа те гушнам и :back:
 
Надвор паѓа дожд. Убавина - нарушена од звуците на возилата кои неуморно врват по влажните улици. Токму на ваков ден ќе се сеќавам на тебе, кога се вратив целиот мокар од прошетка но среќен. Од што среќен? Од погледот од тие прекрасни очи кои кога се насолзени со солзи радосници сјаат како две езера, од гушката што ја почувствував - цврста како нашата меѓусебна доверба, од бакнежот што го вкусив од тие медени усни. Немам зборови со кои би ти ја опишал мојата среќа.
 
fs.gif
fl.gif
:pipi:Те љубам проклето многу!!!:pipi:
fl.gif
fs.gif
 
ова што ми го правиш многу ме боли!многу повеќе одколку што изгледа!
 
Еве, конечно ќе се пресрамам (знај дека ова е многу битен момент за мене), ПРЕД СИТЕ, сакам да ти кажам дека многу размислувам за НАС и дека моите чувства се насочени кон тебе.
Девојки, ЗАФАТЕН СУМ. Не ми се јавувајте, бидејќи вечерва моето срце чука за НЕА. :vozbud: :back:
 
Никогаш не вели никогаш...За права љубов никогаш не е доцна,ако се сака искрено може преку се да се помине,ама само АКО СЕ САКА!
Засекогаш ќе бидеш дел од мене и од мојот живот, ќе те чувам како најдраг спомен, затоа што со тебе научив да сакам, со тебе се чувствував жива.Мило ми е што те имав, што се имавме заедно.
Секогаш една половина од моето срце ќе чука само за тебе.
А сега со тешко срце кажувам ЗБОГУМ и повторно никогаш не вели никогаш...
 
Сакам да ти кажам дека стварно ме разочара... Мислев дека си позрел, попаметен, дека можеби татко ти те научил како да задржиш некој што го сакаш и како да не го повредиш ( знаеш зашто ), ама испадна дека не е така..... Испадна дека си ист како сите машки и на крај пак ме заеба, и немој да ми кажуваш дека ќе се караме ако се фатиме пак, знам дека е изговор само незнам која е вистината а таа највеќе ме интересира.... И колку да знаеш подобро би ми било да пробаме, да се скараме па да знам зашто и да знам дека веќе не оди, ама верувај ми, ова повеќе ме боли... Само што тебе ти е гајле за мене, нели? Само тебе да ти остане здраво срцето, за другите што е битно, не си ти.... Ама ќе се најде некоја... Кругот се врти...
 
Сакам да ти кажам дека јас искрено те сакав, бев лудо вљубен во тебе, цела година ја потрошив сакајќите, обидувајќи се да бидеш моја, имав други шанси и други девојки кои можев да ги имам, но ги испуштив затоа што тие за мене немаат вредност.

Но ти, продолжи со твојата детинетост, незнаење за светот во кој влегуваш........

Сега, полека но сигурно чувствата мои како да згаснуваат, како што минува времето се повеќе те заборавам.....

Имаше се, ти нудев искрена љубов, прегратка, ти секогаш ќе бидеш белег во мојот живот, за целото време што неуспешно го потрошив на тебе.......

Кога ќе се сетам што и колку цела година сум пропуштил, ме фаќа голема тага... се надевам дека Бог мисли барем малку на мене, и дека дел ќе ми надохнади......
 
Вечерва се одушевив самиот. После толку солење памет на другите, јас искажав некои - изливи на емоции.
Зарем влезе во моето срце ? Зарем дозволив некој да ми земе дел од него ?
Размислив и си реков - ДА, пушти ја нека влезе. Зарем не се осеќаш прекрасно кога ја слушаш и кога треба да и одговориш на нејзино прашање ?
На сите овие прашања, срцето ми даде одговор - ДА, ДА и ДА.
Ќе го послушам вечерва.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom