Ме развесели вчера со пораката. А уште повеќе кога излеговме вечерта. Па како не може да ме развеселиш кога секогаш кога и да те видам како радосно ми се смешкаш, срцето брзо ми чука, а умот ми е како билијард топки кои безгрижно шетаат по масата. Само помисли на последните моменти од нашата полноќна разделба. Ах колку ми е потребен тој момент токму сега. Колку ми е потребен твојот лик така весел и нежен, твоите усни, слатки и сочни, твојата коса со бојa на костен и мека како свежопаднат неистапкан снег. Морам да те видам сега бар за еден миг.