Барам зборови, убави реченици да го опишам она што го доживувам, оној сегашен дел од животот, а нема такви кои ќе го поистоветат со вистината и реалноста. Барам љубов, барам некој вљубен поглед, цврста прегратка и топла рака...а нема...
Гледам околу мене Тој и Таа прегрнати и насмевнати, со испреплетени раце и заљубени погледи. А јас - сама сум, со безброј копнежи, се влечам во овој свет со срце големо како Кина, а толку пусто и празно. Ниедно чувство освен она на осаменост, нема гласови ни зборови, се замре...
Мислам, тоа е единственото нешто кое уживам да го правам. Само пред некое време каква бев јас...Каде е сега тоа девојче секогаш насмеано и безгрижно, секогаш подготвено да ти ги отвори вратите од својот свет. А ти на заминување оставаш пустина, молкнаа сите гласови, остана само болка...Се претворив во незадоволна личност, постојано мислам и мислам, се смеам колку онака...а сепак се пропаѓа во длабок бунар.
И колку беше тешко исто толку и забавно беше да се открива лавиринтот на нашите погледи и чувства, а сега го нема и пред мене е само бела светлина, чистина, асепак нешто недостига... Една прегратка и бакнеж да ми покажат дека сум некој и нешто и дека и јас можам да сакам...
...come back sooner...