Супер за Русите, со платите на 3-4-ца менаџери - тоа навистина кажува дека имаат ‘‘боље зараде‘‘ него западот... инаку останатите од големи заради незнаат што да прават па скокаат под автомобили
http://www.youtube.com/watch?v=WTVgOXBwnaI&feature=g-hist
инаку со ‘‘зарадите‘‘ на Рускиве тајкуни, менаџери, гзолижачи на Путин и неговата клика кои добиваат по 20-30 мил Долари плати...како реков СУПЕР! Така се почнува! Сега Русите се во првобитна акумулација на капиталот.... како западните земји пред 100-150 години! И со свеста за управување... Баш се на прав пат!

А за тоа дека светски влади господарат и не трујат, ја водат економијата.... па немале што да прават и си рекле ај да ја растуриме Југославија... биле многу загрозени економски од неа!

Опасност биле за европските и светски компании: Херој Тоза Драгович, или Јумко, Црвена застава со стокецот конкурирал на Волксваген, наш ФАС со автобусите на Волво или МАН!

.... Или бевме воена опасност! Со парите од буџетот на СФРЈ (повеќе од 50%) како Сев. Кореа денеска, ЈНА стана четврта воена сила во Европа, па се исплашива овие владариве светски и ја растурива Југославија! Од вторава причина можеби го растурива СССР, бидејки тој беше поред воена и блоковски организиран опасност за западот... иако и тоа е дискутабилно, бидејки има една теорија во поново време кое вели дека Русите го растуриле источниот блок и Сојузот на советски републики! Се опамерива, да не ги хранат такви држави и нации како Молдавија, Туркменистан, Азербејџан... и тн
Или со храната сега во спотот на ЈуТуб... Само алчноста и себичноста го носи Светот у тулац! Презентирањето на погрешни вредности од тие што ги нарекуваш ‘‘водачи‘‘ Светска влада или кој краставац се.... погрешни вредности презентирани во сите сфери од животот... и во науката и во културата во образованието па и во религијата ако сакаш! Не само да го протежираат, туку и го пропагираат она што е поттикнато од егоизам, себичност и алчност, на крајот од краиштата и самите живеат така! Тоа станува стил на живеење. Ако живееш така си кул, ако не си аут!... Професори од средни школи кои имаат бизниси, возат џипови од 40-50,000... попови кои исто така се возат во автомобили кои чинат + 20,000 Евра... да не зборувам оние од повисока каста.... и тн......... Тоа никогаш нема да видиш во Будизмот на пример. Нивни свештеник дури и од највисока каста не го возат во блиндиран Папа-мобил од милион Евра, или во Џип од 100,000.. тој не живее во раскошни палати со сите луксузи кои ги имаат овие нашиве... тој живее како што живеат неговите верници! Ги воспитува да ја контролираат себичноста егоизмот... и им проповеда за некои други вредности! Па погледни го Далај Лама, како е облечен прво, дали е оптеретен со оние вредности за кои зборував, послушај го за што проповеда и зборува.... Нив не ли ги допираат такви будалаштини, кои за утеха малиот човек кога неможе да ги постигне оние квази-вредности на егоизмот, измислува Заговори и Светски влади кои командуваат, или верува во нив... како што порано си правел митови и легенди неможејки да ги објасни природните појави!
И омразата!
Нас како СФРЈ не ни беа потребни светски влади - да се распаднеме не и требаше никој однадвор. Доволно голема беше хипотеката на омраза која што ја имаше во неа. На жртвите од двете страни, на омразата мултилевелно и мултинационално! Зборувам за обичниот човек... Омраза меѓу Хрват и Србин, меѓу Србин и Муслиман, Меѓу Албанец и Македонец Албанец и Србин, Словенец и Хрват и во обратен смер! Понижување на нас Македонците и во Хрватска каде што ни викаа ви сте Шифрари! Баш така ШиФтари, а само затоа што ама баш НИШТО не знаева за нас, а гледајки како некои слаткари од Гостивар отвараат слаткарници во Славонија или дури и во Загреб, па прашувајки ги од каде доаѓаат (Македонија) и што се по нација (Албанци - Шчипитар)...и така ги нарекле (ним така им се чуло), а дошле кутрите до заклучок дека сите овдека сме овдека Албанци ...и по дифолт ние бевме за нив Шифтари! Како што сите тие Хрвати, за нас (и за Србите се разбира) по дифолт беа Усташи! А вистината е сосема друга! На пример дека покрај усташите кои харале таму во НОБ на пример имале многу повеќе луѓе активирано и многу повеќе бригади од колку што имала Србија на пример.. Ама омразата не ни дозволи да размислуваме рационално! На пример дека не се сите тие Усташи, како што ние не сме ШиФтари нели! Ама на кого му беше до вистината!?
Се она под милјето на Братство и Единство беше само лага, една голема лага... дневна политика, за мир у куќа! Флоскула само, која никој не ја почитуваше! Барем не огромното мнозинство меѓу народот!....Никој однадвор не ни требаше, ни светски влади ни Билдерберзи ни Масони... нашиот крај, крајот на таа творба беше само техничко прашање, од сам почеток..... дури не беше прашање ‘‘дали‘‘ ќе се растури, туку беше прашањето ‘‘кога‘‘!?