Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен е индивидуална, различна позиција, различен статус и богатство...Но мнозинството, грото население денеска е и според податоците и според она што ќе го сретнеш во Агенција, при оглас за вработување или веќе вработени во фирмите...благо кажано се за нигде. А што и да очекуваме од мали плати, скапи кредити, високи цени, голема невработеност и немање инвестиции во гранки кои ќе апсорбираат поголем % раб. сила (освен у администрација) или кои ќе донесат нови инвестиции. Ти ќе му купиш од плата топка на дете, но дали моеш да му купиш стан од вообичаена плата? Мислам дека не. Повеќето куќи и бараки кај нас се токму од тој тип -во 1 куќа по 2-3 семејства.
Кај е тука подоброто?

Види Лурц у суштина и ти си у право. Затоа велам неблагодарна е споредбата. Индивидуално е.
Зависи како се гледа на работите. Ако е задоволително да бидеме сите под просек тогаш СФРЈ е во ред.

Зарем тебе би ти било сеедно ти како интелектуалец да имаш иста заработак и се исто како некоја бараба со 2 грама памет у него? Верувам не.

И сега има такви случаи, но сепак оди на подобро таквиот расплет на околностите. Полека вредностите на единката излегуваат на виделина многу повеќе од претходно, кога во рамките на системот не беше дозволено да бидеш над другите.
 
Јас потенцирав што мене ме интересира и кон што целам со моето мислење за СФРЈ. Тоа што ме интересира тоа и го зборувам, и се е ствар на лична перцепција, имало тогаш луѓе кои сметале дека се среќни и живеат во братство единство, имало и такви кои сметале дека не треба сите да имаат се (кој колку заслужил) затоа и не мислат сите како тебе за тој систем, настрана од тоа што сме разлика во генерација, земи ја за пример само твојата генерација.

А психолозите сметаат дека среќата е индивидуална работа, тоа што еден човек го прави среќен не го прави и друг. На еден хомосексуалец баш не му одговара да има се, а да нема слобода да биде хомосексуалец. На еден човек со капиталистички идеи, не може да му биде среќен животот во социјалистички систем, зошто сака тоа што ќе го заработи да го користи за личен комодитет, а не за да храни социјални маси.
Според тоа, не може да се генерализира среќата на луѓето. И да прават денес анкета да ја проценуваат нашата среќа, нема да се добие резултат дека ,,вашето,, време било посреќно - зошто мојата генерација повеќе го сака ,,ова наше,, време.

И да, посебно жените, повеќе го сакаат ова време, зошто се повеќе се имплементирани западните (напредните) модели на однесување, кои се далеку полиберални од традиционалните македонски (општо балкански) модели.
И сите други групи кои се подложни на дискриминација (која била прилично голема) ќе се сложат со мене.
оф леле, со глава в ѕид...жените. темите за среќни жени се у дом и семејство...овде се збори за живеачката на луѓето, мали и големи. Ако те интересира прават на жената во Сфрј, нека проба некој друг...тоа не ми е приоритет во муабетиве.

А психолозите сметаат дека среќата е индивидуална работа,
ако е индивидуална, зашто потенцираш дека на жените им е подобар овој живот? Како знаеш дека сите жени се среќни сега? Дали се...си прошетала да видиш на пазар кој продава, во Агенција кој се пријавува, во шивалните кој работи? Штета заврши конкурсот за попис, ќе те замолев да видиш колку се жените среќни што и на 35 и 45 години се пријавуваат да работат за 10 илјади цел месец.

јас сум психолог и можам да зборувам за среќата и личното задоволство на луѓето. Југославија била општество ,,тато носи-мама меси,, и да, тоа не е среќно општество. Без оглед дали тебе тоа ти се допаѓа или не, без оглед дали имало или немало итн.

Генерализираш во еден пост, а во друг веќе се определуваш за среќата како индивидуална одлика. ти со болдот генерализираш ...се побиваш самата себеси.
Еден психолог да тврди дека среќата е индивидуална работа, а пред тоа да посочи дека Југославија не била среќно општество...и тоа само од муабет, а не од лично искуство е во најмала рака невкусно.
--- надополнето: Sep 15, 2011 11:38 AM ---
Aj да чујам од подржувачите на СФРЈ така нарчени Југоносталгичари. Дали во времето на СФРЈ дали можело слободно да се тргува на ФОРЕКС, КОМЕКС, Берза злато, сребро. СФРЈ берза? Не сум чул за тоа. Денес живеам сосема среќно од овие работи. Пари се прават и за време на лоши периоди а особено за време на крашови и меури.
шта ќе ти берза кад си могао да купиш ауто и кучу од плате...не сум југоносталгичар, но условите, сигурноста во животот (не мислам на полициска безбедност) беа далеку подобри. А за берза нели ти требет пари?
--- надополнето: Sep 15, 2011 11:48 AM ---
Види Лурц у суштина и ти си у право. Затоа велам неблагодарна е споредбата. Индивидуално е.
.
Знаеш, како пример за "домаќинлук" и "штедење" живот зеам една постара колешка. Ако паднеме на ваков муабет вели дека не знаеме да штедиме, дека таа овие 2 децении заштедила за нов ауто це-не знам кое (20к евра) и за уредба на станот затоа што јаде ајвар, ние сме расипчии :) А состојбата е следна -колата е купена од акции во една фирма каде добро се омрсија, станот поклон од дедо, мебелот кожњаци пак од акции. Ама 2 ствари ме кинат овде. Прво, треба да ја знаеш позадината на добриот и штедлив живот (што не е од плата и слични приходи), и второ добрата со кои се обезбедила овие години е токму од претходниот систем (станот од дедо, акциите од фирма која е градена во тој систем). у глобала за сега да живееш како единка добро, да основаш семејство и дом или треба да имаш повисока плата (што е не така често), или да заеб...некого или да пљачкаш, да вршиш криминал. А за во глобала населението да живее добро му треба многу повеќе од ова што го има сега. Затоа и зема бугарски пасоши, затоа бега странство, на грчките острови и низ светот.
 
оф леле, со глава в ѕид...жените. темите за среќни жени се у дом и семејство...овде се збори за живеачката на луѓето, мали и големи. Ако те интересира прават на жената во Сфрј, нека проба некој друг...тоа не ми е приоритет во муабетиве.

ако е индивидуална, зашто потенцираш дека на жените им е подобар овој живот? Како знаеш дека сите жени се среќни сега? Дали се...си прошетала да видиш на пазар кој продава, во Агенција кој се пријавува, во шивалните кој работи? Штета заврши конкурсот за попис, ќе те замолев да видиш колку се жените среќни што и на 35 и 45 години се пријавуваат да работат за 10 илјади цел месец.

Генерализираш во еден пост, а во друг веќе се определуваш за среќата како индивидуална одлика. ти со болдот генерализираш ...се побиваш самата себеси.
Еден психолог да тврди дека среќата е индивидуална работа, а пред тоа да посочи дека Југославија не била среќно општество...и тоа само од муабет, а не од лично искуство е во најмала рака невкусно.
--- надополнето: Sep 15, 2011 11:38 AM ---
шта ќе ти берза кад си могао да купиш ауто и кучу од плате...не сум југоносталгичар, но условите, сигурноста во животот (не мислам на полициска безбедност) беа далеку подобри. А за берза нели ти требет пари?

Не ти доликува на годините. Прво никаде не кажав дека е Југославија несреќно општество. Прочитај го првиот пост што го напишав.
Ако тебе не ти се разговара со мене, не знам за кој таков ме цитираш. Игнорирај ме.

Фактот што денес неспоредливо повеќе има жени во високите образовни институции, во политиката, во државните органи, упатува на фактот дека тоа им одговара. Никој со сила не тера некого да студира, да биде дел од политиката... па има. Тоа не било можно во Југославија, зошто општеството си одело по принципот ,,се знае на кого му е каде местото,,.
И ете, ги спомнав хомосексуалците, што не одговараш за нив?
Нив велиш им било добро? Имале се, исто како и ти, освен да бидат тоа што се - хомосексуалци.
Ако не ти се допаѓал Тито, каде ќе си одел? Денес имаш опиција А, опција Б, и опција - ич таков не ме боли за ништо.

Потоа, ајфони и компјутери... ајде да се свртиме околу избор на асортиман во продавниците, избор на автомобил, избор на мебел за во куќата што ќе ја изградиш, избор на облека, избор на.... всушност, го имавте ли зборот ,,избор,, во речник?

Ниту еден еднопартиски систем не може да донесе среќа во едно општество, и тоа е веќе докажано во пракса. Да ви било толку добро, зарем ќе се распаднеше Југославија?

Како што кажав, слободата да бидеш тоа што си - не постоела. Е, па, денес постои.

Не реков дека живееме во идеален свет, ама не се залажувај сам себе дека па ти си израснал во идеален свет.

Нормално, на тој што е просечен и му одговара да биде просечен, на тој што нема желба да се издвои, или едноставно нема таква амбиција, му било совршено.
Јас не би можела да се снајдам во таков систем, а малкумина познавам што би можеле.

Можеби сум само поинаку воспитана, кој знае.

Сепак, не планирам да продолжам со бесмисленава дискусија.

Поздрав.

П.С. Прочитај ми го потписот, и убаво размисли, што тоа и недостигало на Југославија.
 
Лурц небитно е дали некој размислува индивидуално, само за својот пол или пак за општото добро на малите и големите.

Јас проблемот го гледам во моментот да споредуваме СФРЈ и сегашноста.
Има ли потреба од тоа? И која е таа потреба? Незадоволството од сегашноста ли?
Ако е тоа има ли потреба да се враќаме во прегратките на минатото?

Девојчето погоре (Пурпле Пума) си кажува размислувања кои можеш слободно да ги припишеш на 90% од нејзината генерација. Растена во Македонија, со сите маки и проблеми пропратни во оваа држава, со сите угодности и неугодности што и ги пружил животот во оваа несигурна сегашност, оформува мислење за нејзиниот статус и живот во истата таа држава.

Очигледно не наишле на потреба да се враќаат во прегратките на СФРЈ. Решиле (младата генерација) дека треба да живеат во својата новосоздадена држава, и тоа е за поздравување според мене.

И бај д веј, точен и е заклучокот за статусот на жената во општеството.
--- надополнето: Sep 15, 2011 11:55 AM ---
Знаеш, како пример за "домаќинлук" и "штедење" живот зеам една постара колешка. Ако паднеме на ваков муабет вели дека не знаеме да штедиме, дека таа овие 2 децении заштедила за нов ауто це-не знам кое (20к евра) и за уредба на станот затоа што јаде ајвар, ние сме расипчии :) А состојбата е следна -колата е купена од акции во една фирма каде добро се омрсија, станот поклон од дедо, мебелот кожњаци пак од акции. Ама 2 ствари ме кинат овде. Прво, треба да ја знаеш позадината на добриот и штедлив живот (што не е од плата и слични приходи), и второ добрата со кои се обезбедила овие години е токму од претходниот систем (станот од дедо, акциите од фирма која е градена во тој систем). у глобала за сега да живееш како единка добро, да основаш семејство и дом или треба да имаш повисока плата (што е не така често), или да заеб...некого или да пљачкаш, да вршиш криминал. А за во глобала населението да живее добро му треба многу повеќе од ова што го има сега. Затоа и зема бугарски пасоши, затоа бега странство, на грчките острови и низ светот.

Не те разбирам која ти е поентава со постов.

Тоа сите го знаеме дека треба многу повеќе за да се живее добро?

Не ја разбирам твојава позиција и размислување во однос на темава.

Моето мислење е дека нема назад и треба д аја заборавиме СФРЈ.

А не можам да доловам што ти мислиш. Ми изгледа дека оберучке би прифатил да се врати СФРЈ од 70 те и 80 те години така?

Тоа е твое право нели, ама е далеку од реалноста.
 
Имало и добри и лоши работи ама немало сиромаси факт.
Имало сиромаси, и те како имало, ама бегале луѓето по странство или живееле во планинските села и не можеле да се спуштат во градовите, а на ТВ и радио цело време се зборело за успесите на државата, така да сиромашните биле ставени на маргините и не се забележувале.
 
Лурц небитно е дали некој размислува индивидуално, само за својот пол или пак за општото добро на малите и големите.

Јас проблемот го гледам во моментот да споредуваме СФРЈ и сегашноста.
Има ли потреба од тоа? И која е таа потреба? Незадоволството од сегашноста ли?
Ако е тоа има ли потреба да се враќаме во прегратките на минатото?.
Нема потреба, ниту можност ниту...едина желба ми е да видите што значи вработување како човек и што значи без никаква помош да се вдомите (у ствари да се вдомат младите). Темата е таква Мики, се генерализира за нешто за кое секој тргнува од она што го доживеал, видел, пробал. Да, незадоволството е од сегашноста, од врските дури и во приватни фирми, од немањето можност млад човек да ужива во својот труд...Ако збориме генерално, дури и да занемариме личниот имот и стамбено прашање...стамбениот фонд е главно од тој период, фабриките кои останаа се од тој период, улиците се најголем дел од тој период, амбуланти и болници за ситна раја е од тој период. Сакаш витамин, 35 денари, те боли глава 40 денари. Сликање, крвна слика, боледување...сето тоа кое беше бесплатно се плаќа. Обезбедување во школите (нешто кое беше непојмливо) се плаќа, факултет се плаќа, се и сешто се плаќа. Летно време Скопје беше скоро празно, одмори, летување...сега е полно скоро како напролет (со исклучок носење деца во школо).
Навистина не можам да одвојам сегмент каде грото население ќе каже -е ова ни го олесни животот и ни овозможи да заштедиме за нешто повеќе.
И бај д веј, точен и е заклучокот за статусот на жената во општеството.
ако ги гледаме пратеничките или директорките тогаш, да. Но жената е и шивачка за 100 евра, жената е и самохрана мајка (со неможност за помош од фирма), жената е и продавачка на кромид, цвеќе...на пазар. Обичната жена е во сосем иста ситуација само со помали примања и права за трудничко и нега на дете.

Ако ги видиме податоците за задолженост, ниво на сиромаштија и невработеност, сликата е уште пожалосна. Сега според податоците, само граѓаните должат над 1 милијарда евра, сосе фирмите 2 милијарди.
--- надополнето: Sep 15, 2011 12:28 PM ---
Не те разбирам која ти е поентава со постов.

Тоа сите го знаеме дека треба многу повеќе за да се живее добро?

Не ја разбирам твојава позиција и размислување во однос на темава.

Моето мислење е дека нема назад и треба д аја заборавиме СФРЈ.

А не можам да доловам што ти мислиш. Ми изгледа дека оберучке би прифатил да се врати СФРЈ од 70 те и 80 те години така?

Тоа е твое право нели, ама е далеку од реалноста.
одговорив меѓувреме за враќање и слично,
А не можам да доловам што ти мислиш. Ми изгледа дека оберучке би прифатил да се врати СФРЈ од 70 те и 80 те години така?
а враќање во некој систем не е тема на муабет. Во тој пост наведов она што го заборавате...повеќето од добрата се од бившиот систем....2-3000 марки за општествен стан.
Одговори ми искрено, дали со 20-30 илјади денари просек кредит со 5-6% и учество од 20-30% моеш да заработиш за куќа? Да кажеме и само за учество.
Или да си приуштиш некој луксуз од типот семејно одење еднаш неделно во кафеана и заработка за автомобил?
 
1.Имало сиромаси, и те како имало,
2.ама бегале луѓето по странство
3.ТВ и радио цело време се зборело за успесите на државата,
4.сиромашните биле ставени на маргините и не се забележувале.
1. Check 2. Check 3. Check 4. Big check.

Siguren si deka ne zboruvas za segasnosta ?
 
„Све је исто само њега нема“ (n)

Во времето на СФРЈ луѓето подобро и посреќно живееја бидејќи беа “научени“ да се задоволуваат со малку. Кој не е задоволен со малку нема да биде задоволен и среќен и со многу.
Со денешна просечна плата ако живееш во истите услови како во СФРЈ ќе можеш да заштедиш и за скромна куќа или мал стан (ако беа реални цените на становите)
Како?
Откажи се од телефонот (интернет, мобилен ајпод мајпод не постоеа па не ги ни замислувај)
Откажи се од ЛЦД или плазмата во дневна и од останатите 2-3 телевизора што ги имаш по дома. Имаш само еден ЕИ Ниш или кончар ТВ што на собна антена едвај фаќа МРТ1 а МРТ2 ти е повеќе со снег отколку што гледаш слика.
Откажи се од сите разнораззни гаџети за забава (PC, PSX, DVD, ... бла бла)
Бољерот се грее еднаш неделно и се бањаат 4-ца од фамилија.
Климата замени ја со еден мал вентилатор, а за дополнитени грејни тела во зима немаш потреба бидејќи доволно е една соба да е стоплена, и така и така целото семејсво е на купче и се “забавува“ пред единствениот ТВ.
,
,
,
Имаш еден куп вакви работи со кои што луѓето од “тоа“ време воопшто не се “замарале“ и немале потреба од нив и биле среќни.
За прехрана купуваш само основно, леб и со леб, за да се помине денот а обавезно имаш мала бавчичка во која си одгледуваш малку зеленчук и имаш некое дврце со овошје кое што пола ќе го оберат комшиските деца ама ќе каснат и твоите деца од нивните овошки де. Не е тоа некој криминал. :) (Денес овошје и зеленчук “одгледуваат“ само тинекс, веро и останатите маркети)
Фрижидерот за длабоко во есен го полниш со една бишка која ја чувале баба и дедо на село. А децата освен 10 дена во Претор или Охрид (во субстандардни одморалишта) цело лето го поминуваат на село кај баба и дедо. Помагајки им односно одработувајки ја бишката и кантата сирење кои што ќе ти дадат на есен.
Е сеа ќе ми речете нема баба и дедо веќе во село. Па нема ама зошто нема? Бидејки е тешко и напорно а пустото на никој веќе не му се работи.
Со живеење во вакви мизерни услови со просечна денешна плата, за 20 години (на толку се даваа кредитите тогаш) ќе успееш да обезбедиш кров над глава.
Онака колку за споредба да потсетам дека во 80-те еден ТВ чинеше 4-6 просечни плати. За една година, со двоење пола плата на страна, се купуваше ТВ во боја. (за помладите да не се чудат да кажам дека предходно гледавме црно бели телевизори)
Денес со просечна плата можеш да земеш два обични ТВ а со плата ипол и екстра ЛЦД од 40 инчи. (просечна плата рачунам 20+К)
Според оваа компарација со цените на ТВ тогаш и сега испаѓа дека денес е поефтин животот а реално гледаме дека не тоа така. И кај е цаката? Што ни е проблемот?
Проблемот е што потрошувачкото општество денес те тера да поседуваш што повеќе, во основ непотребни работи, ама така ти е наметнато да мислиш дека без нив не се може и си животно зависен од нив. Ден без мобилен, интернет... незамисливо. Криза фаќа ако на пола саат снема струја или вода а за подолго да не праиме муабет. Елементарна непогода е.
Колку повеќе поседува човек толку е понесреќен. Најсреќно живееле луѓето во камено доба. Ништо немале а сите потреби им биле задоволени. Така е и оваа споредба на ТОА и ОВА време. Тгогаш колективно ограничени сите да немаат односно да имаат доволно за задоволување на нај ОСНОВНИТЕ потреби и денес каде сите сакаат се да имаат ама по можност некој друг да им го обезбеди.
Тогаш и тие што имале повеќе (директорите на јаки претпријатија) несмееле да покажат дека имаат повеќе и ги криеле парите како змијата нозете. Денес новопечените транзициски богаташи на големо се фалат и се перчат со богатсвото стекнато со кражба од обичните луѓе. Тоа нивно расфрлање со пари кај посиромашните оние што не се снашле (односно украле) предизвикува фрустрации и затоа има толку многу од постарата (на татко ми) генерација кои што сеуште “патат“ по тоа време.
Јас детството го поминав во тоа време и можам да кажам дека имав среќно и безгрижно детство. Немам некоја посебна потреба да се жалам од тоа време. Колку имавме со брат ми толку, доволно ни беше. Денес кога сум јас тој кој што треба да обезбеди за децата морам да се снаоѓам во денешниве услови и прилики и ни на крај памет не ми паѓа да кукам како тоа јас денес ја немам “сигурната“ работа на татко ми или дека се многу големи трошоците за живот денес. Во рамките на моте можности и способности пробувам да обезбедам пристоен живот за мене и за фамилијата. Среќата на детето не секогаш ја прави најновит модел на ајфон, ајпод или незнам што. Децата секогаш се учат прво од родителите. Ако родителот е по цел ден незадоволен и несреќен зошто тој ја нема модерната кола или било што и да поседува неговиот “успешен“ комшија и детето ќе биде несреќно зошто го нема модерниот мобилен од другарчето комшиче. Успешниот комшија може и да е криминалец, ама па кој тоа денес се замара со морал и етика. Битно ни е да поседуваме што повеќе и што помодерни материјални добра чиишто слуги подоцна ќе сме, кој тоа видел аир од чесност и доблесност.
Во тоа време некој рече дека 80% од луѓето биле среќни. Точно така но 80% од луѓето во продавницата ги имале истите работи во кошницата бидејќи само тоа и го имало во продавницата. Имале и можеле да го купат само она ограничено што смеело да го има во продавница. Денес “несреќата“ кај 80% од луѓето доаѓа од тоа што неможат да ја наполнат кошницата како некој пред нив што ја наполнил. Не дека тоа што го имаат во својата кошница не им е доволно туку затоа што не полна како кај другиот.

Бидете задоволни со тоа што го имате, не љубоморете на тој што има повеќе, ќе добите чир на дванестопалачно црев. :pipi:
 
шта ќе ти берза кад си могао да купиш ауто и кучу од плате...не сум југоносталгичар, но условите, сигурноста во животот (не мислам на полициска безбедност) беа далеку подобри. А за берза нели ти требет пари?.
Ебати амбицијата да живееш од плата. Секој знае како може само да се живее од плата. Има поамбициозни луѓе од тоа. Што има за нив шипки.
 
Браво VONIVARA со овој пост може да ја завршиме темата се е кажано.
 
Od sevo ova mozam da zaklucam deka Makedonija vo ovoj moment ima 3 razlicni generacii so svoi karakteristiki - dobri ili loshi kako za kogo.

1. Generacija rodeni vo period po vtorata svetska vojna do rani 60 ti godini na koi apsolutno im fali SFRJ, drugarot TIto, i koi so malku bi mozele da ziveat samo da e mirno i da ima kolku za lebce.
Nad 90 % se bi dale za vrakanje na starat SFRJ.

2. Generacija 60 ti godini do rani 70 ti - videle arni raboti vo mladosta od minatiot rezim, no svesni se za nedostatocite a poradi vozrasta nemokjni neshto da storat vo noviot sistem. Generacija "najzasluzna" za raspadot na togashna SFRJ.
NAd 70% bi se vratile vo starata SFRJ

3. Generacija 70 ti i rani 80 ti godini (kade se vbrojuvam i sebe si) - na dofat veke e brziot razvitok na tehnika i tehnologija, vo najubavite godini od zivotot soocuvanje so premin od eden sistem vo drug, soocuvanje so tranzicija, raspad na SFRJ , soocuvanje so vojni i krv. "Najzaebanata" generacija. No i najzasluznata za kakvi takvi pozitivni tekovi. Golem broj intelektualci - no za zhal mnogumina zaminati vo stranstvo. Znaci poleka pocnuva "prosvetluvanjeto".
Pod 30% bi se vratile vo starata SFRJ.

4. Generacija docni 80 ti i pokasno - mladina koja po se se razlikuva od prethodnite generacii, rekov i pogore najvazno od se NE CUVSTVUVA KOMPLEKS NA POLTRONSTVO I PONISKA VREDNOST.
Spored mene dvigatel na idnite pozitivni nastani vo ovaa drzava, potpomognati so iskustvoto na del od istomislenicite od generacijata vo tocka broj 3
Pod 10%. bi se vratile vo SFRJ.

p.s Ova e samo mislenje, no veruvam deka ne e daleku od vistinata.:)

Koga zboruvam bi se vratile vo SFRJ - mislam voedno i na toa deka tie lugje smetaat deka togas se ziveelo podobro.
 
Od sevo ova mozam da zaklucam deka Makedonija vo ovoj moment ima 3 razlicni generacii so svoi karakteristiki - dobri ili loshi kako za kogo.

1. Generacija rodeni vo period po vtorata svetska vojna do rani 60 ti godini na koi apsolutno im fali SFRJ, drugarot
20 miloni narod dobra ekonomija silna armija so svoi proizvodni kapaciteti ,
svoi avioni galeb orao, strav i trepet za sekoja sosedna zemja.
edin greska e samiot sistem zasnovan vrz negoviot osnovac umira toj umira sistemot so nego
 
Не ти доликува на годините. Прво никаде не кажав дека е Југославија несреќно општество. Прочитај го првиот пост што го напишав.
Ако тебе не ти се разговара со мене, не знам за кој таков ме цитираш. Игнорирај ме.

Фактот што денес неспоредливо повеќе има жени во високите образовни институции, во политиката, во државните органи, упатува на фактот дека тоа им одговара. Никој со сила не тера некого да студира, да биде дел од политиката... па има. Тоа не било можно во Југославија, зошто општеството си одело по принципот ,,се знае на кого му е каде местото,,.
И ете, ги спомнав хомосексуалците, што не одговараш за нив?
Нив велиш им било добро? Имале се, исто како и ти, освен да бидат тоа што се - хомосексуалци.
Ако не ти се допаѓал Тито, каде ќе си одел? Денес имаш опиција А, опција Б, и опција - ич таков не ме боли за ништо.

Потоа, ајфони и компјутери... ајде да се свртиме околу избор на асортиман во продавниците, избор на автомобил, избор на мебел за во куќата што ќе ја изградиш, избор на облека, избор на.... всушност, го имавте ли зборот ,,избор,, во речник?

Ниту еден еднопартиски систем не може да донесе среќа во едно општество, и тоа е веќе докажано во пракса. Да ви било толку добро, зарем ќе се распаднеше Југославија?

Како што кажав, слободата да бидеш тоа што си - не постоела. Е, па, денес постои.

Не реков дека живееме во идеален свет, ама не се залажувај сам себе дека па ти си израснал во идеален свет.

Нормално, на тој што е просечен и му одговара да биде просечен, на тој што нема желба да се издвои, или едноставно нема таква амбиција, му било совршено.
Јас не би можела да се снајдам во таков систем, а малкумина познавам што би можеле.

Можеби сум само поинаку воспитана, кој знае.

Сепак, не планирам да продолжам со бесмисленава дискусија.

Поздрав.

П.С. Прочитај ми го потписот, и убаво размисли, што тоа и недостигало на Југославија.

Ти би се снашла и во таков систем. Наместо книшка на вмро би имала книшка на комунистичката омладина, а кога би живеела во третиот рајх би имала книшка од хитлерјугенд...

Ајфони имаш бо твојот џеб благодарение на еднопартиската држава НР Кина, чие раководство пред неполни 30 години решило да ја претвори Кина во outsorcing paradise.
Порано морало да се чека на германски видеа и телевизори или евентуално холандски и јапонски. Покрај домашните...а домашна бела техника не постои во денешните 7 наследнички држави. Среќа во твоето општество носат стотици милиони кинески робови кои црнчат и деца по рудниците во Конго кои се грижат ти да го имаш најновиот ај-фон/под/лап-топ/камера за 9999 денари или колку и да е...работејќи во секторот “из шупљег у празно“ бидејќи тој сектор е двигател на денешната економија.

А Ајфон немало ниту во Јапонија во тоа време...трагично а?

Земјите наследнички и онака се задолжија 17 пати повеќе отколку покојната земја врз чиј леш никнаа.
Долговите ќе ги враќаат твоите правнуци...

Истата власт е и тогаш и сега. Ги променија приоритетите.
А и кинеската комунистичка партија ви донесе малку од мирисот на потрошувачкото општество.
Условите за живот имале многу слични параметри и тогаш и сега.
Со неколку различни моменти, на пример било многу полесно да се исели човек од тој државен ентитет.
А тоа е предност која превагнува во корист на тврдењето дека тогаш се живеело подобро.:icon_lol:
 
Колку денес сме среќни..покажуваа и податокот (упм..го изгубив линкот) дека последнава година имаме повеќе разводи од ново склучени бракови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom