Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Како што реков, вашата убавина, ние ја плаќаме...
Една генерација ги плаќа комодитетите на друга, тоа е.
Исто и Грците, 30 години живееа живот лако-чемо па сега се чудат што ги снајде.
Ги читате ли воопшто предходните постови? Државите наследнички се задолжиле 7 пати повеќе, отколку бивша Југославија.
http://forum.kajgana.com/threads/Во-времето-на-СФРЈ-подобро-се-живееше-Мит-или-вистина.46835/page-25

Денес надворешниот долг на Македонија е 6,3 милијарди евра, во најголем дел напаравен од актуелнава влада. 2006 долгот изнесувал 2,4 милијарди. Која генерација ќе ги плаќа овие долгови?
И ако некоја индустрија денес работи и извезува тоа е она што е изградено пред 1991. Скопска железарница, Фени, Силмак (Поранашен Југохром)...
http://daily.mk/cluster3/b5a5b7a14e1973db461529bd95931fe2/818327
Nikola%20Gruevski.jpg
 
Не плукам по Југославија, ниту пак мислам дека била добро место за живеење.
Разликата меѓу генерацијата на моите родители, и мојата, и мојата генерација, со онаа на моите деца, е во тоа што моите родители можеле да спијат на уво дека државата се ќе им даде, и воглавно така било, повеќе се трошело него што се заработувало, додека денес, јас работам и се задолжувам, враќам долгови, и во голема мера ќе се исплатат во наредните 20 години.

Инаку, Југославија, повеќе не ми се допаѓа од друг аспект, него од економски. Затворено општество максимално, едноумие, а да не зборувам и одржување на традиционални семејни и социјални односи, односно нивно поттикнување... Не.
 
Тој долг што го збориш го направиле самите граѓани.
Секогаш кога купуваш странска роба дали е тоа милка чоколада, орбит мастика или новиот Сеат Леон ти учествуваш во зголемувањето на трговскиот дефицит.
Македонија увезува се и сешто нашите производи се со просечен квалитет затоа и во иднина дефицитот ќе расте, а со тоа стандардот на Македонецот ќе паѓа.
Јас кога викам дека треба да се отвраат мали семејни компании што ќе создаваат "нешто" вие се смеете.
 
Chosen во бизнисот како и во секоја друга работа треба да имаш и малку среќа ,кај нас има доста семејни компании впрочем ги знаеш и ти кои работат максимално добро и прават извоз,Значи не се согласувам со тебе дека не постојат.

Е сега и двајцата ќе се согласиме дека има трговски дефицит но тоа не е некој проблем еве земи ја Грција ништо не произведуваат а пак имаат поголеми плати од нас ама грција е 10 милиони така значи пет пати повеќе од нас.

Ние сме мала државичка и тешко можеме да нудиме извоз на производи ,а немаме и некои ресурси.

Но во право си, барем во услуги можеме да бидеме најефтини и најбарани за тоа треба време.

Значи на младите им е малце тука тесно знаеш секој сака да си ја врти воденицата на своја страна што е и нормално,ќе отидат надвор година две ќе направат некоја пара и после ќе дојдат дома.

Значи не гледам тука некој проблем ,да бевме како СФРЈ ќе беше друг муабет може ја до сега со 30 години ќе бев више милиониер ме сфаќаш.
 
Читањето е луксуз, посебно литература за тој период.

Симптоматично е што некои настапуваат, само родител им што кажал или што слушнале. Некоја книга каде се збори за социоекономскиот статус на граѓанинот, начинот на живот, системот ...
Инаку, Југославија, повеќе не ми се допаѓа од друг аспект, него од економски. Затворено општество максимално, едноумие,
Да, сега не е едноумие. Сега оние 30+невработени им е поарно да зборат за политика ама дома да носат само колку за леб? Тие и такви луѓе беа нормални граѓани во тој период...за сега да брцкаат по контејнери. Овие денови гледав јад и чемер...илјадници возрасни невработени кои се пријавуваа за една акција, за 8-10 илјади. Не, не се мрзи ...меѓувреме продаваат цвеќиња на пазарче.
а да не зборувам и одржување на традиционални семејни и социјални односи, односно нивно поттикнување... Не.
море требало да живееме во хорди во пештери, шо е ова мама тато, братче, семејство, :confused:
...да нема семејни и традиционални односи, нема ниту Норвешка, ниту Франција, ниту Германија да преживеат како држави. Сегде постојат семејство и традиција.
Да ги нема, ние или не би постоеле или би раснеле далеку од родителите или без родители.
Немаше волку сиромашни и невработени, се живееше претежно скромно (сум носел социјални цокули али сме направиле куќа...а сега и гол да одиш...), ако не ги гледаш вилите на К. Црвенковски, Елен Камен...а долгот е направен подоцна од лидерите кои помочу западните инсталации подоцна ги водеа и војните. Многу се вложи во тој период...сега повеќето живеат во тие станови, куќи од тој период или тргуваат со нив за други станови, се лекуваат во амбуланти од тој период, газат во трговски од тој период, Мзт за воена индустрија, железара за бродски лим...каде се луѓето?
На човекот му е побитна егзистенција и обезбедување живеалиште неголи ајпод, милка, ФБ или пат у странство. Ако човек нема, ќе знае што е побитно...ако има, џабе зборење, не знае.
 
Мене па ме чуди за помладите членови од форумот како немаат искуство да поразговараат за социјализмот во СФРЈ да им каже некој дедо како навистина се живеело .

Сем ГОЛИ оток друго не знаат ништо.

Имало и добри и лоши работи ама немало сиромаси факт.
 
Читањето е луксуз, посебно литература за тој период.

Симптоматично е што некои настапуваат, само родител им што кажал или што слушнале. Некоја книга каде се збори за социоекономскиот статус на граѓанинот, начинот на живот, системот ...
Да, сега не е едноумие. Сега оние 30+невработени им е поарно да зборат за политика ама дома да носат само колку за леб? Тие и такви луѓе беа нормални граѓани во тој период...за сега да брцкаат по контејнери. Овие денови гледав јад и чемер...илјадници возрасни невработени кои се пријавуваа за една акција, за 8-10 илјади. Не, не се мрзи ...меѓувреме продаваат цвеќиња на пазарче.
море требало да живееме во хорди во пештери, шо е ова мама тато, братче, семејство, :confused:
...да нема семејни и традиционални односи, нема ниту Норвешка, ниту Франција, ниту Германија да преживеат како држави. Сегде постојат семејство и традиција.
Да ги нема, ние или не би постоеле или би раснеле далеку од родителите или без родители.
Немаше волку сиромашни и невработени, се живееше претежно скромно (сум носел социјални цокули али сме направиле куќа...а сега и гол да одиш...), ако не ги гледаш вилите на К. Црвенковски, Елен Камен...а долгот е направен подоцна од лидерите кои помочу западните инсталации подоцна ги водеа и војните. Многу се вложи во тој период...сега повеќето живеат во тие станови, куќи од тој период или тргуваат со нив за други станови, се лекуваат во амбуланти од тој период, газат во трговски од тој период, Мзт за воена индустрија, железара за бродски лим...каде се луѓето?
На човекот му е побитна егзистенција и обезбедување живеалиште неголи ајпод, милка, ФБ или пат у странство. Ако човек нема, ќе знае што е побитно...ако има, џабе зборење, не знае.

Колку што сум јас информирана, ова е форум, а не одлучуваме овде за иднината на Македонија. Така што, тука настапуваат сите, со свои мислења, базирани на нешто што го слушнале, виделе, научиле. А вие како попаметни, и поначитани, па и повозрасни, би требало да го разберете тоа и да пробате да објасните без да обвинувате зошто некој не го дели вашиот светоглед.

Јас реков, нема да коментирам од економски аспект, не сум компетентна, јас сум психолог и можам да зборувам за среќата и личното задоволство на луѓето. Југославија била општество ,,тато носи-мама меси,, и да, тоа не е среќно општество. Без оглед дали тебе тоа ти се допаѓа или не, без оглед дали имало или немало итн.
Традиционални семејни односи, не е исто што и семејни односи. Да расчистиш тоа. Не сакам да се препукувам во тема за минатото, зошто не сум живеела таму, и можам само да кажам како изгледа од моја перспектива.

Се најдобро, поздрав.
--- надополнето: Sep 15, 2011 6:49 AM ---
Тој долг што го збориш го направиле самите граѓани.
Секогаш кога купуваш странска роба дали е тоа милка чоколада, орбит мастика или новиот Сеат Леон ти учествуваш во зголемувањето на трговскиот дефицит.
Македонија увезува се и сешто нашите производи се со просечен квалитет затоа и во иднина дефицитот ќе расте, а со тоа стандардот на Македонецот ќе паѓа.
Јас кога викам дека треба да се отвраат мали семејни компании што ќе создаваат "нешто" вие се смеете.

Јас не се смеам, јас се согласувам со тоа. И очигледно денешниве политичари и економисти се согласуваат со нас. Затоа ако добро се сеќавам има некој проект кој треба да поттикне отворање на мали семејни бизниси (знам дека не плаќаа данок, и слично).
Како и да е, тажно е што дури и домашното квалитетно производство нас ни служи за извоз, зошто ние мораме да купуваме светски брендови, а ги отфрламе нашите.
Така е со се, па и со музика. И со се останато.
Не знам зошто, ама Македонецот секогаш мисли дека нашето домашно не чини (па и да чини, пак не чини) а секое кинеско ѓубре е подобро...
 
Колку што сум јас информирана, ова е форум, а не одлучуваме овде за иднината на Македонија. Така што, тука настапуваат сите, со свои мислења, базирани на нешто што го слушнале, виделе, научиле. А вие како попаметни, и поначитани, па и повозрасни, би требало да го разберете тоа и да пробате да објасните без да обвинувате зошто некој не го дели вашиот светоглед.

Јас реков, нема да коментирам од економски аспект, не сум компетентна, јас сум психолог и можам да зборувам за среќата и личното задоволство на луѓето. Југославија била општество ,,тато носи-мама меси,, и да, тоа не е среќно општество. Без оглед дали тебе тоа ти се допаѓа или не, без оглед дали имало или немало итн.
Традиционални семејни односи, не е исто што и семејни односи. Да расчистиш тоа. Не сакам да се препукувам во тема за минатото, зошто не сум живеела таму, и можам само да кажам како изгледа од моја перспектива.

Се најдобро, поздрав.
--- надополнето: Sep 15, 2011 6:49 AM ---

Јас не се смеам, јас се согласувам со тоа. И очигледно денешниве политичари и економисти се согласуваат со нас. Затоа ако добро се сеќавам има некој проект кој треба да поттикне отворање на мали семејни бизниси (знам дека не плаќаа данок, и слично).
Како и да е, тажно е што дури и домашното квалитетно производство нас ни служи за извоз, зошто ние мораме да купуваме светски брендови, а ги отфрламе нашите.
Така е со се, па и со музика. И со се останато.
Не знам зошто, ама Македонецот секогаш мисли дека нашето домашно не чини (па и да чини, пак не чини) а секое кинеско ѓубре е подобро...
Ме заинтригира со тоа среќата и личното задоволство на луѓето. Мислам дека пред некое време сретнав информација дека францускион претседател предложил воведување на критериум за чувството на СРЕЌА кај популацијата, како елемент за проценка и рангирање на успешноста на државата. Нешто за што мнооогу одамна сме зборувале на некои места.
Пример е доаѓањето на некои бели преродбеници во село во Африка , каде луѓето самодоволни и среќни живеат со векови, ако не милениуми.. Дојденците им кажуваат дека тоа е јадење трици и дека тие треба да го гледаат животот, светот и векот на друг начин и да јадат леб. Сега таму владее сида и страва и ужас.
Југославија беше земја во која минимум 80% од населението живееше со чувство на...да го употребам можеби и недоволно описниот збор СРЕЌА , 20% незадоволници имаш секогаш, дури и во Рајот...од кај инаку паднати ангели??? :)
Сега но не само во Македонија, имаме обратна ситуација... 80% од народот се чувствува несреќно, изгубено,оттуѓено. Кој свет е подобар од аспект на твојата наука за чувствувањето на луѓето. Тој кој го уништија или овој кој го направија????
 
Среќните луѓе седат дремат среќни, тие се мрзии неработници, не се трудат нешто да променат а нарочно да променат кон подобро. За разлика од нив, несреќните и незадоволните луѓе се од акција во постојана потрага за подобро и поубаво. Ситре револуции и сите технички достигнувања се плод на несреќни и незадоволни луѓе, чоек кој не е задоволен од нештото ќе мисли ќе бара и изнајдува начин како да го подобри.

Затоа што понесерќно општество и држава - тоа подобро за напредокот на истото!
 
Колку што сум јас информирана,
Кога се живеело подобро...во сфрј кога имало многу малку невработени, сигурна плата и раб. место, можност за градење куќа од обична плата и кола од рестото од платата...или сега кога има ајфони и ХД тв, но 30+ невработени, над 25% под дефинирано ниво на сиромаштија, го имаме Рамстор и Воинот, но и неможност да се купи куќа ниту нова кола со плата...
Среќата и личното задоволство сметам дека не се купува со ново дивиди или мобилен...Тоа е битно додека си млад, но за понатаму, многу малку битно е во животот. Се базираат на обезбедена, сигурна иднина.
Многу погрешно ме сфаќаш, случајно или затоа што се имаме порано конфронтирано на некои теми не знам, но ќе преминам во случајов преку тоа...не е тоа мој светоглед и не мора со ништо да се сложиш, но ете како за себе направи споредба (без да читаш литература за тој период) на обезбеденоста тогаш и сега....Не знам според психолозите, дали човек е посреќен во сигурно општество без некој страв од губење работа или немање плата или во несигурно, стресно време каде мобингот наголемо е на цена, а митото влегува во категорија награда за труд.
 
Па јас повторно ќе се осврнам на еден момент кој мене ме засега лично, и со кој можам да се поистоветам. Никаде не реков дека ви било лошо што сте имале далеку посигурен живот. Тоа не го реков.
А кога веќе зборуваме за нашите предходни разговори, добро знаеш кон што целам, и која ми е поентата.
И добро знаеш дека имаме сосема спротивни ставови на таа тема. Имено, се знаело што се очекува од човекот, посебно од жената, и немало многу тука филозофии и права на избор. Подреденост, патријархалното уредување било (свесно или не) поттикнувано. Пред Југославија, се немало можност да се мисли на хедонизам или пак на лични задоволства, сме имале сериозни закани за угнетување и уништување на македонскиот народ, но во Југославија не било така - сме биле нели, слободни. И додека светот веќе се повеќе ги отпуштал тие традиционални стеги, кај нас не било така. Кај нас сеуште не е така, како последица на целокупниот пост-османлиски и југословенски период.
Ти твојата младост си ја поминал во Југославија, да, и ете, тргнувам од тебе лично и од твоите ставови кои ги изнесе на форумов за таа тема, па со самото тоа што не ми се допаѓа како ти мислиш, а гледам и многу други што се твоја генерација, доаѓам до заклучок дека сум среќна што не сум била југословенска жена.

И затоа, јас не се обидувам да дискутирам за работи кои можам само да ги замислувам според тоа што ти го мислиш, или татко ми.
--- надополнето: Sep 15, 2011 10:35 AM ---
Ме заинтригира со тоа среќата и личното задоволство на луѓето. Мислам дека пред некое време сретнав информација дека францускион претседател предложил воведување на критериум за чувството на СРЕЌА кај популацијата, како елемент за проценка и рангирање на успешноста на државата. Нешто за што мнооогу одамна сме зборувале на некои места.
Пример е доаѓањето на некои бели преродбеници во село во Африка , каде луѓето самодоволни и среќни живеат со векови, ако не милениуми.. Дојденците им кажуваат дека тоа е јадење трици и дека тие треба да го гледаат животот, светот и векот на друг начин и да јадат леб. Сега таму владее сида и страва и ужас.
Југославија беше земја во која минимум 80% од населението живееше со чувство на...да го употребам можеби и недоволно описниот збор СРЕЌА , 20% незадоволници имаш секогаш, дури и во Рајот...од кај инаку паднати ангели??? :)
Сега но не само во Македонија, имаме обратна ситуација... 80% од народот се чувствува несреќно, изгубено,оттуѓено. Кој свет е подобар од аспект на твојата наука за чувствувањето на луѓето. Тој кој го уништија или овој кој го направија????

Лично не можам да се споредам со животот во Југославија, не го живеев. Но можам да кажам дека во овој свет сум посреќна зошто помалку сум осудувана од општеството каква сум јас (види ја, вегетеријанец, види ја, не мисли на мажачка, види ја, поддржува хомосексуалци, види ја, не верува во црква, види ја, поддржува право на абортус........)... Во тоа општество, и тој свет, овие осудувања биле значајно поголеми. Можеби грешам, но тоа е моето субјективно мислење.
 
Невозможно е да се споредуваат две рзлични времиња, две различни идеологии, два различни менталитета, генерации растено во различно време на техника и технологија итн...

Неблагодарна е таквата споредба. Не можете да кажете дали е РОналдо или МЕси подобар од Марадона или пак Пеле.

Роден сум во Југославија, бев Југословен, потоа станав Македонец. Првите 15-16 години од мојот живот ги поминав во Југославија. ГО паметам детството.
Беше прекрасно многу пријатели (и до ден денес), многу искрена дружба, многу љубов меѓусебна. Патувавме без страв со воз до ЈАдранско приморје и назад, сме спиеле по клупи, покрај плажа без никаков страв дека нешто ќе се случи. Немаше стресни ситуации.

Но ова е едната страна на медалот.

Паметам дека многу работи беа поим да ги имаш, требаше да се плашиш дали кодошите ќе те искодошат у општина и ќе бидеш на тапет, немаше стандард, немаше пари - имаше идеали. Моите родители еднаш во тие 15 години успеаја да ми купат фудбалска топка, ниту еднаш баскет, а камоли тениски рекет.

Сега моето 5 годишно дете дома има 10 ина фудбали и уште толку баскети , има 3 тениски рекета. Има многу технолошки работи на дофат.

Се сменија времињата да колку толку можеш со помош на својот интелект и ксмет да заработуваш горе долу солидно за издржување на семејството. Да не мораш да бараш ПРИЈАТЕЛИ за да се вработиш. А пријатели беа тие со црвената книшка веројатно.

ИМа многу работи ЗА и ПРОТИВ тој режим и таа Југославија.

Но сега од овој аспект тврдам дека конфедерација на бившите ЈУ републики,пред се економско обединување и те како ќе допринесе за квалитет на животот.

Новите генерации кои ги читам тука јасно покажуваат дека е исчезнат полтронскиот синдром на Македончето и дека знаат што сакаат и што можат да очекуваат во животот. Знаат и да се бунат за своите права (случајот МАртин). Секоја чест за нив. Јас лично се идентиофикувам со овие 10ина години помали од мене Македонци, и мислам дека треба многу од постарите да се угледаат на новата генерација.

КОга јас во времето на референдумот за независност на тинејџерска возраст имав такви "бунтовнички" идеи дека нашата земја треба да се оддели во тој момент, многумина велеа најубаво да си ќутиме!!!

Воопшто не ги почитував, а ниту сега ги почитувам таквите луѓе кои не знаат што сакат со себе и за себе и својата фамилија. Нека тоа што го сакаат е и лошо ама биди истраен во својата глупост до крај.

Нема потреба од споредна на две времиња, се е индивидуална работа.

Повторно ќе го цитирам Френклин Делано РУзвелт: Тешко на оној народ што се врти кон својата историја, а не кон својата иднина.

Јас го препознавам мојот МАкедонски народ во оваа реченица, ЗА ЖАЛ.
Но ЗА СРЕЌА тоа полека исчезнува.

На крај би кажал време е да ја заборавиме СФРЈ, сега сме МАКЕДОНИЈА.
Беше што беше во СФРЈ, сега сме сами и мораме да се избориме за свое место под Сонцето.
 
сум среќна што не сум била југословенска жена.
.
остави го за момент макар во една тема муабетот за жената, нејзините права и готвењето...батали го тоа, темата е дал се живеело подобро тогаш или сега, а не за права на жената или мажот.

Јас реков, нема да коментирам од економски аспект, не сум компетентна, јас сум психолог и можам да зборувам за среќата и личното задоволство на луѓето. Југославија била општество ,,тато носи-мама меси,, и да, тоа не е среќно општество. Без оглед дали тебе тоа ти се допаѓа или не, без оглед дали имало или немало итн.
Пак имаш погрешна претстава за минатиот систем. Сега е тато носи меси и што знам што...воглавно ако не те бутнат со врски, книшки, нема ни да се вработиш. Прашај ги 34% невработени. Тој период после средно можеше да се вработиш било каде, да станеш свој човек и за кратко време да купиш куќа или стан. Многу мои врсници го сторија токму тоа.
И според психолозите еден несигурен живот го прави човекот посреќен и позадоволен одошто сигурен и долгорочно безбеден? Што велат психолозите, кога е човек среќен?
--- надополнето: Sep 15, 2011 11:17 AM ---
Нема потреба од споредна на две времиња, се е индивидуална работа.
Ептен е индивидуална, различна позиција, различен статус и богатство...Но мнозинството, грото население денеска е и според податоците и според она што ќе го сретнеш во Агенција, при оглас за вработување или веќе вработени во фирмите...благо кажано се за нигде. А што и да очекуваме од мали плати, скапи кредити, високи цени, голема невработеност и немање инвестиции во гранки кои ќе апсорбираат поголем % раб. сила (освен у администрација) или кои ќе донесат нови инвестиции. Ти ќе му купиш од плата топка на дете, но дали моеш да му купиш стан од вообичаена плата? Мислам дека не. Повеќето куќи и бараки кај нас се токму од тој тип -во 1 куќа по 2-3 семејства.
Кај е тука подоброто?
 
остави го за момент макар во една тема муабетот за жената, нејзините права и готвењето...батали го тоа, темата е дал се живеело подобро тогаш или сега, а не за права на жената или мажот.

Пак имаш погрешна претстава за минатиот систем. Сега е тато носи меси и што знам што...воглавно ако не те бутнат со врски, книшки, нема ни да се вработиш. Прашај ги 34% невработени. Тој период после средно можеше да се вработиш било каде, да станеш свој човек и за кратко време да купиш куќа или стан. Многу мои врсници го сторија токму тоа.
И според психолозите еден несигурен живот го прави човекот посреќен и позадоволен одошто сигурен и долгорочно безбеден? Што велат психолозите, кога е човек среќен?

Јас потенцирав што мене ме интересира и кон што целам со моето мислење за СФРЈ. Тоа што ме интересира тоа и го зборувам, и се е ствар на лична перцепција, имало тогаш луѓе кои сметале дека се среќни и живеат во братство единство, имало и такви кои сметале дека не треба сите да имаат се (кој колку заслужил) затоа и не мислат сите како тебе за тој систем, настрана од тоа што сме разлика во генерација, земи ја за пример само твојата генерација.

А психолозите сметаат дека среќата е индивидуална работа, тоа што еден човек го прави среќен не го прави и друг. На еден хомосексуалец баш не му одговара да има се, а да нема слобода да биде хомосексуалец. На еден човек со капиталистички идеи, не може да му биде среќен животот во социјалистички систем, зошто сака тоа што ќе го заработи да го користи за личен комодитет, а не за да храни социјални маси.
Според тоа, не може да се генерализира среќата на луѓето. И да прават денес анкета да ја проценуваат нашата среќа, нема да се добие резултат дека ,,вашето,, време било посреќно - зошто мојата генерација повеќе го сака ,,ова наше,, време.

И да, посебно жените, повеќе го сакаат ова време, зошто се повеќе се имплементирани западните (напредните) модели на однесување, кои се далеку полиберални од традиционалните македонски (општо балкански) модели.
И сите други групи кои се подложни на дискриминација (која била прилично голема) ќе се сложат со мене.
 
Aj да чујам од подржувачите на СФРЈ така нарчени Југоносталгичари. Дали во времето на СФРЈ дали можело слободно да се тргува на ФОРЕКС, КОМЕКС, Берза злато, сребро. СФРЈ берза? Не сум чул за тоа. Денес живеам сосема среќно од овие работи. Пари се прават и за време на лоши периоди а особено за време на крашови и меури.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom