Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
Во 1945 година Македонија како и цела СФРЈ излезе од светска војна осакатена опустошена. Македонија беше на феудално ниво, со примитивно земјоделство без патна мрежа без струја без индустрија. Постоеа региони каде владееше маларија, здравството и школството беше на многу ниско ниво, а надвор од поголеми градови немаше ни пристојни услови за хигиена. Во СФРЈ Македонија не само што доби признание како нација, народ, јазик, историја, се тргна и во изградба на земјата, патишта, мостови, електрификација, амбуланти и болници, школи факултети универзитети, афтокефална црква, се искоренија болести се направија канали за наводнување, се осовремени земјоделството се подигнаа фабрики се донесе радио па телевизија..... Македонија споредена со 1945 и она 1985 беа неописливи разлики. Врработеност, редовни примања, школство здравство социјала индустриски развиток ниска стапка на криминал.... тоа беа карактеристиките на тој систем. Во 90 сетите системот го сменавме за друг, за да си направиме како ни вветуваа подобро општество, побогато, понапредно, посигурно... Но не се случи. Сите ама баш сите придобивки кои народот го имаше во тој систем, - во овој исчезнаа. Се зголеми невработеноста, здравстрвото е со години на раб на колапс, не е повеќе бесплатно, школството е понеквалитетно и поскапо, криминалот во пораст, стандардот и куповната моќ на народот драстично намалена, фабриките затворени а тие што се успешни - во раце на странски компании кои ја извлекуваат заработката, Стратешките капацитети - не се веќе наши, телефонија, рафинерија, струја, рудници. Грчки бизнисменчиња не третираат како работници од малезија каде се работи за минимални плати и прекувремено и неосигурано и во лоши услови. Фирми кои во СФРЈ хранеа иљадници семејства - пропаднаа во новиот систем, заборченоста е многукратно зголемена како на државата надвор, така и на државата внатре а и на граѓаните секој од надвор ни диктира што смееме а што не смееме да правиме, во влада и парламент ни се припадници на терористички неприателски единици политичката верска и национална омраза се поголема а единствена надеж за младите е иселеничка виза. Дипломирани економисти, правници и инженери копаат за 400 денари дневница, грст луѓе се збогатија до незамисливо ниво додека на обичниот народ животот му се сведува да се прехрани во месецот и одлучи кои сметки ќе ги плати овој месец а кој следниот. Јас го живеев и едниот и другиот систем, и преминот од еден во друг, се уште бевме во СФРЈ а се слушаа прикаски како ќе ни биди неописливо подобро во демократија и капитализам, како нема никој да ни го зема виното бес пари, како европа нема видено пиперка и домат како македонскиот и ќе сме ги продавале по астрономски цени, литро наша ракија -30 марки ќе била пошто таква немало во цел свет, шлепери и вагони земјоделие ќе оделе на кај европа а ќе сме возеле сите нови коли, и по две во фамилијата, праските и јаболката од ресен ние ќе сме ги продавале за тешки пари а не како тогаш словенците да ни ги земаат за фруктал, емиграцијата имала собрано милијарда долари и се чекало да се прогласи независност и да ни ги дадат, македонски бизнисмени ќе изнаотворат фабрики и погони во татковината а рудниците и невидените природни богатства конечно ќе си ги искористиме а Европа ќе сфати конечно каква неправда ни е направена и ќе ни го вратеа Солун и Пирин...... И денес 20 години од тој период ми се смешни исто како и тогаш наивните прикаски сништа и со жалење ги гледам тогаш вработените, со пенсико социјално здравствено, 13 ста плата, К15, поволни кредити и можност за стан од претпријатието и летувања на езеро и море... кои сега кој држи тезга на пазар, кој живее од социјално, кој отворил прватно фирмиче и работи дупло повеќе осигуран на минимум со несигурна иднина и без сини картончиња оти не уплатил за последните месеци здравствено кој работи на црно.......


