realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
100 (СТО) дена политичка голгота во Македонија !
Сто дена Влада и опозиција...и сто дена таканаречена политика во Македонија
- Сто штетни закони донесени на партизански начин.
- Сто артикли и услуги со зголемени цени во последните сто дена.
- Сто шарени лаги неделно, од типот на "конечно одиме кон подобро".
- Триесет по сто прелажани припадници на безбедносните сили, во врска со законот за бранителите.
- Триста по сто прелажани граѓани кои го дадоа потписот во знак на нивна подршка.
- Четириесет и пет по сто грубо изманипулирани стечајци, кои трошката надеж во времето што ги гази, ја гледаа во петте илјади денари кои пред 100 дена им ги вети лично Никола Груевски.
- Сто нови вработувања неделно на истакнати партиски војници во јавната администрација без соодветно образование.
- Стотина нови дипломци со просек над 9,5, иднината не ја гледаат во Македонија.
- Сто нови Бугарски пасоши месечно....во секој град во Македонија.
- Сто испукани куршуми накај нашиот јужен сосед во поглед на надворешната политика. И се ќе беше во ред....доколку стоте куршуми беа вистински (боеви), а не ќорци.............и по некој гумен.
- Со секои сто нови дена, се враќаме наназад за двеста во поглед на евроитеграциите.
- Стотина милиони евра потрошени на безцелни саморекламирања.
- Сто минути дневна доза на перење мозок....за да стоте лаги станат вистина.
- Сто разочарани граѓани дневно од двете најголеми Македонски партии.
- Сто дена со дезориентирана, и уште 73 по 100 пред тоа...со никаква опозиција. Лично сметам дека ќе и треба најмалку уште една 73-ка по 100, за да ова иста гарнитура која мисли дека е опозиција, себе се нарече коректив на власта и опозиција каква што заслужува Македонија.
- Сто дена од срамните избори кои државата ја вратија плус уште 11 по 100 дена во рикверц, т.е.во 2006-та, и уште сто и педесеттина дена простор за да главните чинители во тој срамен акт (Албанските партии), размислат добро.?!
Дали тие се заложници на Македонците со проблемот за името, во одот кон НАТО и ЕУ....или пак Македонците се заложници на нивните манири и мерак за "че те пукам" на избори..,во ист тој од, наречен подобра иднина за сите кои живејат во Македонија.
Уште сто години со вакви дрва од политичари кои себе се нарекуваат политичка елита, Македонија ќе оди наназад, или во најдобра варијанта......ќе стои во место.
Се додека еден ден не седнат, размислат, ја чукнат од зид тоа полупразната тиква, и се запрашаат. За чиви интереси работат они ?
За партиски ? За вмровски, сдсмовски....Бранкови...Груини?
И одговорат на сто пати годишно во изминатите седумнаесет, поставено прашање:
Во кој правец ни ја движат Македонија?