Би поставил тука уште неколку прашања.
Дали потегот на Бранко за враќање на опозицијата во парламентот е правилен или не ?
Дали власта сака да има опозиција која ќе ја контролира за сите постапки и ќе биде нејзин коректор ?
Дали власта сака коректор?
Дали потезите на власта во врска со решавањето на проблемот со името се правилни или не?
Дали Македонија има алтернатива на ЕУ ?
Што треба да направи или промени опозицијата, за да биде понструктивна?
Што треба да промени власта, за да не се добива впечаток дека сака популистички и апсолутистички да владее.
Или пократко :
Дали Македонија се движи во вистинската насока ?
-Во секоја демократска држава, постои неопходност од присуство на опозиција. Па, ако се апстрахираме од суштината на ситуацијата, и го гледаме само декларативниот став, тогаш да, било чиј потег кој придонесува да се поврати опозицијата е правилен.
НО...Методот преку кој се издејствува тоа враќање, односно средствата за извојување на таа цел се, апсолутно неправилни и исклучително сомнителни. Следствено, ја прават и самата цел таква.
Уценувањето со законите, а пред се чинот на аболиција, кој што, многу очигледно не е воден од државни интерси, како што претпоставува Уставот, туку, од приватни (што е против уставно) го прави потегот на Бранко неправилен, и пострашно, не законски.
Едно е компромис, друго е уцена и валкани игри. Во случајов, без сомнеж се работи за второто.
-Конечниот и вистински одговорот на следните две прашања, може да го даде само власта.
Затоа што јас не сум власт, можам само да шпекулирам и да дадам одговор од аспект на граѓанин и надворешен набљудувач.
А, тој одговор би бил дека власта, а и сите граѓани, НЕ сакаат слаба, неконструктивна и безмалку фиктивна опозиција, туку опозиција составена од поединци кои би работеле за интерес на Македонија и објективно и одржано би ги корегирале евентуалните погрешки на власта.
Засега, опозицијата која ја имаме е светлосни години далеку од конструктивност и објективност. Единствено за што е способна се опструкции, клеветења и тривијалности. За жал.
-Потезите на власта околу името досега, се дефинитивно правилни. Истите демонстрираат вистински интерес и заштитничка улога кон Македонската кауза. А, тоа е императивот.
-Алтернатива во обликот на подршка од Русија, каква што ужива Србија на пример, немаме. Односно, немаме сила, која би била субститут на евро-атлантскиот блок.
Единствено може да се надеваме на времена Американска подршка, која колку-толку би компензирала.
Земајќи го тоа во предвид, логично се наметнува потребата од внатрешно, Македонско зајакнување на сите сегменти, без особена надворешна помош.
Затоа што, силом прилике, за ЕУ ќе изнајдеме алтернатива. Но алтернативна татковина и идентитет, не можеме да имаме.
-Опозицијата, пред се, треба да излезе од својата аутистичност и реално да се соочи со гласачите и граѓаните, односно со нивните проблеми, потреби итн. А, не да се занимава исклучуво со оние внатре партиските.
За да го направи тоа пак, неопходно и е кадровско освежување. Поточно, коренита промена.
Нови лица, без багажот на криминал, ароганција, некомпетентност.
Довербата, очигледно е загубаена. Со старите играчи дефинитивно нема да ја повратат.
-Власта не владее апсолутистички. Власта едноставно има доверба од народот, како резултат на чекорите кои ги превзема. Народот доброволно и подаде рака. Тоа не е апсолутизам. Ниту пак е власта крива за слабата опозиција која ја има.
А, за популизмот. Потези корисни за народот, за македонскиот идентитет, за социјалата, за соживотот...не се популистички потези. Едноставно, се правилни. Траги-комични се обидите истите да се деградираат, поистоветувајќи ги со популизам.
И конечно...Македонија, во глобала, се движи во правилна насока.
Особено кога се зема во предвид грижата и унапредувањето на Македонската кауза, како и гржата за бројни социјални прашања.
Уште кога би биле сведоци на силна, конструктивна и способна опозиција, тогаш би било навистина се како што треба.