Во кој правец се движи Македонија ?

Дали Македонија се движи во вистинската насока ?

  • Да

    Гласови: 64 37,0%
  • Не

    Гласови: 70 40,5%
  • Не сум сигурен

    Гласови: 28 16,2%
  • Не знам

    Гласови: 11 6,4%

  • Вкупно гласачи
    173

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Во кој правец се движи Македонија.

Во последно време со филмска брзина, се случуваат работи и настани кои не многу помагаат за иднината на државава, а се водени од теснопартиските интереси на двете ривалски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, а за таа сметка Македонија полека но сигурно влегува во политичка криза.
Кој е виновен поради настанатава ситуација ?
Дали ВМРО или СДСМ.
Кој треба да промени нешто?
Јас мислам и обете.
Зошто ?
Па вака.

Завршија предвремените парламентарни избори, кои беа плод на погрешната проценка на староновиот Премиер, во врска со коалицирањето со албанските партии.
ВМРО ДПМНЕ со коалицијата ја доби подршката на народот олицетворена во 63 пратеника или околу 480 000 гласови, за разлика од СДСМ и коалицијата, која доби подршка од околу 230 000 гласови, или 27 пратеника.

И би Влада, составена од ДПМНЕ и демек непријателите нивни, на кои до вчера тепаа политички поени , т.е. ДУИ.
Но се за доброто на Македонија...нели? Некои тоа го разбраа пред шест години, некои го разбираат денес, а некои нема ни да разберат. И се е тоа во ред. Замислете само до каде би се развил денешниот свет, доколку не би постоела еволувијата.

И таман помисливме дека заврши цела она рашомонијада и глупирање ала Зимбабве на изборите, и ќе се формира новата Влада која ќе биде посветена на реформите и Евроаспирациите, нормално се тоа што го вети новиот Премиер...владата уште не формирана, се посвети на докрајчување на опозицијата и бришење на истата од политичката сцена на Македонија, со однапред подготвениот план, кој вклучува деградација и елиминација од јавниот живот, на секој кој се огрешил со тоа што се дрзнал јавно да критикува некои постапки на Владата, па по цена и да не е СДСМ.

Никола ги побркал лончињата. Кога народот рече дека опозицијата т.е. СДСМ треба да се реформира, он се фати веднаш за работа, па наместо сами они да се реформираат, тој се пушти во реформаторска акција и почна да ги дисциплинира, патем нудејќи му на народот, за да не биде се така црно, нова социјалдемократска опција, олицетворена во школското другарче негово Лазе, и неговата СДУ.

И би така некое време, се додека не дојде денот Д, за задавање на завршниот удар на кочничарите и предавниците.

Случај Заев.
Доколку некој однадвор ја следи ситуацијава, таа од прилика би изгледала вака.
Заев се сомничи дека проневерил осум милиони евра и ја злоупотребил службената положба во случајот “Глобал”. Против него е
поднесена кривична пријава. Тој е притворен и ќе биде изведен пред лицето на правдата. И толку.
Чекај....не е толку.
Кога добро ќе се замисли човек...и не е се така како што изгледа.
Дали потпретседателот на СДСМ и градоначалник на еден од најубавите и најразвиените градови во Македонија е толку наивен и лаком, за да направи такво дело, знаејќи дека е под опсервација на будното око на чичко Сашо, кој е и најголемиот поборник за бришење на СДСМ од политичката карта, а кој конците ги влече од помошната сцена.
Можеби да....а можеби не.
Дали е Груевски толку наивен, за да без докази уапси еден од најнапредните и најперспективните политичари во државава, знаејќи за сите паднати случаи пред судот, за кои вината не се докажа, и знаејќи дека е под опсервација на будното око на народот, кој сака да дознае дали борбата против криминалот и корупцијата е навистина безпрекорна, или тука и таму, заслужува и по некој укор.
Можеби да....можеби и не.
Тука веќе моето милсење оди во линија со милсењето на АБЦ.
А тое е дека, Груевски некој го храни со лоши информации и го тера да влече погрешни потези.
Да не спомнувам дека Заев свесно се откажа од пратеничкиот имунитет.
Да не спомнувам дека уште еден бивш претседател на СДСМ и Премиер, е политички елиминиран, на сличен начин.

Но случајот Заев, не ја доби посакуваната завршница ниту за едните, ниту за другите или половично за едните и половично за другите.
А зошто?
Затоа што и обете партии ги замешаа прстите во судството, и вршеа невидени притисоци.
Зато што едните одеа по ивицата на демократијата и протестиртаа пред судот, што е демократско право, но што и може да се разбере како партиски притисок врз судството, а ја преминаа границата кога го напуштија парламентот и излегоа од ЗЕЛС, заради пуштањето на Заев да се брани од слобода.
А другите во желба за што поголемо оцрнување, ги активираа сите демократски и недемократски потенцијали, и покрај тоа што градоначалникот ги исполнуваше сите услови за бранење од слобода, извршија невиден атак над судството, приморувајќи ги судиите да носат политички одлуки. Границата ја преминаа Јавниот обвинител Шврговски, кога јавно (демек оти е јавен) кажа дека причината за непуштањето на Заев, е за да не изгради уште еден трговски центар.
И се ова одприлика вака ќе продолжеше, доколку Претседателот на државата не го направи она што го направи.
Едните ќе излезеа од сите институции и ќе зачекореа по патот на уличнта демократија, а другите во еуфорија и радост од тоа што нема веќе кој да им парира, ќе носеа неуставни, брзоплети и недоречени закони, и ќе ја продолжеа завршната фаза од уништувањето на опозицијата.

Кога сме веќе кај законите.
Се прашувам, чуму позицијата има потреба да ги носи законите на партизански т.е. Тихи и Прле начин?
Замисли ситуација кај што Претседателот на Собрание, во 5 за 12 им пушта пораки на пратениците, скришум и неприметно да дојдат во собранието, по можност да се камуфлираат во обични граѓани за да никој не ги примети.
Идат они...седнуваат во клупите кај што секој закон треба детално да го разработат и ја проверат неговата функционалност, а притоа да го надоградат со амандмани.
Влегува почитуваниот Претседател, кој пред секоја брза седмица оди на специјален третман на грлото за брзо говорење, седнува на убавата фотеља, и почнува со светлосна брзина да чита закони.

Пратениците збунени.
Јадните и незнаат за кој закон се работи, но по наредба на шефот кој им вели дека брзината и времето е главен фактор, почнуваат да притискаат на копчињата, небаре Трендо им поставил прашање да ги подредат градовите по големина.
После макотрпното притискање на копчињата, одат дома на заслужен одмор и весели што ја приближиле државата до ЕУ со законите кои ги гласале, а да ги праша некој, од стотината закони кои ги гласале да набројат пет, сигурно три ќе згрешат.
Си легнуваат среќни, но под полна борбена опрема (патики, тренерки, ранци), во исчекување да им се јави Трајко, и да тргнат кон нов поход, скришно носење на важни закони.

Ситуацијава не е иронија.
Моментот и термините се толку добро избрани, за да се доловат вистинските случувања со кои се соочува парламентот, нормално гледано од мој агол.

Но дали, и зошто е потребно тоа.
Зошто на пример Премиерот, не даде една жртва, а тоа би било временски период од 5 дена, за да ги врати ДПА во собранието и законот за употреба на јазиците да се донесе во легална процедура, неризикувајќи притоа дека истиот закон во иднина ќе биде негиран, опструиран и камен на разор меѓу ДУИ и ДПА и меѓу ДПА и ДПМНЕ. Лоша проценка...или намерно лоша проценка...кој би знаел.
Зошто мнозинството брзаше да донесе неколку многу битни закони за иднината на државата, без присуство на опозицијата ?
Пак лоша проценка ? Или некој се плашеше од отворена полемика за истите закони. А зошто да се плаши?

Законот за јазици уште пред многу време е на масата на Претседателот на собранието.
И секогаш кога ќе дојдеше моментот за негово донесување, ДПМНЕ ги активираше патриотските потенцијали, и строго беше против донесување на истиот. СДСМ беа предавниците кои сакаат државата да ја направат двојазична. СДСМ беа предавници и кога на албанците сакаа да им дадат високо образование на мајчиниот јазик. Повозрасните многу добро ги паметат Филип и Ѓорчев и
шаторите пред собранието. Сега истиот Ѓорчев највисоко ја дига раката за гласање на овие закони.
По сето ова, идам во недоумица и се прашувам кој всушност е кочничар на реформи.
Кој беше оној што ги опструираше законите кои требаше да се донесат пред пет или десет години.
На кого дури денес му текна дека овие закони ќе придонесат за стабилноста на државата.
Или во прашање е пак гореспоменатата еволуција. Па до кога ќе еволуираме, на сметка на државата, само за да се заработи некој ситен теснопартиски и популистички поен.
Ќе повторам една добропозната мудрост.
Човек учи од грешките свои, но паматен човек, од туѓите грешки учи.
До кога ние ќе учиме од нашите грешки ?

Би поставил тука уште неколку прашања.
Дали потегот на Бранко за враќање на опозицијата во парламентот е правилен или не ?
Дали власта сака да има опозиција која ќе ја контролира за сите постапки и ќе биде нејзин коректор ?
Дали власта сака коректор?
Дали потезите на власта во врска со решавањето на проблемот со името се правилни или не?
Дали Македонија има алтернатива на ЕУ ?
Што треба да направи или промени опозицијата, за да биде понструктивна?
Што треба да промени власта, за да не се добива впечаток дека сака популистички и апсолутистички да владее.

Или пократко :
Дали Македонија се движи во вистинската насока ?
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
nekade se dvizi, ama vo rikverc, veke 18 godini
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Зарем за ова треба да имаме дилема?

Мојот одговор на анкетата е афирмативен-ДА Македонија се движи во правилна насока.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Зарем за ова треба да имаме дилема?

Мојот одговор на анкетата е афирмативен-ДА Македонија се движи во правилна насока.
О @city.
Па ти многу си се изнамачил од обемниот одговор.
Земи пауза малку :helou:одмори, не се оптеретувај толку.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174

najdobar prikaz za celava situacija dava del od eden govor na cercil, koj kogo ke prepoznae vasa rabota )))))

``I have nothing to offer but blood, toil, tears and sweat.``

``We have before us many, many long months of struggle and of suffering. You ask, what is our policy? I can say: It is to wage war,..... with all our might and with all the strength that God can give us; to wage war against a monstrous tyranny, never surpassed in the dark, lamentable catalogue of human crime. That is our policy. You ask, what is our aim? I can answer in one word: It is victory, victory at all costs, victory in spite of all terror, victory, however long and hard the road may be; for without victory, there is no survival``
da mislam deka makedonija go izbra praviot pat, bez razlika kolku precki ima na istiot mora da go sledi..preckite ima da gi nema ))) so tek na vreme
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Најсигурен правец на движење е обратен од правецот по кој СДСМ ја водеше државата.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Најсигурен правец на движење е обратен од правецот по кој СДСМ ја водеше државата.
Potrudi se malku bre slavjanski, da ni go dolovis najsigurniot pravec.
Ete mozebi jas ne go gledam, a tolku mnogu sakam da go vidam toj siguren pravec.
Pomaci se malku, procitaj pogore sto sum napisal...kazi mi deka ne sum vo pravo, demantiraj me...ne djabe utepav saat vreme na temava.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не сум љубител на долги постови ќе ти поставам за мене неколку битни.

1. Одбрана на Македонскиот идентитет, обратно од приемот на БЈРМ во УН со потпис на Бранко и промена на знаме и Устав.
2. Отварање на македонското прашање во Грција.
3. Раст на БДП над 5%.
4. Пораст на плати и пензии.
5. Борба против организиран криминал и корупција без разлика на партиска припадност.

До денеска не ми е јасно велиме Македонија имаше најкриминална приватизација а за тоа ниту еден не одговара.
Еве сега се фати покрупен криминал од 7 милиони евра и се амнестираше без да почне процесот. Заштитени ли се комуњарите во РМакедонија?

Точно тоа е процесот обратен од тој на СДСМ.
1. Шитнаа име и знаме за ништо.
2. Бетонирано македонско прашање од 1945г.
3. Економска политика никаква
4. Плати и пензии замрзнати од 1980 година.
5. Немаме затворен член на СДСМ за криминал и корупција.
Како марсовци да ни ја направиле приватизацијата.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Зарем за ова треба да имаме дилема?

Мојот одговор на анкетата е афирмативен-ДА Македонија се движи во правилна насока.
Definiraj..: PRAVILNA NASOKA..

najdobar prikaz za celava situacija dava del od eden govor na cercil, koj kogo ke prepoznae vasa rabota )))))

``I have nothing to offer but blood, toil, tears and sweat.``

``We have before us many, many long months of struggle and of suffering. You ask, what is our policy? I can say: It is to wage war,..... with all our might and with all the strength that God can give us; to wage war against a monstrous tyranny, never surpassed in the dark, lamentable catalogue of human crime. That is our policy. You ask, what is our aim? I can answer in one word: It is victory, victory at all costs, victory in spite of all terror, victory, however long and hard the road may be; for without victory, there is no survival``
da mislam deka makedonija go izbra praviot pat, bez razlika kolku precki ima na istiot mora da go sledi..preckite ima da gi nema ))) so tek na vreme
Zaebi Cercil , krv, gnoj, pot i ostanati sekreti...,prvo ima i poprijatni , ako ne si znael, a baska dosta bese od niv so komunjarite ...,ako neznaete nisto podobro...PRASAJTE ne e sramno da neznaes , sramno e da ne PRASAS I SOZNAES....
Не сум љубител на долги постови ќе ти поставам за мене неколку битни.

1. Одбрана на Македонскиот идентитет, обратно од приемот на БЈРМ во УН со потпис на Бранко и промена на знаме и Устав.
2. Отварање на македонското прашање во Грција.
3. Раст на БДП над 5%.
4. Пораст на плати и пензии.
5. Борба против организиран криминал и корупција без разлика на партиска припадност.

До денеска не ми е јасно велиме Македонија имаше најкриминална приватизација а за тоа ниту еден не одговара.
Еве сега се фати покрупен криминал од 7 милиони евра и се амнестираше без да почне процесот. Заштитени ли се комуњарите во РМакедонија?

Точно тоа е процесот обратен од тој на СДСМ.
1. Шитнаа име и знаме за ништо.
2. Бетонирано македонско прашање од 1945г.
3. Економска политика никаква
4. Плати и пензии замрзнати од 1980 година.
5. Немаме затворен член на СДСМ за криминал и корупција.
Како марсовци да ни ја направиле приватизацијата.
Imase, imase,imase i uste ima...., ama daj nesto ponovo i nesto sto KE GO IMA...SEGA I VEDNAS......... ne za edna godina za 3 ili 5......toa francuzite go vikaat MIRAGE, kaj nas poznato kako : ne umri magare do zelena treva........
...ja gledav preeskaonaa crvenata smeska na TV okolu penziite....daj odrasnete...ne e vreme za zaebancii i evtini trikovi...vo sto ste podobri od Sekernata....mislite deka podobro lazete ...STATISTICKI ????
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Potrudi se malku bre slavjanski, da ni go dolovis najsigurniot pravec.
Eдна од координатите на најсигурниот правец:

Пратениците збунени.
Јадните и незнаат за кој закон се работи, но по наредба на шефот кој им вели дека брзината и времето е главен фактор, почнуваат да притискаат на копчињата, небаре Трендо им поставил прашање да ги подредат градовите по големина.
После макотрпното притискање на копчињата, одат дома на заслужен одмор и весели што ја приближиле државата до ЕУ со законите кои ги гласале, а да ги праша некој, од стотината закони кои ги гласале да набројат пет, сигурно три ќе згрешат.
Ова е отприлика како да ги опишуваш СДСМ кога самозадоволно и бескрајно арогантно го донесуваа законот за територијална одбрана, или кога гласаа за менување на Уставот, знамето, за приватизацијата итн итн итн.

Разбира се, по туѓ грб сто стапа ништо не се, ама по сопствениот - и еден е многу. Така да, традицијата која е градена осумнаесет години е повеќе од сигурен патоказ дека се оди во погрешна насока. Тоа што ДПМНЕ уште поарогантно и побезобразно го применува системот што арогантно и безобразно го поставија нивните претходници и учители, не смее да биде повод за критика на едните или величење на другите. Зашто било да им се восхитуваш на учителите, било на учениците, се легитимираш како камче од монолитниот блок на следбеници со деактивиран мозок за кои индивидуалното мислење е најтежок престап и за кои единствено им е дозволено воодушевено да му кликаат на големиот водач...
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
ОК.

1. 20% зголемени пензии, (не ме терај да скенирам чекови)
2. БДП 5,1%
3. 20% зголемено земјоделско производство
4. Земја со најниски даноци
5. Се намалуваат придонесите за пензија, здравство и вработување. До 2011 вкупно за 13%
Со оваа мерка некаде околу 300 милиони евра остануваат во стопанството.
Малку е?
6. Отворено прашање за Македонците во Беломорска Македонија.
7. Јасен став за непромена на Уставното име на РМ.
 
Член од
21 мај 2007
Мислења
422
Поени од реакции
141
Извини конкрите колку време си немаш дојдено во својата држава?
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Како беше за Законот за територијална промена ?
Како викаа од СДСМ?
Некои прашање не заслужуваат одговор.
Прашањето за територијална одбрана не заслужувало одговор.
Тоа е револтот кај мене, што не прават мутави.
Демократи биле они а овие фашисти.
Клисурите ги наполнија со вмровци и сега они биле демократите они знаеле како.
Е нече мочи ове ночи, толку беше.
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Многу безвезе пост најискрено.

Ова беше поставено пред народот пред нецел месец.. народот одговори со апсолутно мнозинство. Никола играше со отворени карти.. во кампања кажа одиме со победникот на фер избори кај абанскиот електорат, мене тоа најмалку ми се допаѓа но народот си знаеше и повторно го подржа.

Како една од основните причини за предвремени беше токму кочењето на реформското темпо и донесувањето на законите.. стотици закони чекаа поради ноншалантното однесување на СДС.. во кампањата јасно и гласно беше кажано дека ќе се интензивира носењето на законите и реформите.. тоа го бараше меѓународната заедница.. со довербата на изборите тоа го бараше и народот.. ако експертите на СДС-то сакаа да го дадат своето мислење за нив имаа шансаа тие стотиците закони седеа како предлози со месеци таму нели? :)
Јасно и недвосмислено беше кажана нашата позиција за името.
Јасно недвосмислено беше демонстрирана решителноста за справувањето со криминалот и корупцијата.
Може некој да вика колку сака, но ВМРО ќе го направеше Заев херој и дефинитивно премиер за краток период доколку грешеше или не беше 100% уверено дека е крив.. вака Б.Ц го закопа за век и векови.. јас лично сум уверен дека во најмала рака Заев направил груб и арогантен „превид“ = крив е и тој го знае тоа.

Има уште многу за зборење, точно мислењето на АБЦ треба да се почитува и да не се занемарува.. но основниот мотив или основа како сакате е дека Никола играше со отворени карти и пред партијата и пред странците и пред македонската јавност...
Едно е сигурно Македонија не се движи во насока што СДС-то би сакало да ја види РМ дека се движи.. ако ова ти беше поентата пријателе што ја отпочна оваа тема во ред еве погоре е наравоучението.. малиот исклучок што го потврдува правилото (наравоучението н.з :) ) е дека се движи во насока што беше јасно укажана, со дефинирана брзина и цел!.. насока која што ја подржа апсолутното мнозинство на македонските граѓани.
Ако јас се прашувам, ме заболе дали е СДС-то во парламент или не.. едноставно немаат капацитет да бидат коректив на власта.. немаат доволен широк видик ниту пак визија. Тоа што ме боли е што се нема капацитет кај опозицијата да се роди вистински квалитетен коректив на власта.. коректен, ревносен, стабилен.. со видик и визија.
 
:bravo: Јасно и прецизно!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom