neznam zosto no vpecatok e deka ova se pretvori vo prepukuvanje pomegju SDSM-ovcite i VMRO-ovcite , edvaj da se srekava ponekoe nezavisno i vistinski "forumsko"mislenje ,:nenene:
Епа така ќе биде се додека се отвараат немански-нарачани теми како оваа, теми во кои самиот автор на темата ја отвара темата за да каже тоа што има тој да си каже (т.е. тоа што му е наредено да каже) и не сака да слушне што мислат другите.
Види хронолошки кои ги отвара темиве за актуелниве проблеми и кои коментира на истите теми. Види како оди текот на дискусијата и се ќе ти стане јасно.
Мислам дека нема потреба повеќе да се замараме за вакви тенденциозни теми, тоа не не води кон ништо, само за џабе изгубено време.
Се гледа дека некој од опозицијата многу сериозно ја сфатил големината на форумов-што искрено е за пофалба (и судејки нивниот низок степен на интелигенција малку ми е чудно, ама се тешам дека некој од надвор им кажал). Ама и ако толку сакаат реклама овде земи плати еден голен банер овде, барем и форумов да види ќар од рекламата.
Но се лажат што мислат дека на ваков начин и со пропаганда овде ќе успеат да се консолидираат и да си го вратат рејтингот на партијата, по самото тоа ќе увидиш колку се зрели и колку имаат мозок за да размислуваат.
Јас искрено не можам да сфатам како мислат со оваа глупа агресивна кампања овде, со нарачани коментари по весницине, со нарачани теми по форумови да се надевааат дека ќе направат нешто. Место да се фатат сериозно да поработат, да размислат дека им се заканува уште еден пораз на следниве избори што би значело нивно дефинитивно бришење од политичката сцена, они си се замараат со ваков низок политички маркетинг.
И да се рекламираш на интернет и можеби не е толку лошо, ама прави го тоа преку некој што има углед, а не преку 2-3 максимално истрошени (и омразени) фаци на форумов кои самите на себе не си веруваат, а да зборуваме колку е голема веројатноста некој друг да им поверува.
Ама пак ќе речам тоа е знак на еден глуп и непромислен начин на водење на политичка партија. Тоа е се.