Во Гостивар 400 лица возеле без дозвола

  • Креатор на темата Креатор на темата CrookedYoung93
  • Време на започнување Време на започнување

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
На поширокото гостиварско подрачје и натаму голем е бројот на оние лица кои седнуваат зад волан без положен возачки испит, односно без соодветна дозвола, информираат од СВР Тетово.
- Лани беа регистрирани 400 поединци кои управувале без дозвола, а 28 биле возачи-почетници, кои, спротивно на законските прописи, ги управувале возилата без придружник, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
По направените анализи во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар констатирано е дека сообраќајната недисциплина и лани била на релативно високо ниво и покрај многубројните превентивно-контролни активности.
Од СВР Тетово најавуваат дека и годинава со несмалено темпо ќе продолжат за да се постигне поголема безбедност на патиштата и улиците во Гостивар и Гостиварско.
Од околу три илјади поднесоци од минатата година, над 700 лица се одлучиле за впишување негативни бодови наместо да платат за сторените прекршоци. Извор - http://vecer.com.mk/?ItemID=78C18491109E1E46B9F9A4305085E9E6 Шо че кажете за ова,ја мислам дека имаме доста фини полицајци,а и зошто граџаните на Гостивар да плаќаат автошкола кога можат у Гостивар да учат како се вози.
 
Како ли само се осмелиле да им побараат на овие 400... којзнае колку му згрешиле на некого
 
Изненаден сум... Камо да беше само Гостивар, ќе рипав од среќа. Низ цела Македонија има возачи кои имаат возачки дозволи ама возат бетер од оние што немаат. Сообраќајот во Македонија е на толку ниско ниво што мислам дека слободно може да се спореди со она во Авганистан, Ирак и слични земји.
 
Глејте сега на темава како никнуваат "поштени" возачи шо у град возат под 40 и на автопат под 120 и тоа со врзани појаси.
 
Се очекува сунѓерот да се избаци со пост од типот " да, вистина е многу деца возат без возачка дозвола....:) "
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom