ВМРО-ДПМНЕ: Претседател да се бира без цензус

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување
Па сега незнам што е полошо.
Да се повторуват изборите во недоглед се додека не се обезбеди 51% излезеност.
Или ризикот да се избере Претседател со минимум подршка кај граѓаните.

Сепак мислам дека за оној кој решил да оди на избори и да гласа, нема да биде пресуден цензусот туку кандидатот.

Па, кога ќе се земе во предвид што значи терминот Претседател на држава во однос на имиџот на Македонија кон светот создаван преку интеракцијата на Претседателот со законодавните елементи како и способноста која мора да ја има за да допринесе за политичка стабилност во земјата - и правата кои ги поседува за не/потпишувања, аболиции и слично...

...ИТЕ КАКО е БИТНО кој ќе биде претседател на земјава.
 
Шо е битно кој ќе биде..во ситуација кога сите се горе доле исто...неспособни :smir:
 
Како се изразувате изгледа дека на Македонија воопшто не и треба претседател. Тогаш зашто воопшто постои како институција, зошто сите така прават или не тера некоја инерција од минати времиња?

А причината да не се полнеле кутии е смешна, кутии не смее да се полнат во никој случај и од било која причина. Малку несреќна формулација.
 
Силен, што да ти кажам, ја не гледам навистина некој добар предлог за Претседател. Не дека не е битна функцијата, ама досега не сме имале достоен човек на таа позиција.
 
Па, кога ќе се земе во предвид што значи терминот Претседател на држава во однос на имиџот на Македонија кон светот создаван преку интеракцијата на Претседателот со законодавните елементи како и способноста која мора да ја има за да допринесе за политичка стабилност во земјата - и правата кои ги поседува за не/потпишувања, аболиции и слично...

...ИТЕ КАКО е БИТНО кој ќе биде претседател на земјава.

Да, битно е, не да не е битно.
Но неможе никој народот на го истера на клоци за да оди да гласа.
Уствари може, ама тоа е друга приказна :)
Значи моменталната ситуација говори дека излезеноста, особено на претседателските, се граничи на цензусот од 51%.
За да не се дојде во ситуација да се повторуваат изборите повеќе пати, што ќе значи повеќе пари, повеќе инциденти и институционална криза, би требало да се направи нешто.
А тоа што може да се направи е или намалување на цензусот на излезеност, или да се казнува неизлегувањето на избори.
Мислам дека втората мерка е малку радикална, иако фумкционира во неколку држави.
Значи цензусот од 30 или ете да речеме 40%, не мора да значи дека и излезеноста ќе биде толку, туку ќе служи како превентива.
 
Предлогов може да се оправда како добар поради фактот што ќе биде функционален: во секој случај, ќе се спроведе изборот и ќе биде успешен, т.е. претседател ќе се избере, каков-таков.

Оние што ќе гласаат, ќе го изберат претседателот по свој избор. Оние што нема да гласаат, не им е важно кој е, па значи ќе го поддржат кој и да дојде (бидејќи, нели, своето право на избор не го искористиле).

Па добро, изгледа дека почетните кандидати за претседател ќе бидат избирани со не моногу труд. Ама подоцнежните ќе мора и тоа како да се потрудат за да стекнат доверба кај граѓаните.

Значи, предлогов може да испадне ефикасен на долги патеки. Еве, се надевам дека така ќе испадне.
 
Не е толку важно ако некој биде прецедател од ДПМНЕ или СДСМ .
Ако биде ДПМНЕ утре кога ке го фатат Перо ,Јанко ,Станко како краде ке го аболицира и ке каже а Заев и Бранко???????? Ако биде СДС ке кажат тоа е монтиран политички процес од власта да се аболицира.И све ова така до 101 и назад на сметка на народот.
 
Мислам дека втората мерка е малку радикална, иако фумкционира во неколку држави.
Значи цензусот од 30 или ете да речеме 40%, не мора да значи дека и излезеноста ќе биде толку, туку ќе служи како превентива.
Мене ова ми се чини како "не по врат по шија"
 
Мене ова ми се чини како "не по врат по шија"

Па доколку се цели кон тоа да има што поголема излезеност, ќе треба гласањето да се озакони како задолжително, со соодветни казни за неизлезеност.
Не гледам друг начин.
И тогаш процентот би бил сигурно над 80%, па Претседателот би ја имал полната подршка од народот.
 
Штосот беше што нема баш некоја разлика дали ќе биде без цензус или со намален цензус од 30% или 40%.Излезноста секако ќе биде над 40%, досега мислам дека нема избори со излезност под 40%.
 
Цензусот за избор на претседател се укинува за да нема полнење на кутии, само за да се достигне предвидената излезност од 51 процент, уверува премиерот Груевски.
Ok, nastrana opravdanosta i eventualnata pozitivna strana na vakvata postapka, znaci ukinuvanje na cenzusot, kako moze po gavolite i po tri lepse pickematerinite premier na drzava da istreska vakva glupost, i da priznae deka se drznuva da go smeni ustavot bidejki e nemoken da se bori protiv kriminal t.e. protiv polnenje na kutiite?!

A u ku*ac.....
 
Силен, што да ти кажам, ја не гледам навистина некој добар предлог за Претседател. Не дека не е битна функцијата, ама досега не сме имале достоен човек на таа позиција.

Како одат работите нема никогаш ни да имаме. Тие што ги бива не се кандидираат.

Или да се направи да можат независни кандидати со 3-4 000 потписи да се кандидираат или треба тотално да се укине таа функција.

Досега од функцијата претседател имаме само дебел зијан!

Ok, nastrana opravdanosta i eventualnata pozitivna strana na vakvata postapka, znaci ukinuvanje na cenzusot, kako moze po gavolite i po tri lepse pickematerinite premier na drzava da istreska vakva glupost, i da priznae deka se drznuva da go smeni ustavot bidejki e nemoken da se bori protiv kriminal t.e. protiv polnenje na kutiite?!

A u ku*ac.....

Абе ич не си дипломат, не може така :wink:.

Види како јас убаво срочив дека е несреќна формулација а ти с неба па у ребра :wink:.

Сега или човекот си е искрен и си кажува дека не може тоа да го искорени или е нешто друго но и он ќе се научи со тек на време дека некои работи не се кажуваат.

Ама ова е Македонија така да кај нас важат други правила.

Ние едни избори не сме организирале без манипулации и инциденти а тоа е ретко постигнување дури и на европско ниво.

Биди среќен што ќе можеш на децата да им раскажуваш во какви интересни времиња си растел, те избори со пукање, па сменето име и знаме, па блокади, па приватизации, замисли само колку ќе им биде интересно да те слушат а да не ти веруваат :smir:.
 
Македонски претседател или по мое позер до коска.
Што придонеле позерине до сега за нас граѓаните?
Не ме интересира оправданоста спрема другите за нивното постоење, за мене нема аир од нив. Нека одат в'бестрага:drk:
 
Мој Став е претседателот да не се бира во собрание, туку народот да го каже тоа. Нормално дека пратениците се избрани претставници од народот, но кај нас како по обичај што седнат во фотелјите повеќето го забораваат народот (секоја чест за исклучоците) и стануваат пиони за гласање и партиски препукувања. Па така мнозинството кое ќе дојде на власт секогаш ќе може постави претседател на државата од својата партија (го има мнозинството од 61 пратеник и завршена работа).

А за цензусот, па добро е да се укине, но колкава ќе биде излезноста на изборите. Па најдобра опција би било 35% минимално.
 
А што да го замараме народот со циркусите од кампањи кои коштаат и со самите скапи избори...да си прогласиме еден доживотен претседател:kesa:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom