ВМРО-ДПМНЕ: Претседател да се бира без цензус

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување
За воља на вистината, СДСМ беа за намалување на цензусот а не за негово укинување.

За воља на вистината и треба да се намали, а не укине Пр. 40% или зависи колку ќе се договори.
 
За воља на вистината и треба да се намали, а не укине Пр. 40% или зависи колку ќе се договори.

За воља на вистината така е и најправилно.

Лично мислам дека прагот не смее да падне испод 30%.
 
За воља на вистината така е и најправилно.

Лично мислам дека прагот не смее да падне испод 30%.

За воља на вистината, шо би значело цензус 30%? 30% од избирачкото тело да гласа за некој? 30% од излезените да гласаат за него? 30 % од избирачкото тело да излезе на гласање?
 
Konecno nesto pametno.
Od kade toa deka mora da ima 51%.
Ni eden amerikanski pretsedatel nikogas i ne bil izbran so poveke od 45-50% izleznost. pazete izleznost, pa cela drzava ne samo sto stoi zad pretsedatelot nego i toj se odnesuva kako pretsedatel na site i glasaci i neglasaci.
Vo drzava kako nasava ova e pravilen poteg. Ne moze izborot na pretsedatel da zavisi od toa dali za vreme na izborite na Sara imalo tri metra sneg ili ne (ako me razbirate).
Koj saka ke izleze i ke si glasa koj ne nikomu nisto.
A magareto sto ke go izberat tie sto se odvazile da glasaat ima da im sluzi na site i na tie sto glasale protiv nego i na tie sto toj vikend se setale vo Solun ili gledate Premier na A1.
 
За воља на вистината, шо би значело цензус 30%? 30% од избирачкото тело да гласа за некој? 30% од излезените да гласаат за него? 30 % од избирачкото тело да излезе на гласање?

Минимум цензус 30% излезеност.
Значи ако е излезеноста испод овој процент, се оди на повторување на изборите.
За воља на вистината 50% е превисок праг бидејќи за разлика од парламентарните и локалните избори, претседателските се по неатрактивни, така да лесно може да се дојде до институционална криза, и трошење пари за нови избори.

Неоданма имаше ист пример во Србија, каде изборите едвај заминаа на (мислам дека беше) вториот круг.
Реков дека прагот не смее да падне под 30%, што не мора да значи дека треба да биде 30, но потребно е да се намали.
 
За воља на вистината, шо би значело цензус 30%? 30% од избирачкото тело да гласа за некој? 30% од излезените да гласаат за него? 30 % од избирачкото тело да излезе на гласање?

Тоа е кога некоја партија ќе го предложи на пример Кољо Дијаманто за председател,и оние што ќе излезат на заебанција да гласаат навистина да му дадат легитимитет на Кољо,што всушност ќе им влее дополнителен инпулс надежи и на Грци и на Албанци како “нивни човек“.:smir:
 
Неоданма имаше ист пример во Србија, каде изборите едвај заминаа на (мислам дека беше) вториот круг.
Реков дека прагот не смее да падне под 30%, што не мора да значи дека треба да биде 30, но потребно е да се намали.

Знаеш колку пати идеа на избори во Србија...којзнае. Онаа, Наташа Мичиќ мислам беше в.д. претседател па едно година ипол.
 
Тоа е кога некоја партија ќе го предложи на пример Кољо Дијаманто за председател,и оние што ќе излезат на заебанција да гласаат навистина да му дадат легитимитет на Кољо,што всушност ќе им влее дополнителен инпулс надежи и на Грци и на Албанци како “нивни човек“.:smir:

Значи, дали е ова потребно АКО во ИСТИ ден имаме и локални избори, шо по афтоматизам ќе го зајакне цензусот?! И дали вреди да наречеме претседател кој може да биде одбран со гласовите на.... 240 000 луѓе?! (ако добро пресметав)?!

Глупост.

Посебно ако сакаме да стануваме што посамосвесни, да се грижиме за иднината, да учествуваме во неа. Вака, се стимулира гласање на војниците а седење дома на сите на кои им е докурца од николовци, бранковци и фина екипица.
 
Јас сум за избор на Претседател во Собранието, со 2/3 мнозинство, сосе Бадентер :)
Барем ќе има кохабитација во еден дел од мандатот, нема да се трошат буџетски пари за избори, а според Уставот, Претседател и не е некоја „тешка“ функција за да мора да се избира на непосредни избори, ќе го гласа Собранието, така да воопшто нема да забегуваме во теми во стилот „граѓанин“, „лице“ и сл. и ќе има апсолутен легитимитет.
 
Зошто глупост.
Цензусот не би требало да влијае на излезеноста, туку да биде превентива од повторување на изборите.
А излезеноста многу зависи од квалитетот на кандидатите а не од цензусот.

Потполно се сложувам со тебе, но сепак ние сме сеуште кревка демократија за овој потег, знаејќи дека пратениците во Парламентот се само една партиска гласачка машинерија и ништо повеќе од тоа.
 
Зошто глупост.
Цензусот не би требало да влијае на излезеноста, туку да биде превентива од повторување на изборите.
А излезеноста многу зависи од квалитетот на кандидатите а не од цензусот.

За квалитетот на кандидатите де зборуваме! Точно за тоа.
Ова е wild card за Магдинчев да може да игра на Ролан Гарос, спортски кажано.

Претседател на Македонија, со поддршка од 10% од граѓаните.

Не ја гледаш глупоста?
 
bv
Цензусот за избор на претседател се укинува за да нема полнење на кутии, само за да се достигне предвидената излезност од 51 процент, уверува премиерот Груевски.

Со измените на Уставот, кои ќе се најдат пред пратениците на 16 октомври, за претседател ќе биде избран кандидатот со најголем број гласови во вториот круг.

За владината иницијатива, Груевски деновиве добил позитивен став од в.д. претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од владиниот партнер Ахмети, како и од повеќе меѓународни претставници. Позитивен одговор очекува и од Тачи, со кого требало да се сретнат попладнево.

„Битно е државата да има успешни избори, во спротивно ќе се случи, согласно Уставот, претседателот на Собранието да ја преземе улогата на претседател на државата, да се распишат повторно избори со целата неизвесност дали повторно нема да се случи истото“, изјави премиерот Груевски.

„Нема потреба од влегување во такви политички кризи, во трошење нови пари“, рече Груевски.

Владата засега не планира други промени на Уставот.Груевски објави дека неговата ВМРО-ДПМНЕ има уште неколку идеи, но дека времето до изборите е прекратко за тие да се остварат. Процедурата за промена на Уставот трае најмалку три и пол месеци.

За да се заштедат пари од буџетот, власта ќе ги организира локалните и претседателски избори во ист ден. Спикерот Вељановски денеска соопшти дека тие ќе се одржат на 15 или на 22 март, идната година.

извор

Ова е веќе за поздрав.Долго време бев скептик кога беше во прашање лицето Н.Г.ама веќе почнувам да стекнувам доверба во него.Не дека го симпатизирам.Навистина понекогаш знае да истресе некоја глупост или да донесе некој абнормален закон,кој не е во согласност со нашиот македонски менталитет,ама некои игри знае да ги изигра на многу умен и лукав начин.Се надевам дека нема да ја изневери довербата која ја има стекнато.Најмногу ме радува што оваа Македонија веќе си го покажува капацитетот дека може да ја биде како држава.Всушност тоа е сонот што сите Македонци го сонуваме доолго време.Молам за реплика ако сум во грешка.
 
За квалитетот на кандидатите де зборуваме! Точно за тоа.
Ова е wild card за Магдинчев да може да игра на Ролан Гарос, спортски кажано.

Претседател на Македонија, со поддршка од 10% од граѓаните.

Не ја гледаш глупоста?

Па сега незнам што е полошо.
Да се повторуват изборите во недоглед се додека не се обезбеди 51% излезеност.
Или ризикот да се избере Претседател со минимум подршка кај граѓаните.

Сепак мислам дека за оној кој решил да оди на избори и да гласа, нема да биде пресуден цензусот туку кандидатот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom