Прво,не сум донел канта,се работи за одлично(може и перфектно) сочувана Лагуна од 2003 со Expression-ниво на опрема,ама шетав 3 дена низ Бугаријата додека ја најдов.Второ,со сите тракатанци,ќе ми излезе 4900-5000 евра,а ти погледни колку се движат цените кај нас за истиот модел,па ќе видиш дека можам да ја продадам ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ за 6500-7000 евра па и да заработам на неа.Трето,ова го пишувам чисто добронамерно за да си знае некој кој не е бил,што може да го чека и за да му помогнам некому кој не знае какви се процедурите за увоз на половна кола.Четврто,За нервозите по граници и терминали си во право,тоа не се плаќа,сепак тешко да отидам по кола во странство во догледно време се додека не се среди нашата администрација и не се воведе ред и едношалтерски систем како што е еве на пример во Холандија,ги оставаш документите на еден шалтер и после 2 часа си ги земаш.Како за утеха,има бааги земји во Еу кои се слични на нас.Поздрав