Владина измама со новиот закон за царинење возила

  • Креатор на темата Креатор на темата Audiofil
  • Време на започнување Време на започнување
Знаеш ти да пријавиш??

Знаеш телефонот да го уклучиш на рекординг м??

Инаку ме интересира важи ли уште онаа акциза врз основ на кубикажа??(за автомобил над 3500 кубика мислам беше 5000 евра или 7000 евра??)

Расположението е правопропорционално со ПАРИТЕ кои ќе ги дадеш.

Појќе пари повеќе расположение,трудољубивост и.т.н...

brat šo ako go snimam na kogo da mu go pustam da go slusne??? na moive doma, na baba i na dedo haha
toa e makedonijata :D
 
Согласно новиот закон тоа се смета за ДОКАЗ!!

Ете прашај во подфорумот право.
незнам за тоа, до пред година дена не признаваа докази од телефони и камери, освен ако не е камера за надзор
 
не поминуваат коли на хомологација ако им се правени некои поправки на нив со неодобрени резервни делови препорачани од фабриката што ја произведува таа кола. пример ако е сметет еден фар напред и ставен некој си турски или кинески тогаш колата нема да помине на хомологација. ова ми го кажа братучед што работи во станица за технички преглед каде што прават хомологација. во кочани не помина фиат пунто произведено 2000 година затоа што му беше скоро се на шасијата сменето со некои си бош делови
 
Иначе за Германија и Словенија мислам дека до негде и не се исплати да идеш до таму ипак преку 2-3000 км пат е ... Београдската и Загребачката патарина се околу 100 евра двете.. :pos2: плус Словенската вињетка за патарини ти е околу 50 евра за 1 недела, јадењето е прескапо таму, спиењето мање више, горивото исто мање више ко кај нас.. ЦОЛ таблиците да ги извадиш ќе те коштаат околу 150-200 евра, и плус царина овде, регистрација.. патот никој не ти го плаќа што ќе мораш да возиш преку 12 саати.

ВАЖНО.. Ако сте у план да идете накај Словенија, обавезно извадете патничко осигурување, пошто на Словенска граница ќе ве вратат.. [/QUOTE]

Значи да те исправам во се зборам за Словенија бев пред 2 недели и си донесов Honda Civik лично за мене не за продавање
1.Хрватски патарини две 17е,српски патарини три 20е
2.Словенска винета да не начекаш на кола треба да си ептен баксуз,јас мојата кола ја земав со годишна винетка,а за твое инфо неделна чини 15е
3.Најпрост прмер за пијалок:фанер сок од 2л кој кај нас е 130д. во Словенија во маркет е 0.90е негде 55денари по пат се турив од пиење сокови хахааа, јадењето во маркети е дури и поефтино од кај нас пазарот е преголем и голема е конкуренцијата
4.Цол таблици и осигурање за 15 дена ме кошташе 60е
Единствено патот е тапа невидена за возење само право и право окапав.
А давачките кај нас се ужас невиден,на влез во МК средување документи 2000ден,колата што ти стои на терминал секој саат 200ден мене ми стоеше 2 саати,во шпедиција ми ја царинат на најмала можна каталошка вредност,ама под рака си бараат 5000ден инаку за хондава платив 550е царина и данок.Идемо даље,ТИФ документ за технички карактеристики чекаш 10-15 работни дена бидејќи макпетрол не се замара за коли под 2000год па вадев преку ТИФ минхен 4900ден,хомологација 3200ден ја поминав денес,превод на документи од словески на македонски со заверка на нотар 2000ден и во понеделник треба да ја носам на тех.преглед.Е после техничкиот требало документите да стојат во полиција исто 10-15 дена за да ја провереле во интерпол колата и ако се е во ред ти издаваат таблици.Е не се тачни шо на крај ако искочи колата не е ко шо треба недај боже на кој му е гајле за парите дадени и малтретирањето ???
 
.Site ostanati vozila za da pominat homologacija mora zadnite kocnici da im bidat so diskovi a ne so dobosi.
Какво е оваа глупаво правило. Па постојат коли нови и ден денеска што излегуваат со добоши позади. :tapp:
 
Neli se ukina homologacija ili so bese toa??

Да укината е пред царина..... сега треба да се прави после царина..значи со царина веке немаш ништо!:toe:
 
А давачките кај нас се ужас невиден,на влез во МК средување документи 2000ден,колата што ти стои на терминал секој саат 200ден мене ми стоеше 2 саати,во шпедиција ми ја царинат на најмала можна каталошка вредност,ама под рака си бараат 5000ден инаку за хондава платив 550е царина и данок.Идемо даље,ТИФ документ за технички карактеристики чекаш 10-15 работни дена бидејќи макпетрол не се замара за коли под 2000год па вадев преку ТИФ минхен 4900ден,хомологација 3200ден ја поминав денес,превод на документи од словески на македонски со заверка на нотар 2000ден и во понеделник треба да ја носам на тех.преглед.Е после техничкиот требало документите да стојат во полиција исто 10-15 дена за да ја провереле во интерпол колата и ако се е во ред ти издаваат таблици.Е не се тачни шо на крај ако искочи колата не е ко шо треба недај боже на кој му е гајле за парите дадени и малтретирањето ???

И после ќе излези некој политичар на телевизија со изјавата дека имаат воведено регулаторна гиљотина, во оваа наша земја за да се средат некои работи треба изгледа да се воведи гиљотина за политичарите.
 
Ќе ви го раскажам моето патешествие:

1.
На бугарска граница царинарничката вели да "почерпам=почастам" за новата кола,така што ќе ставам 10 евра под нејзината тастатура ама никој да не видел? ЕУ? Не би рекол.И стави татко ми 10 лева,ама зошто да ја подмитувам,нели тоа беше совршената европска унија!
2. Глупостите продолжуваат на нашата граница,поточно на граничниот терминал каде ми зедоа 400 ден. за 1 час и 12 минути што ми "лежела" колата на терминалот? Потоа граничната шпедиторка(бајата тетка во една скапана барака со интериер од 70-те на минатиот век) ми наплаќа 1500 ден. за да ме УПАТЕЛА НА ТЕРМИНАЛОТ ВО ШТИП? Ова е тотално легален арач којшто се зима од нас граѓаните и кој мора подитно да се укине,зарем јас не знам кај е терминалот во Штип? па да е некои 200-300 ден. и така и така,ама 1500?
3. Потоа,пристигаме на штипскиот терминал,ја оставаш колата да "одлежи" за едно 300 ден. од ден,а ќе одлежи 3 дена минимум ако не потеглиш врска како мене и тоа дебела.Одиш кај шпедитор по твоја желба(ги има повеќе,ама се договориле сите да земаат по 3000 ден. за услугата? и исто ти се фаќа кај и да отидеш).Тоа ти е исто како кога газдите на кафичите се договорат сите да го наплаќаат сокчето по 70 ден. а набавна им е 17 ден. и пак народот е заебан. Превише за наш стандард,море мамето нивно хоштаплерско,ама и државата ја кривам, дозволува легално да се граба поштениот народ.
4. Ти ја царинат колата а не одат до неа,мене ме прашуваат кое ниво на опрема била и кое годиште? Па нормално дека ќе има кажам дека е најниско ниво а она уствари највисоко ниво на опрема(тука ги заебав,ама беше ептен топло и не им се идеше до плацот така да конечно и јас нешто да уштедам).После,ти дава шпедиторот некоја ебена уплатница(на мојата пишеше 60.000 ден. царина и ДДВ 18%???-ова е пародија,мора да се воведе ДДВ од 5%,колите не се акцизна стока) и одиш во банка си ги уплаќаш и после чекаш да ти се јави шпедиторот ако излегло бројчето кај нив(доказ дека си ги уплатил парите).Значи после "излегувањето на бројчето" ми се јави шпедитерчето и отидов да си ја земам колата.За малтретажата одење до град со такси на +38 и чекање на ред во банка,па враќање назад и да не зборувам.
5. После сите тие заебанции,следува одење во технички и пак плаќања т.е. "модерен арач" во вид на хомолгација=50 евра+80 евра TUV-документ од Минхен кој ќе го чекаш 3-4 дена да пристигне.У меѓувреме си ги припремаш документите за превод 300 ден. од страна???-се попедерчија и овие преведувачите,ама така е кога имаш мирен и кроток народ,и даваш едно 2000 ден. за преводи.
6. За редовниот сервис од најмалку 150 евра,јадењата и хотели и да не зборувам,ми се смачи веќе од овие трошоци и наплатни рампи насекаде.

Која е ПОЕНТАТА на моето излагање? Па тоа дека земањето половна кола од странство и нејзиното докарување до македонски таблички е вистинска Индијана Џонс-авантура,само што мораш попатно и да се расфрлаш со пари насекаде.Мора да се воведе ред,каде е едношалтерскиот систем,мора да се направи некоја агенција која ќе ги врши сите овие работи(ги предаваш документите на едно место,си плаќаш и после си одиш по табличките!)Утопија? мислам дека ова функционира веќе во некои еу-земји.Поздрав :smir:
 
и се ова за да ушпарате некои ситни пари... ако ако.. идете и терајте пак од старана коли... а кој ке ви ги плати нервите изгубени? кој? а времето? ете ги... си ги заработивте сами парите со тоа што донесовте кантите од другите држави кај нас дома... само не сте ни свесни дека тиа пари (разликата во цената) не сте ги заработиле, зашто веке еднаш сте ги заработиле... ане сте ги ни уштедиле зашто колата со изгубеното време и нерви од скоро 2 месеци на нос ке ви излезе...

абе балканштина... и уште пострашно е што пак иде во прилог на мубетот дека сме македонЧЕ кое трпи се...
 
Прво,не сум донел канта,се работи за одлично(може и перфектно) сочувана Лагуна од 2003 со Expression-ниво на опрема,ама шетав 3 дена низ Бугаријата додека ја најдов.Второ,со сите тракатанци,ќе ми излезе 4900-5000 евра,а ти погледни колку се движат цените кај нас за истиот модел,па ќе видиш дека можам да ја продадам ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ за 6500-7000 евра па и да заработам на неа.Трето,ова го пишувам чисто добронамерно за да си знае некој кој не е бил,што може да го чека и за да му помогнам некому кој не знае какви се процедурите за увоз на половна кола.Четврто,За нервозите по граници и терминали си во право,тоа не се плаќа,сепак тешко да отидам по кола во странство во догледно време се додека не се среди нашата администрација и не се воведе ред и едношалтерски систем како што е еве на пример во Холандија,ги оставаш документите на еден шалтер и после 2 часа си ги земаш.Како за утеха,има бааги земји во Еу кои се слични на нас.Поздрав
 
пријателе... мило ми е што јас и ти сме исто мисленици... крајот на твојот пост (болдираното) е потполно ист со мето мислење... значи исто мислиме и верувај дека со иста цел и јас го напишав мојот пост... да помогнам на сите оние што размислуваат да донесат коли од надвор... па поготово од бугарија... 7 години кола возена по дупките во бугарија не е баш “добра кола“... јас возам во бугариа многу често со моја кола и знам како изгледа сето тоа...

второ... си заќарил 1000 евра? браво... догодина ги немаш ни нив... израчунај ја пазарната економија во мк и вредноста на твоето возило сега и по 2 години ке ме сватиш за што ти зборам.... не е за џабе насловот на темата онаков каков што е сега... во секој случај, ако не ме сваќаш што зборам, можам само да ти кажам дека во целос се сложувам со тебе и истото го кажуваме само на два различни начини...
 
Така ако гледаш не треба да купуваме коли воопшто, затоа што по 10 години може нема ни на отпад да ти ја земат.
Друго, кога веќе ќе дојде до купување половно возило сакаш да кажеш дека илјадарка е малку да заштедиш? Значи по твое најдобро е да одиш на плац кај нас, да му натплатиш возило за кое ќе те убедуваат дека е како ново само за да не се гњавиш на шалтери. Што знам... И друго е кога јас ќе одберам од таму возило, а друго е кога ќе ми донесат овде којзнае што. Мада во ова време се што се донесе е катастрофа (т.е. колку пари толку музика). Убавите возила се секаде поскапи.
 
Сепак јас ќе речам. Возило купено тука е канта во споредба со увезено од Словенија/Германија. Бугарија е друг муабет. Таму е исто како кај нас.

Зошто го викам ова?

Да тргниме од основното...патиштата. Какви се таму, какви се кај нас? На 2-3 години менувам целосно предница на колата. Не за друго, од дупки. Вуфери, јабучици, преку курац. И тоа ставам Опелови (од Вектра) што се нели поквалитетни.

Второ! Може да се спореди куповна моќ на Словенец или Германец? Германецот не се занимава да оди кај Трпе во Железара да смени делови на колата. Си оди во овластен сервис и плаќа дебело. Кога ќе удри рачун дека 500 евра платил за промена на јабучици, масло, свеќици и каиши, а колата реално вреди (таму) 1500 евра си вика „дај да ја шитнам не ми се исплаќа да ја имам, а и земам 3000 евра плата, ќе си дозволам нова“.
Тоа значи дека возилото било целиот свој работен век одржувано во овластен сервис. И да има 500 000км, не се штедело на масло, свеќици, црева, предници итн. Не знаете како е кај нас? „Абе ајде ќе купувам толку скапо, колку да ме вози“. Е тоа „колку да ме вози“ се купуваат ирански масла за подмачување на врати и да возела колата 500000км.

Затоа не сакам возило од тука купено. Поарно увезено отколку некој дебил да ми продава канта. Се знаат кај нас добро зачуваните коли. Првите газди кои си имаат сервисна книшка и редовно забележани сервиси и промена на делови. Ретки се екстремно многу и/или најчесто тоа го прават првите 2 години после то...колата е од А до Б.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom