Вистинско другарство, постои ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lil-Krist**
  • Време на започнување Време на започнување
Времињата денес и времињата порано се далеку различни... порано луѓето биле вистински, во денешно време да ти се слоши на улица луѓето сеири ќе си гледаат, па така и пријателите.... можат да ти бидат пријатели, но не и вистински, ретки се случаите кога човек ќе си најде вистински пријател и ќе го задржи за цел живот :)
 
, во денешно време да ти се слоши на улица луѓето сеири ќе си гледаат, па така и пријателите.... :)

Не заборавај дека прво мобилниот во рака и те снима за на јутуб како умираш :)

Иначе јас имам 4 пријатели...сите останати можам да кажам дека ми се познаници кои не можам да ги сместам ви групата на пријатели :) за жал тоа е мала бројка но доволна(за мене). А овие другиве материјалистиве...многу брзо си ги покажваат рогојте така да не треба мнoгу замарање за нив,дури и на глупава финта можиш да ги фатиш од шо се проѕирни :)
 
Имаш право ќе те снимаат па на јутјуб ќе те стаат, таква е денешницава :)
Иако викаме народнине поговорки важеле на времето, сега не, ама се лажеме.... убаво рекле.. подобро 1 вистински пријател, одколку 1000 лажни ;)
 
Да, се имам разочарано во некои другарки, но оние кои биле секогаш тука уште се. И тоа е обострано. Низ многу имаме поминато и тоа кога успеавме да го поминиме, добро е. Пријателствата не создаваат самите. И не траат сами. Мора да се инвестира во нив ( ова многу економски, по струката, али така е), мора да се одвојува време за пријателите. Тоа ти е исто како во банка. Неможиш да се разбудиш еден ден на 70 години и да очекуваш дека ќе имаш пари и пари на сметката во банката. Ако не си штедел со текот на годините, круши ќе имаш во банката, а дали и тоа. Така и за другарството.

Тоа е и најголем проблем денес. Никој веќе нема време за другарство, оти другарствата одзимаат време. Сите се другари кога треба да се пие, никој кога треба да се плати. Сите се другари за глупости тропање, никој за да каже застанете. Сите се другари за да ги ислушаш, никој не сака да слуша. Затоа нема веќе другарства..
 
Денешното пријателство е хаос, ретко кој има вистински пријател..., се дружат со тебе додека имаат корист, а потоа те оставаат, а не сфаќаат дали оној кој ги сакал и ценел е повреден.
 
Денешново другарство не е другарство. Се дружи со тебе додека фати женска/дечко, и после чао. Друга работа, настрана дечкото и женската, многу дволичност има у друштвава, се зад грб ти работат. Многу поубоо беше порано.
 
Ова !

Секогаш мајка ми ми вика дека сум многу добар и дека тоа на крај ќе ти се врати со лошо, дека не чини секогаш да си добар, дека треба да кажеш НЕ на некои работи. Кога видов дека пред мене го пцуе и озборува, а другиот ден се "најдобри другари". Кога плачеше која му е тешко, а после се замислуваше пред другари и другари. Одтогаш ама за никој и за ништо не ми е гајле. И не, мислам дека нема право пријателство

Sent from my LT22i using Tapatalk 2
 
Само со куче...Такви се денес луѓето тешки подлеци другари се со тебе се дури не начекаат нешто па да те шитнат во буквална смисла...Еве да се земам ја за пример другари од маало што се знам со нив добри 10 години ми свртеа грб за 10 дена дур бев на одмор и тоа не по моја вина се поради нивната глупоќа и неинтелигенција ама ако,сите си коментираат еден зад друг , со мене еден муабет со нив друг муабет и така се врти таа топка што прави да се разделат луѓето за кратко.Најчесто љубомората и зависта прават непријателство и она чуство како да го наречам да се истакнат на тебе и во еден момент согледуваат дека не дозволуваш едноставно да се пред тебе во било што и така натаму.Мој совет според мои сфаќања е со никој ама баш никој да не бидете како гз и гаќи да речам пошто еден ден или гаќите ќе се скинат или гзот ќе се исере... :facepalm:
--- надополнето: 25 јули 2013 во 03:03 ---
Другарството постоело некогаш но денес не.

Па не денес нормално,порано немале ајфони,лаптопи и лајна не викам дека било нешто подобро али другарството им било основна занимација ама тоа е денешното општество направи многу глупава младина и од него се е можно и треба да се очекува.
 
Само со куче...Такви се денес луѓето тешки подлеци другари се со тебе се дури не начекаат нешто па да те шитнат во буквална смисла...

Кога ќе прочитам вакво нешто, одма ми доаѓа на ум дека тој што ова го вели или пишува во случајов е всушност таква личност.

И жена ти, здравје покрај сопруга треба да ти биде и другар. Исто и во нејзе нема да имаш доверба и ќе и викаш секоја вечер пред легнување.

„Мх, каков брачен другар, подобро куче да си имам“ и ќе отидеш во дневна да спиеш со кучето.

Постои другарство луѓе, постои.
 
Само со куче...Такви се денес луѓето тешки подлеци другари се со тебе се дури не начекаат нешто па да те шитнат во буквална смисла...Еве да се земам ја за пример другари од маало што се знам со нив добри 10 години ми свртеа грб за 10 дена дур бев на одмор и тоа не по моја вина се поради нивната глупоќа и неинтелигенција ама ако,сите си коментираат еден зад друг , со мене еден муабет со нив друг муабет и така се врти таа топка што прави да се разделат луѓето за кратко.Најчесто љубомората и зависта прават непријателство и она чуство како да го наречам да се истакнат на тебе и во еден момент согледуваат дека не дозволуваш едноставно да се пред тебе во било што и така натаму.Мој совет според мои сфаќања е со никој ама баш никој да не бидете како гз и гаќи да речам пошто еден ден или гаќите ќе се скинат или гзот ќе се исере... :facepalm:
--- надополнето: 25 јули 2013 во 03:03 ---

Па не денес нормално,порано немале ајфони,лаптопи и лајна не викам дека било нешто подобро али другарството им било основна занимација ама тоа е денешното општество направи многу глупава младина и од него се е можно и треба да се очекува.

Нема другарство затоа што денеска т.е. веќе 2 децении наназад е нов систем за нас Капитализам систем во кој се ценат пред се материјалните добра, а не духовните ...
Како второ интересот за дружба е доста намален бидејќи порано немало ниту мобилни, смартфони, компјутери, таблети, интернет... и едноставно децата па и возрасните а и воопшто луѓето биле приморани повеќе време да поминуваат заедно и да се дружат, се одело доста повеќе на гости кај роднини, комшии, пријатели... но денеска овие технолошки принајдоци буквално ги затворија луѓето во сопствениот дом(говорам за во слободното време) !
Трето постои голема љубомора, завист, ривалство и натпреварување помеѓу луѓето кој повеќе да се истакне, кој повеќе да/ќе успее во животот, кој повеќе да се покаже пред другите секако со материјални добра бидејќи денеска е Капитализам систем во кој се цени исклучиво Материјалното !
А другарството еднаш ако го спое*еш толку, тешко дека веќе со истата таа личност повторно некогаш ќе се спријателите, а најмногу другарствата се расипуваат поради злите јазици, поткажување, издајништво, кодошлук, оговарање и сл. доволно е некој да каже нешто лошо за тебе и повеќе да не сакаш да го видиш пред очи тој човек а не пак другари да бидете !
 
Vistinski drugari [ki] postojat ali ne kako porano sega drugarstfoto go krade ajfon.ponekogas drugarot tie po blizok od brat
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom