Sungerot Bob
Живеј го животот
Еден ден оди зајакот кај мечката и и вика:
- Мецо, ај да тепаме некого бе, имам нешто вишок енергија. Сакаш на волкот да му идеме?!
- Ајде бе, супер идеја. Само кажи некоја причина, да не биде после за џабе сме го тепале.
Се мислел зајакот и рекол на крај:
- Ајде бе, ќе го истепаме зошто не носи капа.
Му отишле на волкот и само што го виделе одма:
- Еј, ти зошто не носиш капа?!
И го истепале, лом го направиле. Поминало некое време и повторно зајакот и отишол на мечката:
- Мецо, пак ми се тепа некој. Ај пак на волкот да му одиме?
- Ајде бе, може, само кажи некоја друга причина сега.
- Ќе му побараме цигара, ако ни даде со филтер ќе му речеме дека сакаме без филтер, а ако ни даде без филтер ќе му речеме дека сакаме со филтер и вака или така ќе го истепаме.
Ги слушнала лисицата и одма отишла кај волкот да му каже што се случува и да му каже да се припреми.
Отишле зајакот и мечката кај волкот и му рекле:
- Давај цигара одма!
- Сакате со филтер или без филтер?
Се мислеле двајцата што да праат и зајакот викнал:
- Море, ти пак не носиш капа?!