Вицеви без наслов 2 дел

Семејството патува со автомобил. Ги запира пилицаец за проверка. Мажот дува за да направи алкохолен тест, објаснува дека пиел само едно пиво. Резултатот покажува 2 промили, а мажот упорно тврди дека пиел само 1 пиво:
– Господин полицаец, нешто ви е расипан апаратот. Дајте да го провериме со жената. Дува и жената, резултатот покажува – 1,8 промили. Возачот упорен продолжува да тврди дека е во право:
– Ама ете гледате ли дека не ви работи, расипан ви е. Дајте да дува и детето, да видите дека не функционира.
Се согласува полицаецот, дува и детето, резултатот покажува 1,5 промили. Тогаш полицаецот конечно се уверува дека направата не работи и го пушта возачот без да го казни. Тогаш мажот ѝ вели на својата жена:
– Ти реков ли дека и детето треба да пие пиво, а ти не та не.
 
Едно девојче и вика на својата мајка:
- Мамо, мамо........ стварно ли сум јас до толку грда?
- Ти реков да не ме викаш ,,мамо" на улица!

:ROFLMAO:
 
Една жена ѝ се жали на сосетката:
– Леле колку ме изнервира оној мојот! Му се заканив дека затоа што немам што да облечам, ќе излезам гола на улица! А тој знаеш што ми рече?
– Што?
– Ми вели: Супер, што ќе излегуваш, купи ми уште 3-4 пива!
 
Рецепт за октопод на македонски начин

Состојки:
- 1 прасе од 15 кгр
- 1октопод од 1,5 кгр

Подготовка:
Прасете се пече на ражен, на тивко, одвреме навреме се полева со пиво. За тоа време, октоподот се вари со многу вода во која има ставено сол, лимон на кришки и оцет.
После 3-4 часа, кога прасето е печено и октоподот е варен, прасето се сервира на маса , а октоподот се фрла на кучето, да не досаѓа додека трае софрата.
Прасето се сервира со ладно пиво.
 
Се шета грчкиот претседател во Солун, гледа дечиња си играат на улица и ги прашува:
– Деца, вие што сте по националност?
Децата во еден глас одговараат.
– Македонци!
Претседателот:
– Ама како Македонци, кога сте родени во Грција?
Едно од децата:
– Абе чичко, што се правиш удрен. Ако лав се роди во кочина, свиња ли е?!
 
Се вози Блажо во градски во Сkопје и една госпоѓа го згазнува со штиклата и му вика:
- Леле, се извинувам, не беше намерно.
- Нема проблем госпоѓо, ние од селото сме навикнати да не гази стоката.

:D
 
Жена во супермаркет си купила: половина литар 2% млеко, табла јајца, зелка, пакет кафе од 250 грама и килограм месо. Додека ги оставала работите на касата, еден пијаница се приближил и почнал да гледа што остава на лентата. Додека касиерката работела, пијаницата почнал да зборува тивко:
– Вие не сте мажена!
Жената шест пати погледнала на лентата и не видела ништо што би покажало дека навистина не е мажена, па решила да го праша човекот.
– Така е, апсолутно сте во право, ама како дознавте дека не сум мажена?
Пијаницата ја погледнал право во очите и ѝ рекол:
– Грда си…
 
Стигнува патничкиот автобус во Косово и кондуктерот им вика на патниците:
Почитувани патници, стигнавме во Косово,
- Кој сака да купи бурек, нека купи.
- Кој сака да оди по нужда, нека оди.
- Кој сака да заврши факултет, нека заврши.
Тргаме за 15 мунути!

:ROFLMAO:
 
- Имав сè – пари, куќа, кола, жена, љубовница… изгубив сè!
– Зошто, што се случи?
– Некој идиот да фати да ѝ каже на жена ми.
 
Разговараат две пријателки:
– Што има ново?
– Подобро не прашувај… Ужас! Вчера прв пат отидов со оној мојот на риба и се испокаравме!
– Зошто? Што се случи?
– Па прво зборував многу гласни и сум ги плашела рибите, потоа мамката ја ставав погрешно, потоа јадицата ја фрлав неправилно. Но најлошото се случи кога фатив повеќе риба од него…
 
11148385_457956777747634_4346898274069648079_n.jpg
 
Клиент се јавува во кабелскиот оператор:
– Дали ќе може да направите така што од 22.00 часот па до 4 и 30 да немам интернет?
– Сакате ли да поспиете?
– Да…
 
Некој Циган полагал за кола. Оди во авто - школата и возат со инструкторот. Додека возат инструкторот го прашува Циганот:
- Каков знак е овој?
- Шефе, 100% алуминиум е.

:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom