Вицеви без наслов 2 дел

- Леле маче, колку си ослабена!!! Кажувај ја брзо диетата!!!
– Остави… не сум ослабела од диета туку од мака… мојот сопруг има љубовница – секоја вечер скандали, караници…
– Исфрли го веднаш, што чекаш, кретен низаеден!
– Уште 6 килограми и лета од дома!
 
Ноќ. Двајца заљубени седат на клупа во паркот. Дечкото и вика на девојката:
- Гледај срце, ѕвезда што паѓа, посакај нешто!
- Сакам да се омажам за тебе!
-Ааа....., не била ѕвезда бе, авион бил.

:D
 
Маж го прашува пријателот:
– Добро бе Ацо, ти имаш две машки, а јас две женски. Кажи го рецептот, како одат тие работи? Два пати се обидовме со жената и сè женски.
– Смири се Мите, сега ќе ти го кажам рецептот. Ќе ја соблечеш жената гола и ќе и речеш да легне во средината на спалната. Потоа ќе се соблечеш и ти и ќе трчаш 40 најбрзи кругови околу неа. Потоа ќе излегуваш на терасата и ќе викнеш.
– Што да викнам беше Ацо?
– Како што? Па мене ќе ме викнеш…
 
12654190_441010306108948_4687951279885645775_n.jpg
 
Светската глобализација доведе до сексуална поделба на туристите.
– Што значи тоа?
– Различни земји и региони привлекуваат различни секс малцинства.
– Како на пример?
– Еве на пример – травеститите го преферираат Тајланд, хомосексуалците – Калифорнија. Педофилите одат во Англија, а зоофилите во Африка. На садистите им е добро во Ирак, Судан, Сомалија.
– Интересно, а кој тогаш доаѓа кај нас во Македонија?
– Како кој? Таквите како нас – мазохисти.
 
Еден ВМРО-вец оди во студио за тетоважи и вели:
– Сакам да ми истетовирате лав на целиот грб!
По десет минути мајсторот вели:
– Готово.
– Како толку брзо!?
– Е што е толку комплицирано, само 3 букви!?
 
Си го возам автомобилот по патот и по некое време гледам некој ми крева палец… Ми го разубави денот… Убаво е кога некој ќе ти го „лајкне“ автомобилот.
 
Жена влегува во кујната и го гледа мажот и како стои со тепалка за муви во раката и се ѕвери по кујната.
Жената: Што правиш?
Мажот: Тепам муви.
Жената: И утепа ли некоја?
Мажот: Да. Три машки и две женски.
Жената изнервирана: А како ги разликуваш машките од женските муви?
Мажот: Три беа на лименки од пиво, а две на телефон.
 
Млада и убава девојка, отишла да се исповеда кај попот:
– Оче, многу сум грешна! Едни мои голи слики…
– Знам чедо мое, знам, пријатели сме на Фејсбук.
– Што да направам за да ми ги прости Бог гревовите?
– Стисни „Лајк“ на страниците на 10 манастири чедо мое и сметај ја работата за средена…
 
Човек кој пелтечи разговара со неговиот пријател:
– Дддддругар, ззззаббборрррави ја тттаа ккккучччка, ннне те зззассслужжжува она тттеббе!
– Да бе, лесно ти е тебе да кажеш!

:icon_lol::D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom