Вицеви без наслов 2 дел

суд.бракоразводна парница
Судијата:
—зошто вие сакате да се разведете од маж ви ?
— затоа што во постела не ме задоволува!
Женски гласови во судницата: —сите ги задоволува, само неа не!
Машки гласови: — Да, неа воопшто никој не ја задоволува ![DOUBLEPOST=1449086816][/DOUBLEPOST]Борче пред тренинг во спортската сала испил седум лименки енергетски напиток и си отишол дома со статичкиот велосипед.
 
Последно уредено:
Седи маж во кафана крај автопатот и кротко си пие кафе. Влегуваат тројца моторџии. Првиот си ја изгасил цигарата во тацната на човекот, вториот му плукнал во кафето, а третиот му го истурил кафето на подот. Без да каже збор, мажот станал, си ја зел јакната од столот и си излегол:
– Овој не е маж, а? – Со презир и рекол едниот моторџија на келнерката…
А келнерката загледана преку прозорот одговорила:
– Како што гледам и за возач не го бива многу. Штотуку смачка три мотори со камионот…
 
- Ниво на англиски?
- Одлично.
- Знаете ли што значи allow?
- Да.
- Ајде искористете го во реченица.
- Allow, кој е на телефон?
 
Маж во фризерски салон:
– Сакам да ми ја отсечете шишката накриво, позади потстрижете ме скалесто, левата бакенбарда да е за 4 см. подолга од десната, над левото уво направете дупка големина како 1 денар.
– Ама јас така не можам.
– А минатиот пат како можеше?
 
Министерот за образование по трет пат се пријави да полага матура и пак падна.
Министерот за здравство падна изнемоштен чекајќи 5 часа ред во Државна Болница.
Министерот за труд и социјална политика пита на улица откако требаше да го преживее месецот со пари од социјална помош…
– Среќен сум! – рекол дедото и ја пуштил златната рипка…
 
Оди некој човек од некоја запустена област во град каде што незнае за ништо. Влегува во такси автомобил со марка Мерцедес и возејќи се го прашува возачот:
- Што е онаа рачкана?
- Мењач. - му одговорил таксистот.
- А тоа округлото?
- Волан.
- А тоа напред? - прашал за знакот на Мерцедесот.
- Е тоа е нишан. - шалејќи се одговорил таксистот.
Се возат понатаму и шоферов налетува на некое дете и одвај со крајни маки го избегнува, но отпозади слуша како впрочем го удира. Се врти и го гледа човеков од запустената област како целиот среќен му вика:
- Шофере, ебате нишанот! Да не бев јас со вратата ништо немаше да направиш.
 
Учителката го прашува малиот Трпе:
- Трпе, дали го сакаш татко ти?
- Не
- Како бе не? Тој ти е татко. А зошто не го сакаш?
- Оти ме тепа.
- А мајка ти?
- Не ја сакам ниту неа, и таа ме тепа.
- Е добро кој го сакаш тогаш?
- Челзи, тој никој не тепа.
 
Оди мајка во градинка да си го земе детето. Гледа, децата со телефоните седат во песокот, а учителката спие.
– Зошто спиете? Сите деца ќе избегаат.
– Да и каде ќе одат, WI-FI-то фаќа само до крајот на песокот.

ROMA ROMA ROMA
 
Учителката го прашува малиот Трпе:
- Трпе, дали го сакаш татко ти?
- Не
- Како бе не? Тој ти е татко. А зошто не го сакаш?
- Оти ме тепа.
- А мајка ти?
- Не ја сакам ниту неа, и таа ме тепа.
- Е добро кој го сакаш тогаш?
- Челзи, тој никој не тепа.
Од кога последен пат е кажан ваков тип на виц дојдени се ВМРО на власт и маме ебаваат веќе 10 години.
 
Полицаец запира кола и гледа чудо. Колата ја вози еден змеј. Полицаецот исплашено му вика:
- Ајде дувни...
Змејот:
- Абе, ти да не си пиел?!

:D
 
Од кога последен пат е кажан ваков тип на виц дојдени се ВМРО на власт и маме ебаваат веќе 10 години.
Јас знам уште постар да не речам од кога дојдоја СДСМ на власт ( тогашен СКМ- ПДП, али најверојатно си многу мал за да памтиш ).
Го прашуваат Рамче што значи ВМРО и овој како од пушка:
Внатрешни Мава, Рамче Офка
Мада искрено незнам што ти беше воопшто поентата.
 
- Мамо, што е тоа љубовница?
– Тоа, сине е една лоша тетка, која ни краде од парите што ги имаме…
– А љубовник?
– Тоа е еден добар чичко, кој му помага на татко ти!
 
Се одржувал натпревар во бокс. Едниот боксер бил нокаутиран и судијата почнал да одбројува дали ќе стане. Додека сите чекале да видат што ќе се случи, некоја баба од публиката извикала:
- Нема да стане! Го знам јас од автобус.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom