Ветување

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Доста често знаеме да го искористиме зборот ветувам...
На сите ни личи како да е едноставен збор, меѓутоа малку од нас знаат дека овој збор со себе носи тежина и обврска.
Да се даде ветување е да се прифати обврска која мора да се почитува се додека не се постигне она што се сака...

Зашто на некои луѓе им е толку тешко да исполнат дадено ветување?
Дали е тоа поради нивниот слаб карактер, или пак е едноставно невнимателноста која ја поседуваат.
Јас мислам дека е несериозноста и непочитувањето према оној на кој е дадено ветувањето.

Колку луѓе пак во глобала ја сфаќаат моќта на зборот ВЕТУВАМ?
Дали вие се вбројувате меѓу тие?

Дали вие сметате дека постојат позитивни и негативни ветувања?

Дали за позитивни ги сметате оние кои би влијаеле директно само на вас или пак сите кои придонесуваат добро за луѓето, а за негативни оние кои придонесуваат болка и тага?
Па нели и негативното ветување е ветување и мора да се исполни?
Нели и позитивното ветување е ветување кое не смееме да го заборавиме?

Не треба да бидеме водени од тоа дали некоја работа е позитивна или негативна туку од помислата дека дадено ветување не треба да се прекршува. Дали вие со согласувате со ова?
 
Секое ветување мора да се исполни, ако не има лоши последици. Се трудам да исполнувам се! Само последиот пат згрешив! И се се сруши како кула од карти! Сепак не се жалам можеби така требало да биде :) Но не постои причина никаква на светот која би ги оправдала неисполнувањето на ветувањата.
 
Злобен свет. Се тркаат по пари, се повредуваат луѓе, само за некои да си го истераат нивното. Луѓето се плашат да дадат ветување, затоа што има една работа која што се вика совест, и која навечер нема да ги остаи да спие затоа што го прекршиле ветувањето.
Јас себеси не се сметам за многу чесна особа. Сум прекршила многу ветувања, прво што сум си ги дала на себе, после и на другите. Сум повредила многу луѓе со тоа, и сега сакам што повеќе да си ги исполнам ветувањата, прво за себе, после за другите. Сметам дека одржување на ветувањата ќе ме направи подобра личност, и се надевам дека не грешам во тоа.
 
Иам само едно да кажам! БОЉЕ НЕ ВЕТУВАЈТЕ НЕГО ДА ВЕТУЕТЕ СО НАМЕРА ДА НЕ ИСПОЛНИТЕ! Многу мрзам коа некој не исполнуе ветувања! И не ветуем ако не сум сигурен дека ќе исполнам! Само луѓе со слаб карактер ветуваат со намера да не исполнат! Тоа се луѓе кој немаат храброст да погледнат во очи некој и да го решат проблемот! Луѓе кој едноставно кур ги боли за вас! Гледаат да ве откачат побрзо со тоа што ќе речат ветувам, а кур ги боли као ќе ви биде ако не го исполнат ветувањето!
 
Хмм....Познавам многу луѓе што ми ветуваат се и сешто а ништо не исполнуваат, а што се однесува до мене? Јас што ќе ветам мора да го исполнам без разлика за што се работи сум ветил работи и сум ги исполнил многу ветувања и покрај тоа што сум бил во ужасна психо-физичка состојба, со еден епитет сум човек од збор
 
Искрено не ветувам многу.
Често сум се наоѓала во ситуација каде ДУРИ И МЕ ТЕРАЛЕ ДА ВЕТАМ дека тоа мора по секоја цена.. сум немала избор сум ветила,ќе се потрудам да го исполнам.
Сакам да кажам дека ветувањата треба да се сфатат како еден вид одговорност за некоја работа или за некого, зошто многу е лошо да ветиш нешто, а да не го исполниш.
Ветувањата не ги делам на позитивни и негативни туку ги делам на исполнителни и неисполнителни.
Ретко ветувам поради самиот факт дека сум свесна за моите можности и за тоа колку можам да исполнам.
 
Има многу луѓе кои ветуваат долини и планини, а сепак од тоа ништо не исполнуваат. Затоа подобро ветувајте го она што знаете дека можете да го исполните или барем што има некои реални можности да се исполни, а не и се и сешто да ветуваш, а да не исполниш ништо оти од такви работи некои луѓе стварно можат да бидат повредени. јас лично не ветувам многу често, ама кога ќе ветам нешто ќе направам се што е можно за да го исполнам тоа.
 
Под ветување подразбирам давање на збор за нешто и исполнување на обврските од тоа ветување. Еве на пример братучед ми ми вети дека ќе помини за половина саат, два поминаа а еве го го нема. Јас си имам планирано да завршам некои работи да тркнам до теретана. И што сега заглавив пред компјутер и го чекам него.

Знам дека луѓето не се како швајцарски часовници ама да се јавеше барем, не можам ова, она ќе закаснам.

Леле ама го искритикував на форумов во живо да види што ќе крка :icon_lol:.

Инаку си имам една изрека човекот вреди колку што му вреди зборот или тоа што го ветил да го исполни.

Не давам лесно ветување или збор, ама ако го дадам гледам да го исполнам.
 
Па има позитивни и негативни ветувања, а има и неутрални, кои никому не сметаат и да не ги оствариш. Пример ветување кое никому не пречи и ако не го оствариш е "денес ќе ја искосам тревата". И да не ја косиш денес, никому не смета утре или задутре.

Инаку нели има генерални-воопштени ветувања и ветувања по некој топик, тема.
На пример од утре ќе бидам добар е ептен генерално ветување, а "утре не доцнам на школо" е ветување под топик доцнење во школо. Овие примери ми беа на врв...

Секое ветување си има своја тежина, позитивно или негативно, сите директно или индиректно се однесуваат/повредуваат/радуваат/изненадуваат некој друг. Но сите три (позитивни, негативни и неодредени) го цртаат твојот лик на овој свет, па и на оној.
 
Што се однесува до ветување, до сега ретко да сретнам некој нешто што ми ветил да го исполнил и поради тоа се јавуваат ред проблеми. Јас искрено ветувам и исполнувам зошто не сакам непроспиени ноќи, не сакам да ме измачува совеста. А за поделбата на позитивни и негативни тука не гледам некоја разлика, ветување си е ветување и треба да се исполни.
 
Ветувам, да. Ретко, но кој ме познава доволно знае дека исполнувам.
Дека во такви случаи применувам целта_ги_оправдува_средствата.
Премногу значење му давам на зборчето, што и ме доведувало во многу незгодни ситуации. Како и да е, мразам кога некој го прекршува и за оправдување користи бледи оправдувања.
 
Дали сум човек од збор, тоа најдобро го знаат луѓето кои се во мојата околина. Ветувањето не е празен збро, иако денес луѓево така го третираат. Ако веќ си дал збор за некоја работа или било што дека ќе го заваршиш, тогаш треба тоа да го направиш. Неможам да кажам дека во животов се што сум ветил се сум исполни(не постои човек кој барем еднаш не го исполнил ветувањето). Некогаш неизвршената работа била последица од мојата мрзеливост, но имало и случаеви кога од околината сум бил спречен да ја извршам работата. Така да никогаш не го ветувај она што не можеш да го извршиш и труди се да ги исполниш она што можеш.
 
koga ke vetam nesto sekogas nastojuvam da go ispolnam vetuvanjeto...pred se zaradi sebesi mnogu retko se slucuva da vetam nesto no koga ke vetam sekogas ispolnuvam:smir:
 
Зашто на некои луѓе им е толку тешко да исполнат дадено ветување?
Дали е тоа поради нивниот слаб карактер, или пак е едноставно невнимателноста која ја поседуваат.
Јас мислам дека е несериозноста и непочитувањето према оној на кој е дадено ветувањето.
Се е до карактерот. И да се работи за невнимателност, едноставно, таков е човекот. Веројатно не гледаат на тоа како нешто страшно доколку не го исполнат тоа што го ветиле. Можеби би сфатила дека се работи за непочитување само затоа што кога ветил не бил доволно сконцентриран во моментот кога сме разговарале. И затоа не промислил дали може да исполни нешто или не.

Дали вие сметате дека постојат позитивни и негативни ветувања?
Што знам, јас не правам разлика, ветување си е ветување.

Не треба да бидеме водени од тоа дали некоја работа е позитивна или негативна туку од помислата дека дадено ветување не треба да се прекршува. Дали вие со согласувате со ова?
Токму така.

Ако ми ветиш нешто, буквално ќе си го сфатам тоа и ќе очекувам да го направиш тоа што си рекол. Сметам дека секој си ги знае можностите за да сфати дали може нешто да исполни или не. Почитувам да ми речеш дека можеби ќе успееш да направиш тоа-и-тоа ако не си сигурен, така нема да си врзам во крпче и нема да се надевам премногу, така ми оставаш простор и да очекувам негативен резултат.
Јас ако знам дека нешто зависи само од мене или од некој што ми е сигурен, ќе ти ветам. Во друг случај, си кажувам дека ќе се обидам да исполнам, ќе дадам на знаење дека треба да си има резерва.
 
Не сум човек кој кога е ограничен со време или со репресија-е конструктивен. Затоа, не милувам да ветувам, а ако морам, тогаш вложувам многу напор за да дадам просечен резултат. Најмногу ја почитувам етиката и високото ниво на свест кога треба да се изврши некоја задача. Најголем проблем ми се временски ограничените ветувања бидејќи ми ја убиваат креативноста и слободата и лежерноста. Но, тоа не значи дека не ги исполнувам. Само варира квалитетот на изработената задача која сум ја ветила. Ветувања ради реда, не практикувам да давам, бидејќи ми се бесмислени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom