Ветување

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Без оглед дали е ветувањето за позитивна или негативна работа,секогаш она што ќе го ВЕТАМ тоа и го ИСПОЛНУВАМ.
А луѓето кои ветуваат,а не исполнуваат мислам дека го прават тоа поради својот слаб карактер или несериозност.:toe:
 
Мислам дека не постојат позитивни и негативни ветувања.
Еднаш извлеков многу убава порака... Леон и вети на Матилда дека ќе се врати, ама не се врати, туку го убија на крајот. И и рече:
I promise. And I keep my promises...
Значи... Не ветувам нешто што не можам да го исполнам.
 
Ветувам нешто што можам да го исполнам и го исполнувам. А ветувањата не ги кршам во никој случај.
 
Ветувам.Навистина има одредено силно значење овој збор,за кого како нели,за некој е само уште еден збор кој го употребува секогаш кога сака да го увери другиот во нешто.Ветувањата се добра работа,бидејќи на другиот му даваш еден вид олеснување бидејќи нешто си ветил и тој очекува да го исполниш,а пак за нас е убаво бидејќи преку ветувањето ешто и исполување на истот покажуваме олку сме зрели и одговорни.Се согласувам околу тоа дека несериозноста и непочитувањето према оној на кој е дадено ветувањето се едни од причините за многу неисполнети ветувања.Ако за нешто не сме сигурни никогаш не треба да ветиме дека ќе го исполниме кога ни самите неможеме да се убедиме дека ќе се случи нешто,а не па некој друг да убдуваме,и да му ветиме такво нешто.Јас скогаш кога велам:Не ти ветувам ништо,но ќе се обидам.Секако,ако за нешто сме 100% сигурни дека може да оствариме можеме и да ветиме дека ќе го исполниме.Има една убава порака:Вети го само тоа што можеш да го исполниш,а потоа исполни повеќе отколку што си ветил:helou:
 
Пред се за човек да ги исполнува ветувањата што ги дава на другите луѓе треба да научи да ги исполнува оние работи што си ги ветува себеси.
Но секогаш треба да се размисли подобро пред да се вети нешто.
Не да го кажеш колку да го кажеш. Сепак е збор како што кажа гладиус што носи тежина и обврска.
Ако неможеш да направиш нешто или незнаеш дали можеш подобро воопшто не ветувај.. Кажи - Ќе се обидам. Подобро е така.
Јас лично ретко не исполнувам ветувања.. Ми се има случено мислам дека но треба ептен да ме изнервира таа особа да не го исполнам.. Значи ептен многу. Затоа што последната работа што ја ветив ја исполнив иако не бев во најдобри односи со таа особа. Но ветување си е ветување. Секогаш си стојам на својот збор.
Тоест треба некој да не исполни ветување што ќе ми го даде за да не исполнам и јас што ќе ветам. Или како што прават многумина да го измолкне зборот Ветувам од мојата уста онака со сила. Да ме напне за да му ветам нешто. Тогаш не исполнувам од инат не од друго.
Инаку ветување си е ветување.. Не само оние кон себе.. Ти да прекршиш ветување и на друг што си го дал всушност си го газиш својот збор. А човек што си го гази својот збор заслужува ли доверба и почит?
 
Ветувам. Мал збор, но огромно значење, затоа што меѓу другото претставува и обврзување кон некого. Затоа што кога даваш ветување, значи и дека некој друг зависи од тебе и твоето исполнување. А во тој случај, имаш поголема одговорност. Друго е кога си оставен сам на себе, па да не ти е битно дали денес или утре ќе направиш нешто (пример), а друго е кога сеима обрска кон некого да исполниш нешто кое можеби му е навистина битно.

Лично, ако сум навистина сигурна дека нешто можам да исполнам го ветувам и најчесто сум редовна во исполнување на ветувањата. Можеби некогаш се случило да бидам спречена од икс причини па да ја уплескам работата и ветувањето, но сепак сум гледала да надополнам. Но, бидејќи патам од претерана одговорност, во 95 посто од случаите секогаш се си завршувам ,особено ветувањата, бидејќи во спротивно нема да можам да спијам навечер и ќе имам грижа на совест.

Не ветувам ако нешто не знам. Велам: Ќе се обидам, но не ветувам. Не сакам да му ветам нешто некому ако реално знам кои се можностите да се оствари тоа.
 
Најмалку верувам на дадено ветување. Се преправам дека правам компромис за побргу да остварам тоа што сум го наумил. Она во што верувам е наведувањето на спротивната страна на божемен взаемен интерес.
 
ТЕЖИНАТА на навидум толку едноставен збор, збор составен од седум биквички, збор кој што доклолку го употребиме а притоа не го исполниме, може да срушиме нечиј сон, нечии мечти, нечија доверба- е ОГРОМАНА!

Свесна за последиците кои што треба да ги сносам употребувајќи го зборот "ветувам", јас многу ретко го користам од единствена причина што не би сакала да срушам нечииј сон, доверба во мене.
Го употребувам само во случаеви кога сум 100% сигурна дека она што сум го кажала и ќе го исполнам, но си признавам дека ветувањата кои што си ги давам самата на себе од типот (нема повеќе толку да седам на нет...) многу ретко ги исполнувам, а причината ја наоѓам во тоа што многу повеќе се замараме со тоа што друѓите мислат за нас отколку самите да си угодиме!!!
 
Ветуваме со цел да и зададеме на нашата потсвест задача да го исполни тоа... Или од друга страна, ветуваме, да ги излажеме другите :smir:....

Ако го исполниме ветувањето што сме го дале кон некого, тогаш се исполнуваме духовно, ако не, тогаш сменаеден начин уништени... Уствари се` е до карактерот на луѓето... Некои не обракаат внимание на ветувањата, додека пак другите ептен си ги `зимаат при срце`... Поради таквите разлики, не веруваме на пветувањата... Само при исклучоци... (барем јас)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom