DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.882
- Поени од реакции
- 5.786
Исчезна возачот на камионот од сообраќајката во која загина Тоше Проески
Македонскиот министер за правда, Михајло Маневски, вчера ургентно побарал писмени одговори од министерствата за правда на Србија и на Хрватска за пронаоѓање на возачот на камионот, кој учествуваше во сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески, на 16 октомври, лани на автопатот кај хрватскиот град Нова Градишка.
Маневски во ургенцијата навел дека е неопходно доведување на возачот на камионот во кој удри “туарегот“, на чие совозачко седиште загина балканската музичка ѕвезда од Македонија, за да се заврши вештачењето. Истовремено, од правосудните власти во Загреб се бара одговор кога на Македонија ќе и бидат отстапени остатоците од џипот на Проески, за македонските стручњаци да можат да го извршат неопходното дополнително вештачење.
Остатоците од демолираниот “туарег“, во моментов наводно се наоѓаат во складот на авто - куќата “Зубак“ во Велика Горица. Истражните судски органи во Скопје очекуваат сослушување на возачот на камионот, по утврдување на детаљите добиени од исказот на Ѓорѓи Ѓорѓевски, кој го управуваше џипот на Проески во моментот на сообраќајната несреќа.