Овердрајв
Модератор
- Член од
- 5 ноември 2005
- Мислења
- 4.255
- Поени од реакции
- 570
Ај прво една мала компилација..
Многу ми се допаѓаат размислувањата на Toreador и Никола.
Но.. сакале ние или не, општеството се менува цело време, иако повеќето од нас тоа не го чувствуваат. Направете споредба на светот денес, и светот пред 100-150 години. Додека денес "поцивилизираните" општества/земји се стремат кон едно заедничко, глобално општество (да да, глобализација), порано тоа не било така.
Денес, луѓето/земјите се колку-толку поврзани, поблиски, што придонесува многу и кон развојот на науката општо. Ако порано се правеле срамежливи чекори во полето на науката, денес тоа се џиновски скокови, токму благодарение на таа.. хм, сплотеност, на земјите.
Како што напиша Garfield, порано тие што пишувале за можноста за летање воопшто, а подоцна и за одење надвор, во Вселената, биле исмејувани (најчесто од тогашните научници), а нивните дела биле интересни за читање. Ама ете, низ историјата се наоѓал тек-тук по некој што успевал тие идеи да ги материјализира..
Зошто тогаш тоа не би било случај и со AI? Да, се прават напори да се создаде нешто што ќе има ниво на интелигенција колку, да речеме, еден просечен човек. Да, се вршат истражувања на работата на човековиот мозок, и да, од време на време се прави по некое важно откритие. Кој може да тврди дека 100 години од сега нема да постои интелигентна машина, во било кој облик, создадена како резултат на работата на човекот на ова поле? Никој.
Кој може да тврди дека такво нешто ќе се случи? Исто никој.
Интересни за гледање/читање се филмовите и книгите кои се занимаваат со оваа тематика, ама само тоа. Тоа што се случувало порано со делата на тогашните автори (пр. човек да лета било нешто незамисливо), се случува и сега. Останува да се покаже дали историјата ќе се повтори и овојпат :wink:
Toreador напиша:Честитки за Никола и неговиот пост.
Garfield напиша:Да не се лажеме, опциите се отворени. Сешто може да се случи. А ако е напишано во книга како SciFi не значи дека еден ден нема да биде реалност. Во многу нешта писателите биле визионери.
Нели полетавме, па потоа и одлетавме во космосот!!!
А ко било за тоа пишувано, кутриот бил исмејуван од тогашните сезнајни научници.