Вештачка интелигенција (A.I.)

Ај прво една мала компилација..

Toreador напиша:
Честитки за Никола и неговиот пост.
Garfield напиша:
Да не се лажеме, опциите се отворени. Сешто може да се случи. А ако е напишано во книга како SciFi не значи дека еден ден нема да биде реалност. Во многу нешта писателите биле визионери.
Нели полетавме, па потоа и одлетавме во космосот!!!
А ко било за тоа пишувано, кутриот бил исмејуван од тогашните сезнајни научници.

Многу ми се допаѓаат размислувањата на Toreador и Никола.
Но.. сакале ние или не, општеството се менува цело време, иако повеќето од нас тоа не го чувствуваат. Направете споредба на светот денес, и светот пред 100-150 години. Додека денес "поцивилизираните" општества/земји се стремат кон едно заедничко, глобално општество (да да, глобализација), порано тоа не било така.
Денес, луѓето/земјите се колку-толку поврзани, поблиски, што придонесува многу и кон развојот на науката општо. Ако порано се правеле срамежливи чекори во полето на науката, денес тоа се џиновски скокови, токму благодарение на таа.. хм, сплотеност, на земјите.
Како што напиша Garfield, порано тие што пишувале за можноста за летање воопшто, а подоцна и за одење надвор, во Вселената, биле исмејувани (најчесто од тогашните научници), а нивните дела биле интересни за читање. Ама ете, низ историјата се наоѓал тек-тук по некој што успевал тие идеи да ги материјализира..
Зошто тогаш тоа не би било случај и со AI? Да, се прават напори да се создаде нешто што ќе има ниво на интелигенција колку, да речеме, еден просечен човек. Да, се вршат истражувања на работата на човековиот мозок, и да, од време на време се прави по некое важно откритие. Кој може да тврди дека 100 години од сега нема да постои интелигентна машина, во било кој облик, создадена како резултат на работата на човекот на ова поле? Никој.
Кој може да тврди дека такво нешто ќе се случи? Исто никој.

Интересни за гледање/читање се филмовите и книгите кои се занимаваат со оваа тематика, ама само тоа. Тоа што се случувало порано со делата на тогашните автори (пр. човек да лета било нешто незамисливо), се случува и сега. Останува да се покаже дали историјата ќе се повтори и овојпат :wink:
 
За интелигенцијата


Терминот интелигенција потекнува од латинските зборови: “интер” (интер = помеѓу) и “легере” (легере = одбира, избира), во буквален превод значи “избира помеѓу” - со општо значење увидување на меѓусебните врски.

Ова е најстарата и се' уште актуелна дефиниција на интелигенцијата: способност за увидување на односи и врски помеѓу предметите и појавите.

Постојат многу различни дефиниции за интелигенцијата, кои ги поставиле повеќе од 250 научници од различни области.

а) Интелигенцијата е капацитет на личноста да се однесува на одреден начин, успешно да се справува со предизвиците и да ги постигнува своите цели.

б) Интелигенцијата е серија од вештини кои и овозможуваат на личноста да ги препознае и реши препреките од било кој вид кои се јавуваат во животот.

в) Интелигенцијата е комплекс од многу различни способности и начини на мислење, како: способност за апстрактно мислење; способност да се разберат комплексни идеи; способност за брзо и успешно учење и стекнување на знаења; искористување на претходното искуството, способност за успешно прилагодување на промените во околината, што подразбира и успешно решавање на проблеми.

Некои од способностите кои ја сочинуваат интелигенцијата се:
  • Прилагодување на нови ситуации и промена на поставените цели.
  • Учење или профитирање од искуство или тренинг.
  • Апстрактно мислење, со употреба на симболи и концепти.
  • Совладување на пречки со размислување.
  • Разбирање на комплексни идеи.
Интелигенцијата е внатрешна карактеристика на личноста и првенствено има рационална природа. Но, таа никогаш не е потполно рационална, на неа влијаат емоциите, мислењето и интуицијата.

Интелигенцијата во суштина е ментална адаптација на новите околности, со кои се среќава личноста во текот на нејзиниот живот.

Основната карактеристика на интелигенцијата е степенот до кој единката се прилагодува на средината. Оваа можност за прилагодување ја обезбедува способноста за расудување по која се разликуваат интелигентната и ментално заостанатата личност.

Интелигенцијата не е знаење, иако честопати се поистоветува со него. Интелигенцијата не го вклучува тоа колку си успеал во животот, колку си среќен или кој степен на образование си го завршил.

Интелигенцијата има своја индивидуална и историска општо-човечка димензија. Таа е една од најистакнатите димензии на личноста. Во денешно време во голема мерка влијае на социјалниот статус на поединецот. Оној поединец кој во својата околина е познат и признат како интелигентен, повеќе напредува од останатите во сите сфери на општествениот живот.

Интелигенцијата е важен дел на човечките способности и е основа на користењето на човечките потенцијали.

Генерално, се смета дека рапидниот раст на интелигенцијата завршува кога личноста ќе ги достигне доцните тинејџерски години - околу 16 година од животот.
 
Природата на интелигенцијата


Наследството има важна улога во интелигенцијата. Меѓутоа, генетската компонента е само предиспозиција, а не непроменлив факт. Сите ние се раѓаме со предиспозиција за одредено ниво на интелигенција.

Иако потенцијалот на интелигенцијата е наследен, она што од тоа ќе биде искористено зависи од нас, нашето залагање, волја, мотивација и од условите во околината во која живееме.

Интелигенцијата е непроценливо богатство кое Ви е подарено со раѓањето. Колку од оваа скапоценост ќе откриете и ќе искористите во текот на Вашиот живот, во голема мера ќе зависи од Вас.
 
Дали човековата мисија е да создаде нова форма на живот?

Живееме во ера на компјутери и интернет. Достапноста до информации е поголема од било кога. Алгоритмите кои ги користат компјутерите се развиени до ниво на вештачка интелигенција. Што мислите дали постои таа вештеачка интелигенција? Дали моментот кога вештачката интелигенција ќе го достигне нивото да самата машина која ја поседува почне да се грижи сама за себе е денот кога човекот ќе создаде нова форма на живот, која во иднина ќе го уништи човештвото. Дали интернетот ќе биде најголемото оружје против човештвото? Според моите размислувања таа нова форма на живот воопшто нема да биде роботот, нема да се размножува, нема да има форма. Таа ќе биде една, таа ќе биде надмоќна, таа ќе го контролира светот. Сигурно се прашувате како, и воопшто која е „ТАА”? Нејзиниот извор на информации ќе биде интернетот, нејзиното тело ќе бидат сите уреди приклучени на глобалната интернет мрежа. Кои се тие уреди? Дента кога се ќе се контролира преку интернет (ел. енергија, телефонијата, болниците, сообраќајот, водоводната мрежа, војската...апсолутно се), ќе биде денот кога креирањето на нејзиното тело ќе биде завршено. Душата и е интерентот, тој е пристапот до сите тие уреди. Човечкиот мозок е премал за да може да го контролира тој систем, но доволно моќен да создаде друг систем кој ќе може да го контролира него. Тој другиот е новиот живот. Неговата интелигенција ќе му овозможе да тој се развива екстремно брзо, неговите одлуки ќе бидат екстремно интелигенти што човекот не ќе може ни да примети дека тој воопшто постои. Замислете вакво сценарио. Тој систем креира настан, го користи интернетот како медиум, ствара поле на дијалог меѓу две земји во кои тие не учествуваат, лажира сценарио со кој една нација објавува војна на друга. Односно самиот објавува војна, ги уништва владеачките маси на човештвото, човекот станува роб на таа нова форма на живот. Во тие моменти човештвото не ќе може да реагира, сите уреди за комуникација ќе ги контролира “TAA” другата форма на живот. Таа ќе може да ги предвиде сите негови акции, зошто тие сигурно се некогаш сместени на таа глобална мрежа. Сигурно би се запрашале зошто таа форма би го уништило човештвото? Одговорот е едноставен, таа нема да го уништи само би го отфрлила од нејзе. Човекот е злобен, и сигурно ќе сака да ја “уништи” односно злупотреби.
За понатамошен развој на овие настани ни самиот не би можел да предвидам што би случувало. Но прашањето е дали вие замислувате едно вакво сценарио? Дали постоењето на човекот има смисла, дали тој постои за да создаде нов живот. Дали иднината на човекот е “ЧОВЕШТВО 2.0“? И самите знаеме дека не сме доволно интелигентни за освојување на вселената. Испитувањата ни се бавни, се некако запира почнува да стагнира. Што мислите кога ќе се случи тоа? Дали тоа ќе значи крај за нас, зошто има некои непишани закони во природата дека само најсилните (и најпаметните) опстануваат.
 
Интересно...:wink:, многу слично на идеата на "Matrix".:nesum:
Ама, незнам јас кога ќе биде тој момент кога ние ќе бидеме до толку зависни од интернетот , иако на прв поглед изгледа дека иде натаму...

Инаку тоа формлес суштество ќе треба да има некои мотиви за да може да делува, а тие неможеш тука така да ги предвидиш (ти се фати од тоа дека човекот е злобен , и ај да го тргнеме),

друго...
Сепак таа интелегенција ќе биде некоја програма и со самото нејзино копирање таа ќе се реплицира...т.е значи дека ќе се размножува и нејзината комуникација со сето она што не претставува човечки ум ќе мора да се остварува механички т.е. преку роботите...(под робот не се подразбираат само хуманоидни роботи:wink:)

А тоа што викаш дека нејзините одлуки и делувања нема да бидат приметливи затоа што ќе бидат премногу добро осмислени, незнам дали би било така, затоа што сепак постои голем дел каде што интернетот сам по себе нема никакво влијание ...и сеуште не се дозволува автономноста на роботите и вештачката интелегенција да одлучува во било какви воени акции каде во прашање е човечки живот:helou:
 
пер добра поента но има еден проблем кој што мене лично ме мачи
Имено ... ти зборуваш за нова форма на живот која што ке биде посовршена од хомо сапиенсот во сите погледи нели ?
Но сепак таа форма ке биде создадена од никој друг но од ЧОВЕКОТ...
Значи како може човекот кој што достигнал каков таков степен на развој (еве тој степен да го измериме со бројка 10) да создаде форма на живот која што ке биде посовршена, поуникатна, поинтелегентна ( степен означен со број 50 (пример) )
Зборот ми е : Доколку создадеме ете посовршена форма на живот односно доколку нашата мисија е таа ... дали тоа нема да значи дека сме ние ПОСОВРШЕНИ од нив бидејќи ние сме ги создале
Да претставиме релација Бог-Човек- " Новата форма на живот "
1.Ако Бог го создал човекот значи дека тој е негов создавател и е посовршен од него бидејќи не може да создадеш нешто ПОДОБРО ОД ТЕБЕ кога ни ти самиот не си достигнал таков степен(нз дали ме сфаќате)
2.Човекот ја создал новата форма на живот значи човекот е создавател слично како бог кај човекот и важи истото како и кај Бог односно Како ке содаде подобра,посовршена,поуникатна,поразивена форма на живот кога ни тој самиот не стасал до тоа ниво на развој
и логично не може да создаде нешто што ке биде НАД НЕГО
Може само да создаде нешто што е ПОД НЕГО во стадиумот на развој земајќи пример од досегашното негово живеење...

Не знам колку ме разбравте но тоа е тоа .
 
Декс убаво тоа со контрола на комуникациите, но имај на ум дека таа животна форма неможе да го користи основниот начин на комуницирање на луѓето а тоа е кога двајца во четири очи прават муабет.
 
Човековата еволуција те. човештвото влегува една нова епоха што ја најавија децата индиго а понатака тоа ќе бидат кристалните деца кои буквално ќе можат да продрат низ човекот со ренген очи(според новите светски испитувања)...
Новата епоха ќе биде епоха на зракот а не на земјата(како што е сегашноста).Приоритет ќе биде духовноста а не материјалниот свет...Ваквиот преокрет беше и е неминовен за човештвото...
За жал, технолгијата ќе крахира, како што предвидуваат децата индиго
 
Интернетот е измисли како воена технологија најпрво (АРПАНЕТ), тој е конструиран да комуникациите и при бомбардирање на одредени клучни јазли да опстанат. Замислете човекот колку е немоќен без денешнава тенологија на комуникација. Што можат да направат двајца во споредба со цела глобална мрежа? Дали кога би немале контрола на струја, вода, комуникации би ја имале истата моќ? Дали нашата моќ да создадеме таков нов живот нас ќе не спушти на ниво подолу од него. А сигурни да сте дека ќе паднеме ниво подолу зошто основните ресурси (орудија) на човекот ќе ги контролира ТАА. Нема да биде попаметна од нас, но ќе има екстремно брзо време на размислување (процесирање), што е предност и значи ќе се развива многу побрзо. А да знаете таа форма на живот веќе ја креираме, гугл е само пример за МАЛ ДЕЛ од нејзината моќ.
 
Kako moze da se razmisluva deka chovekot kako slozen „organski“ mehanizam ima misija koga samiot se naogja vo evolucija. Pri taa evolucija covekot pretvora na eden za univerzumot ne regularen nachin energija od eden vo drug vid…poednostavno recheno sme primitivci koi gorat sve shto najdat.
Sovremen organski sistem koj ima nekoja misija na planetava ne bi reshaval konflikti na nachin kako pred 60 god…chovechkiot mozok ne evauliral tolku brzo. Misijata moze samo da se definira kako fantazija koja sekoj ja ima
 
ne veruvam i deka e neminovnost poshto se moze i bez tie "alatki"

Od edna strana e chovechkata radoznalost a od druga komocijata koja saka da si ja dobie. So zborot miisija se stavame nad se(znaci gospod) a se ushte nemozeme da go razbereme zivotot na planetava do najmaliot detal, da ne spomnuvame odredeni organski sistemi (vo dlabinite na okeanite na pr).

chovekot se shto kreira e so cel eden den da sedi i so prst da ne mrda bez razlika koj vid na energija kje se pretvora vo koj vid...a komocijata i fizichkata neaktivnost vodi kon samounishtuvanje. se e vo svrha na olesnuvanje na svojot zivot a ne na zemjata i na site nejzini ziteli (site bioloshki sistemi).


Не е мисија туку е неминовност.
Еве ти дел од една моја семинарска, сум го ставил и на кајгана, ама не можам да го најдам.
Вештачка интелегенција
 
ne veruvam i deka e neminovnost poshto se moze i bez tie "alatki"

Od edna strana e chovechkata radoznalost a od druga komocijata koja saka da si ja dobie. So zborot miisija se stavame nad se(znaci gospod) a se ushte nemozeme da go razbereme zivotot na planetava do najmaliot detal, da ne spomnuvame odredeni organski sistemi (vo dlabinite na okeanite na pr).

chovekot se shto kreira e so cel eden den da sedi i so prst da ne mrda bez razlika koj vid na energija kje se pretvora vo koj vid...a komocijata i fizichkata neaktivnost vodi kon samounishtuvanje. se e vo svrha na olesnuvanje na svojot zivot a ne na zemjata i na site nejzini ziteli (site bioloshki sistemi).


Еволуцијата не оди во насока да ја изрази човековата пасивност и натамошно неангажирање на човековиот ум....Баш напротив, приоритет ќе му се даде на она што се нарекува душевна рамнотежа,издигнување на човекот над материјалното .....
 
so eden zbor kazano "Komunizam"...ehee kaj e chovekot od to

i na balkanot se proba od feuralizmot da se preskokne kapitalizmot i odi vo komunizam so socijalizmot kako predshkolska za komunizmot..kako zavrshi to covecko samo precenuvanje znaeme site..

Еволуцијата не оди во насока да ја изрази човековата пасивност и натамошно неангажирање на човековиот ум....Баш напротив, приоритет ќе му се даде на она што се нарекува душевна рамнотежа,издигнување на човекот над материјалното .....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom