S
Sith_Lord
Гостин
Ај да ја разгледаме причата за Јов фор а моумнт...Сатаната КЛЕВЕТЕЛ, го клеветел Јов дека е верник, дека верува во Бог само затоа што се му идело мазно и имал материјални добра, Сатаната се сомневал дека Јов ке продолжи да верува во Бог ако го задесат страшни несреќи, но знаеме како завршува приказнава нели...
Сатаната го клевети дека не е вистински верник, дека човекот верува само на полн стомак. Суетата Божја е повредена. Се клади со Изноугуд дека Јов е lean, mean, worshipping machine. Тој му дозволува на Сејтн да го подложи Јовица на бројни искушенија. Имено- му го зема целиот имот, му ги убива децата, го остава без ништо свое. Јово наш одлучува и понатаму да верува. Тоа е свесна одлука, демек си ја преиспитува вербата и одлучува дека сепак таа е посилна од несреќите кои му се случиле- Бог знае што прави подобро од Јоцо, тоа му е работа како Врховен Главоња Над Сите Главоњи. Евр.
Сатана не би бил толку бед ес мадрфакр ако не предложи уште поружен начин да го искуша Јов. Имено физички да го измачува, без дозвола да го убие. (Ова дали е поружно од тоа да ти утепаат десет деца не знам, бат ај хев фејтх ин д Бајбл. Д Бајбл ноуз бест. Јеа.)
Назад на муабетот- Значи, Јорданчо почнува се повеќе да наликува на пица капричиоза со појше кечап, се витка од болка, му се темни, а башка другарчињата го обвинуваат дека се му се случува бидејќи тој грешел и сега го стига казната Божја.
Јоланда ги игнорира сугестиите од жена си да го проколне Бог и да умре, се грчи во агонија, но неговата верба е силна, неуништива, прекалена во огнот на страдањето енд ол дет шит... Таман ја мислам овој ќе го одјебе наш дедо Боже и ќе рипне од некоја карпа, еве го Џехоува. Дош'о, па добродош'о.
Јовица нормално има неколку прашања. Вие не би?
А Бог?
Бог се однесува како амерички адвокат од филмовите што ги фаќам во 2 насабајле кога ќе се приберам дома- мудро и вешто избегнува експлицитен одговор. Наместо тоа кука околу тоа колку му е него заебано да управува со цела планета, како никој не може да го разбере, но и како тој е Врховен Владетел, Крал, Газда, Хед Нига Ин Чарџ, и како кутри Јоцо не смее да си дозволи да го испрашува него- Она што биднало биднало- еве ти Јово дарлинг нова куќа, нови оригинал овци, нови деца, а она прееска нема везе. Уживај.
Мојата поента е дека нема поента. Господ, чисто у кладба со Сејтн го заебава Јоцо до пм и назад, а Јоцо бара повисоки разлози.
Ги нема. Господ решил да се позаебава малку.
Нормално, можеме да ја гледаме дидактичката страна на причата- дека сите ќе бидеме подложени на искушенија во одредена точка од животот, но дека нашата верба не смее да попушти, дека мораме да се надеваме дека постои поголема причина за верба од перфидни облози помеѓу небеските авторитети. Уатевер.
Мене ми е целата работа барем засега, премногу замрсена.
Sith