што имале потреба Адам и Ева да го спознаат доброто и злото?Бог ЈАСНО им укажал да не јадат од тоа дрво? ШТО ИМ ТРЕБАЛО ОД ЦЕЛА ГРАДИН АДА КАСНАТ БАШ ОД ТОА ДРВО? Но, Ѓаволот бил лукав, ги убедил дека Бог со тоа што им забранва да јадат баш од тоа дрво всушност им крие нешто.Адам и Ева се посомневале во Бог, помислиле дека Бог ги лаже, се возгордеале и ја прекршиле Божјата заповед...
Луцифер е името на омилениот херувим, а потоа паднатиот ангел или сега попознат како Ѓаволот Сатаната...Трите шестки се неговиот број (според библиската книга Откровение) и тој број ке го имаат тие што ке му се поклонат нему во иднина...
Што имале потреба... Мислам дека не си свесна што кажа!!!:nenene:
Господ го создал човекот по својот лик, ЕЕЕЕЕЈЈЈЈ!!!
Тоа не значи дека ние имаме сличен физички изглед туку мноооогу повеќе. Создадени сме како самостојни единки со моќ на расудување, со дар на плодотворење и креација, со неотуѓива слобода и индивидуалност, со силата на разумот и благодетта на самосвеста.
Со сите овие позитивни карактеристики се подразбира дека ние сме создадени од самиот почеток со способноста да разликуваме помеѓу доброто и злото. Како битија ние поседуваме неотуѓива слобода поради целокупноста на способностите кои ги имаме.
Слободно битие одлучува самиот за себе, истовремено ја презема одговорноста за своите одлуки!!!
Не може слободен човек да го држиш под команда бидејки нема да е слободен. Тој ќе биде само едно обично стадно животно со
дозвола за постоење.
Со твоето, но и на твоите, инсистирање на буквално сфаќање ти самата, индиректно, а и директно, на Господ му ги даваш истите карактеристики на неслободното стадно животно, нели, та сме создадени по негов лик.
Не те прашав кој е луцифер туку што означува тој!!!
Бидејки е повеќе од очигледно дека не знаеш јас ќе ми ти кажа мило!!!
Како прво и основно, ВО ТОЈ ДЕЛ го имаш она што потврдува дека библијата не може секој да ја сфати правилно:
Тој што има моќ да осознава нека внимава на бројот бидејки е човечки број!!!
Во нумерологијата бројот 6 означува човек. Трите шестки укажува да се внимава на времето кога човекот ќе се соблазне да се помисли себеси дека е Бог, односно ќе заборави на Господ и вредните правила на живеење.
Значи ќе се смета себеси за Бог и ќе бара од другите, кои патем, се сметаат себеси за Богови, да го обожуваат или поедноставно ќе дојде до појавата на
атомизам наместо индивидуализмот. Каде што релативниот морал ќе владее, каде хаосот, себичноста и поробувањето на умот во колективизираноста на машината („државата“ како врвно божество) ќе царуваат.
Каде што брат ќе биде против брата си поттикнато од алчност и суета. Каде што човекот (мноштвото) ќе ретерира од слободно битие коe суштествува во општество во стадно животно кое добива дозвола за неговото постоење доколку се приклони до ставовите на колективот.
Ти звучи ова познато?