Веронаука во училиштата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Веронаука во училиштата?

  • да

    Гласови: 74 34,1%
  • не

    Гласови: 143 65,9%

  • Вкупно гласачи
    217
На што го базираш тој заклучок.
1. Дали си ја истражувал таа тема па си дошол до таква констатација
2. Или така ти се чини невозможна али не знаеш зошто

Не сум ја истражувал темата.
Ама претпоставувам дека сум во право.
 
Зборувам за почеток на сите религии. Паганство бе, богови на сонце, месечина, реката, огнот, обожување на животни и растениа, клањање на луњата. Почетокот на религиите.
Можам само за лулињата да кажам дека се доста вклучени во дополнителната настава вон школските активности... после тоа следуваат молитвите кон божествата на полцицијата да имаат милост и кон божествата на земјата да ги искрепат до дома... корисниците (верниците де)
 
Биологија и веронаука? Мислам дека тоа би било премногу збунувачки за основците, посебно за оние до 4то одд.
 
Јас сум од секогаш против ваквите и слични идеи за верско воспитување во училиштата.
Ако родителот како родител сака да го воспита своето дете во духот на некоја религија може истото да го направи и дома. Нема потреба од такви глупирања по училиштата.
Понатаму...колку што сфатив ќе предаваат поповите и оџите што значи дека станува збор само за Христијанската и Муслиманската религија.
Што ако родителот е евреин или пак можеби будист? Што ако е атеист?
Колку само негативно и збунувачки ќе издејствува сето тоа врз размислувањата на детето кое сеуште го прифаќа она што му кажуваат.
Дефинитивно ПРОТИВ !!!
 
Што толку паника кревате за учење на религија во училиштата, не е ништо страшно ако дознаете нешто повеќе од вистинските луѓе. Можеби некогаш ќе ви се најде тоа знаење.

п.с. Никој нема да отиде до цркава да си го прошири знаењето на своја рака да не се лажеме.
 
Јас сум за, ама само ако предметот го направат како што треба да биде- веронаука. Наука за религиите. Ќе се учи историја на религиите, од паганство, до многубоштво, па христијанство, будизам, ислам, се со ред... Ширење на секоја од религиите, што проповедаат истите, нивни начела и симболи, процентуална и географска распространетост и така натаму.
Значи учење за религиите, СИТЕ религии и нивните карактеристики, тоа би било корисно да се знае, плус ќе помогне во тоа ученикот да се пронајде себеси во некоја религија, зошто ќе има можност сите да ги запознае одблиску.
Би бил всушност предмет сличен на историја, секако изборен.

Ама кај нас ако воведат, тоа нема да биде научен предмет, туку проповедање на христијанство/ислам. Таков предмет во никој случај не треба ни да постои, а камоли да биде задолжителен. Ќе ти дојде поп (оџа), ќе ти отвори Библија (Куран), ќе ти дае за домашно да го научиш Евангелие по Јован (било кој извадок од Куранот) и после ќе те оценува. Каков е тој предмет?!
Најосновен проблем е сепак тоа што кај нас ретко има училишта кај што одделенијата се чисто муслимански или чисто христијански. Што значи ќе настане конфликт, ниеден религиозен родител нема да сака на неговото дете христијанин да му се проповеда за исламот, и обратно.

Нека си отворат религиозни школи (какви што и веќе има уствари, пример попското во Драчево), па таму нека учат религија тие што тоа си го одбрале. Во сите школи никако.
 
јас сум против и уште што нема да измислат овие од министерството:nesvest:
 
Па, не го измислија тие ова. Ова се крчкаше, охохооо.... Одамна, памтам овие владициве заговараа веронаука во училиштата.
Па нормално да си ја прошират клиентелата. И еве дури сега начекаа погоден момент, дојде на власт партија со демохристијанска идеологија што си ја обликува државата според нејзините гледишта. И тоа ти е.
 
апсолутно да, криво ми е што кога учев јас немаше
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom