Јас сум за, ама само ако предметот го направат како што треба да биде- веронаука. Наука за религиите. Ќе се учи историја на религиите, од паганство, до многубоштво, па христијанство, будизам, ислам, се со ред... Ширење на секоја од религиите, што проповедаат истите, нивни начела и симболи, процентуална и географска распространетост и така натаму.
Значи учење за религиите, СИТЕ религии и нивните карактеристики, тоа би било корисно да се знае, плус ќе помогне во тоа ученикот да се пронајде себеси во некоја религија, зошто ќе има можност сите да ги запознае одблиску.
Би бил всушност предмет сличен на историја, секако изборен.
Ама кај нас ако воведат, тоа нема да биде научен предмет, туку проповедање на христијанство/ислам. Таков предмет во никој случај не треба ни да постои, а камоли да биде задолжителен. Ќе ти дојде поп (оџа), ќе ти отвори Библија (Куран), ќе ти дае за домашно да го научиш Евангелие по Јован (било кој извадок од Куранот) и после ќе те оценува. Каков е тој предмет?!
Најосновен проблем е сепак тоа што кај нас ретко има училишта кај што одделенијата се чисто муслимански или чисто христијански. Што значи ќе настане конфликт, ниеден религиозен родител нема да сака на неговото дете христијанин да му се проповеда за исламот, и обратно.
Нека си отворат религиозни школи (какви што и веќе има уствари, пример попското во Драчево), па таму нека учат религија тие што тоа си го одбрале. Во сите школи никако.