Вашите пијани искуства :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Само губам рамнотежа , со умот досега секогаш сум бил тука ... :P :ROFLMAO:
 
Сме урлале сношти со сестра ми во два како нездрави, а поминавме само 5-6 страни, какви ве има само ... :pos::pos:

Инаку кога почнав, да се исповедам и јас со моето најгроги пијанство : Се деси на 13.02.2012, значи пред точно 1 година и 3 дена, понеделнички. Претходната ноќ (неделата) скапав од учење и бдеев над книгата цела вечер, бидејќи од 8.00 го полагав најтешкиот предмет од тој семестар. Немав никаков елан, веќе речиси предаден и немав голема надеж околу положување. Заврши испитот, ги оставам листовите на катедра, излегувам од амфитеатарот и осетив како 10 кила да се имаат симнато од мене, олакшање до недоглед. Фаќам такси, влегувам и ми ѕвони телефонот. Другарче што студира во Италија ми вика : - Ајде да се видиме, пристигнав пред некој ден. - Јас му враќам : Може, ама ќе седнеме прво да јадеме, оти сум прегладнет, па после ќе пиеме кафе некаде. Дил !

Седнувам јас во една пицерија, порачувам 2 пастрмајлии за јадење и си викам 'Ај ќе го пречекам со еден бокал вотка, оти знам он ужива во неа' (а и да се опуштам малце и да ми падне тензијата од испитот). Пристига он, му светнаа очите кога виде што има маса и почнавме. Јадевме шо јадевме, ја почнавме вотката. Го испивме бокалот, он вика 'Е што сега на 1 само ли ќе останеме ?'. Ајде втор .. Стигнавме и до трет. После третиот, убацуваме у лер, келнерот ни носи една голема тацна лешници, бадеми и сл. апетисани и сменивме на Туборг. Испивме по 2-3 и другарот ми вика ајде ќе се префрлиме у една наша кафана подолу. Саатот веќе 2-3 дојде, а ние седнавме околу 10.00. Јас му викам : Бива, ама ќе поминеме со таксито од кај мене да земам само нешто. Пијан мозок, гледајте каде ме носи - Влегувам дома, земам од подрумот неотворена флаша Смирноф и му викам : Нека застане само таксистот на кратко пред Тобакото да земам едно украсно ќесе, ќе се направиме луди демек ти е роденден во кафаната o_O. Газдата е наш човек, нема да замери и од него ќе биде јадењето и другото пиење. Овој почнува да се смее и ми дава рака.

Влегуваме во кафаната и правиме сцена. Се поздравуваме прво со газдата и јас почнувам да го гушкам другарот, да му ги тегнам ушите, родененски желби му посакувам и му ја ''поклонувам'' вотката :rolleyes:. Седнуваме двајцата у сред кафана, пристига мезето и ја затепуваме флашата. Ни се придружија уште две другарчиња, на кои им свртевме. До кај 5 часот се собра голема клапа, почнавме да забегуваме по малце, па се преместивме во горниот дел на сепаре, каде нема никој да не гледа. Ја докрајчивме таму јас со другарот вотката, се вративме пак на пиво и тука веќе ми се во магла неколку часа. А околу 6.00 се деси најголемиот ексцес. Вртам на една другарка и и' викам : Да се нацртате во барот за неколку часа, вечер има караоке. ПЕТОК УБАВ ДЕН Е ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ! А нема врска, понеделник цел ден :icon_lol:. Ми го слушнаа муабетот сите на маса, ми удрија по еден искривен поглед, ама јас толку пијан што не можам да укопчам што е работата. Додека ме убедат дека е понеделник, поминаа 10 минути.

После тоа почнаа да ми паѓаат очите и прв ги напуштив. Таксито ме остави пред еден другар, се испружив едно здраво пред зградата негова, како не се прекршив не знам на ледот. Се собрав некако, направив мал ремет кај него, а и они си гледаа циркус од мене. Дојдов малце при себе, гледам не ја бива работата и стасав пешки дома. Одма, како ракета у кревет, а саатот едвај осум. Се будам во 12 ипол, главата ми тежи триста. Гледам леген до креветот, ама празен (моите мислеле дека ќе си ги истурам цревата). Ја примеќам сестра ми седи на ПЦто и ја прашувам : Ептен голема катастрофа се деси ? И она само се сврти и ги стегна вратните жили и вилицата (го знаете оној израз, кога некој сака без збор да ви каже дека е лоша работата). Другиот ден извинувања и слични последователни ствари, али најбитно брзо ми простија дома.


Тоа е најлошото мое пијанство :D! Значи сума-сумарум испаднаа едно 700-800 мл. вотка и околу 5 пива, ненаспиен, истоштен од испитот, ме тресна од земја. Сум бил пијан и други вечери (тоа уствари не беше вечер, сред бел ден:eek:), сум испивал и повеќе, сум повраќал, цели вечери се ми биле во магла .. Ама да заборавиш КОЈ ДЕН Е ?! Тоа мислам втор пат не го искусувам ....
 
Прва фаза глумам дама...:pipi: Манири.. позирање... Втора фаза почнувам политика да разлагам, се контрам, солам памет, исправам криви дрини и пушам цигари ко ненормална. Трета фаза ''СИТЕ ВЕ САКАМ'' или ''ГУБИ МИ СЕ ОД ПРЕД ОЧИ''. Обично ми викаат такси до дома, пошто тешко дека ке си идам сама по своја желба.. Еднаш една девојка за врат ја фатив.. :mad: (брука) не знам од која причина, и по гробишта со мотор се возев со една другарка.. но од тогаш се контролирам 3 пијачки доволно ми се неќам да ми се смеат.. :)
 
Ко Тошо на клипов околу 1:00 е така ја на клупата спроти домот на Мајка Тереза оваа нова година :D

Значу лудило еј,имаат и слика од мене другарите XD таа вечер беше магија XD


Пази порака за нова година

Strojna novaa site ve sakaaam magijaaaaaaaa

Пратено на 23ца.

Повратните пораки беа :pos:

И сабајле си следи ептен познатата реченица
Никогаш поеќееееееееее XD
 
Св. Трифун 14.02.2013, од секогаш го славам нашиот празник не се замарам со други, ама овај пат осетив сосема друго искуство. Демек на овај празник се пиело црвено вино, јас повеќе од една чаша црвено немам пиено никогаш (ракија, жестоко или бело вино во големи количини поднесувам) ама црвено ич. Беше што беше, вечерта весело без изгледи за осветлување филм, се враќам дома во 4 сатот и во 8 едвај ме стануваат за на работа и тогаш најакото. Пробвам да се сетам што како беше, слабо, дупка, се некој секвенци, не поврзани работи ми текнуваат. Одам на работа уште пијан упм, глата тапан 1.5 L вода испив до 12 сато, џабе не помага. Се вратив дома легнување и спиев едно добри 12-13 сати без престан. Наравучение, во виното нема вистина поготово во црвеното, на моја кожа го осетив тоа :pos:.
 
Кога ке се напијам малце повеќе од доволното почнувам на цел глас да се дерам доброоооооооооооооооооооооооо или важ(6)иииииииииии :D
 
море добро си е човек кога малце ке се загрее......мене ми требаат едно 10 тина чаши.....за во диско да се размрда малце телото да не е кочан......а гледам сите обично пред излегување се запиваат ....епа ние не...ние пред да си појдеме накај дома се запиваме на големо................се случува дури и шише вино по човек да се испие за 10 минути хаахаххах :facepalm:
 
Не ме фаќа многу, ама кога ќе се здрвам убаво, се понашам како најголем сељак :icon_mrgr: Летото во Берово се направив летва и на пијано смував една што ни во најлош сон не би го направил тоа:facepalm: Нормално девојчето не ми прави ни муабет сега, ама си ја научив лекцијата, ретко да се напијам повеќе, си имам граници. Кај некои малку потешко иде па и од три чаши се прават тралалајки и не можат ни да стојат. Повеќето женски, да не набројувам сега примери:pos: :D
 
Минатата среда се договоривме машките од класот да излеземе.
Околу 9 одеме кај другарче, прво да се запиеме малку. 2Л ракија на 6 души. Good stuff.
Одиме у кафаната околу 10:30. Таму фешти, отидоа уште 4-5 бокала. Околу 12-1 одеме у дискотека. Таму не знам шо сум пиел оти веќе беше overdose. Дома околу 3, у 7 пола ги нема на школо (едно другарче ни петокот не идеше) :D
Седам прв, втор, трет час, четврти веќе умирам...Завршува четврти, трк у вецето и повраќање :D
Ме виде класната ми кажа да си бегам, по патот накај дома уште еднаш убаво така се исповраќав во една канта.
 
На нова година ... е тогаш било премногу опасно .
Се идеше ко подмачкано , си имав зцртано дека не мешам ред бул и водка , ама .... :facepalm:
Кај 3 а.м одам кај едни другарчиња во локал , трезен , океј си беше, ама арно се најде еден мој другар со водката в рака и вика :“ајде кој побрзо ќе ја светне!„
- тогаш почнаја тие моменти на трипање , јас : кој друг може да ја испие цела ?
и така се деси...малце по малце , не беше она кој прв ќе ја светне ама ја снема , цела водка + ред булче и можете да замислите ... Ја испив шо ја испив без подршка водката и ајде да се враќам во мој локал , повесел така размрдан , делуе ама уште не до толку и влагам у локал се дешава шо се дешава 15 минути и оп А1 стапуе на сцена ... нишо , поцрно од црното ... ма нема поцрно од ова.... :P и од 15 за 4 како што видов последен пат на саат до 7 нишо не се сеќавам ...
Ама затоа се другарчињата да ми ја раскажат цела хорор случка : од смеење како лудак до паѓање во бесознание на секој 5 минути .... Вака било според раскажуење на другарите : Сум се потпрел на пенџерче и тука да ти имало завеси и мене ми сметaле и сум почнал да ги тегнем , се попаѓало , и одма реагирале овие ме седнале на столче и почнале со испрашуење да вида дали е се во ред со мене .... ама јас таков удрен како што сум бил не сум им покажуел знаци на живот .... дечкиве се преплашиле почнале да ме маваат со шамари , вода прскање ова - она ... ама јок , мртов ладен ! Решаваат да викаат амбуланта , ама јас пошо алергичен на такви ставри , болници , ова - она ... сум собрал сили и сум станал некако ништо не ми е бе дечки ! добар сум ... и добро се смириле шо се смириле , ми дале малце да се освежим со вода , сум пивнал шо сум пивнал , али беља ... седење на столче и одеднаш сум се изгубил начисто , трас доле .... кома човече .... овие пак враќање у живот прскање со вода , ладeње , шо знам шо не примениле и ете ти пак амбуланта спомуваат , токсикологија и сум станал пак на нозе ... сите овци ми биле на број кој ќе спомнеле дека ќе ме носат во болница ! 3 саата се расправале со мене , не можеле да ме задржат - сум им испил две литра кока-кола у тоа безсознание .... жеден сум бил ... дехидриран од такво пијанство ..... незнам како не сум добил тровање .
И тие сироти , толку искусни место да ме трезнат , тие ме држеле во живот со математички задачи :facepalm:
Накај 5 саатот сум собрал некакви сили , сум станал да си извршам нужда , ме однеле во вц и ја сум се заклучиле ... нензам како не приметиле ( прашање е колку биле трезни ) .... и таму почнува ново спасување на мојот живот :нинџ: ... сум заспал сирот јас , успеале да ме дигнат на нозе кога почнале да зборат за болница ... па сум се натегнал некако сум отворил врата ( страшно ) .... после тоа ми пристудело ме однеле на радиаторче да се пригреам малце и 2/3 минути милина , убаво топло и тогаш почнало оставање на црева низ цел локал . после тоа накај 6/7 дојдов при свест , ама пак што се сеќавам , што не .... знам почнаја преговарања за тоа како ќе одам дома !
Јас не попуштав пешки одам па што сака нека биде , они не такси ... ама имам некоја чудна навика кој пијам , после тоа и незнам каде и да сум , дома сакам пешки да си одам и точка ! Сум победил .... накај дома ме однесе едно другарче , си претрпело маки со мене , плус лизгаво за никаде ... два-три пати сум се опнал на земња г’з преку глава , некако успеал да ме однесе ... и пред да легнам што се сеќавам беше : јас влагам во врата целиот уплашен моите дан ме видат ( бруки ) .... влагам во соба све ми е наопаку , некако сум се пресоблекол , знам го промашив еднаш креветот сум се патосал доле ... .ама сум успеал да легнем и тогаш сум почнал да ги оставам цревата у кревет.... :facepalm:
УЗАС ... сабајлето станувам и што да видам ? цел кревет повраќанца ! :notworthy:
Ме држеше тоа пијаното цел ден .... нема да си дозволам ваков срам следен пат , посебно не мешање водка и ред бул .
 
Во петокот бев кај дечко ми. Ми даде пиво. Прво ми беше смешно се. После откога си легнавме не го оставив на мира. Го штипкав,бакнував и го напалив толку многу. Имавме едно 4 партии секс и после сум заспала. Другата ден ми рече дека веќе пиво само ќе ми дава ко ќе сакал да се сексаме :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom