Вашите пијани искуства :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Пијани искуства.... ги немам некои позначајни освем квалитетно преспивање во кадата и влечење на тие кои пиеле со мене (а ептем пиеле без осет), нема што друго да се спомене, секогаш било без крв и инциденти а паѓало доста смеа.
 
Најсвежо пијано искуство, пред 10 дена! Бев на свадба во Србија, поминува сите тие ритуали (пукање, купување на невестата, матично, црква..), и доаѓаме во ресторанот... Седнувам на маса и ме прашуваа - Што ке се напиеш?? - Ја викам пиво! Ми носи пиво го пијам цело, станувам да играм и гледам ми донел ново! Го пијам и тоа па пак ми носи ново и така кај четвртото сакав да му речам не ми носи веќе и тој до мене ми вика - Абре буразер, брига те, немора да возиш! Го послушав и испив 8 пива и 3 јегермајстер и бев камен:party1::cug:! Татко ми се искина од смеење и секој ден ме заебава за тоа. Плус скршив 3 чаши и доојде келнерот и ми рече наредниот пат кога ке сум дошол ке ставеле пластични чаши!
 
Зависи каде се наоѓам и од друштвото...:cug:Инаку кога сум пијан најчесто правам некои лудории па сите се смеаат со тоа...а најважното секогаш пеам:helou:
 
Крајот на ноември беше.Кај школски еден бевме.Јас ретко пијам,но таа вечер бев супер расположен.Не знам ни колку испив,ни што пиев,а утредента главата ќе ми испукаше.Но,битно закон беше :icon_lol:
 
ги има толку многу што можам библија да напишам ...
ај за последното,беше завчера, први мај ама вечер кај другар во стан.. прво "зелените марсовчиња" па после со пиење.. земав една чаша полна водkа чиста,една чаша бело вино и една чаша црно... (ко мало дете божем првпат пијам:S ) и трчанката до мојата сакана (вц шолја) да и кажам шо се десило:P Не бев нешто пијан ама такво мешање не ви препорачувам,а и првпат измешав после 3 години кога го имав најтешкото пијанство во мојот живот за кое ќе ви кажам кога нема да ме мрзи да пишувам:P
 
или плачам и сите ги мразам или се смееам и тресам зелени на сите страни....зависи како ќе ми се погоди денот!
 
оооо сум имала многу,но пред неколку години т.е во лудите години :smir: сеа тоа ми е смешно преначукување сепак не сме веќе во пубертет...до пред пола година пиев скоро секое искачање али сеа ми е преживеано веќе тоа...некако многу си се сменив во однос на пијанството како и одредени седенки на одредени места:smir: ок некад праам исклучоци со пијанството ако е во прашање локањето на коњаци со мојве ортаци али еднаш месечно:vozbud: неможам на 21 година да живеам како да иам 16...пројде тоа време....:smir:
 
Е не можам бројка да напишам сега :) Ама првото беше во прва средно за нова година (јеби га, ние сме последната патријахална генерација, сега првите пијанства им се во второ одд.). Од тогаш натаму редовно се уништува џигерот, со повремени јаки пијанства. Најакото беше во Охрид, за тродневна екскурзија, си земавме од Пештани Џони 1л. и јас бев задолжен да го чувам. И како исекој верен чувар, си излегов на тереаса, си се опрчив на стол, кутија цигари...и гледајќи ја Биљана како платно белеше на езерото, отидоа 14 чашки. Е после тоа џумбус. У соба кај мене, другар носеше трева, па распалување и тоа, па после доле у диското, па таму уште пиење...и во средината на ноќта ме нашол другар ми како слатко си спијам на прагот понеѓу WC и соба. Имаше уште случки, ама не се за кажување. :helou:
 
Моето прво пијано искуство беше при крај на прва година средно, кога од клас правевме приватна журка кај другар у викендица :) Во средно сум имал еден куп такви лоши искуства, ама сега не, одаааамна. Сега си пивнувам само колку за загревање :smir:
 
Само еднаш сум се опил да не знам као се викам..Тоа беше пред 4 години на нова година...Другарите ме однесоа дома..Абе брука..
 
Нема што да споделам:salut:
 
На Св.Трифун оваа година нај јако се имам опиено.Измешав многу алкохол-пиво,вино,коњак и дома кога си дојдов 3 пати повраќав.
 
у рана фаза сум весел и зборам со 100 на саат , али подоцна ме фаќа некоја дремка и не мрдам као Стуб сум...
 
последно коа се опив испив 1л црвено домашно вино(чисто) и во дискотека со екипа бевме испив 9 коњака и мислам дека бев милионер....ама затоа во 5 сабајле ја на клупа неподвижен си пијам Кожувчанка со лимон :pos2:
 
Многу пијанства , мал период .
Се дешавало по цела недела да пијам , пиво за доручек ..
Најчесто или сум весел па се заебавам , или плачам (Ватафак , машко сум!) ,или ако сум изнервирам пцујам џандари (додуше ова и на трезно).
Тоа ќе да е .. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom