Вашите готварски бламажи

Уф сум имала неколку неуспешни обиди да напраам бајадера колач, ама џабе. Првиот пат ми излезе мрс невиден, а вториот пат да ја вадиш од тава со полиција - не излага :pos:Па сеа веќе не ја праам :pipi:
Имав исто и неуспешен обид за мекици, коа место форма за мекици добив форма на амерички корфни :icon_lol: И затоа не научив да месам :icon_mrgr:
 
Лол ме потсети на една случка од детството.
Бев некаде 6-7 одд. бев сам дома и решив тој ден да биде првпат да пробам сам да зготвам нешто. Изрендав компир и сакав да го испржам тоа ренданото... ц ц ц, мислев ќе излезе нешто како ситен чипс или што ти ја знам што.
На крај излезе нешто недефинирано како дебела палачинка што директно заврши в канта. Тенџерето го измив и тоа беше тоа, никој не разбра за оваа моја бламажа.
:tapp:
Па мора да кажам идејата у основа ти била интересна лол
 
ххаахаах има многу случки...
се сеќавам кога првиот пат готвев.. правев леќа.... да просто е :D ама за деца и тоа е сложено..
си ја напраив толку добра шо зрнцата ги бркав внатре ... плус забораив запршка да напраам.. па така фино лепо заврши во шоља сето тоа.
друга случка ми било кога пробав да направам molten chocolate cake ... се убоо си испадна смесата, арно ама немав такви калапчиња.. нити успеав да најдам по продавнициве, па решив смесата да ја ставам во шољи за чај (иако не бев сигурна дека ке ја издржат темп) и наместо да ги наполнам до пола.. јас така малце ги преполнив.. па кога ја отворив рерната да ѕирнам шо се дешаа... беше ужас... се растече сета смеса и ништо не испадна од нив.. толку ми беше криво затоа што ствр беа вкусни ама на ништо не личеа.. плус се залепија цели на шолот :D и со тешко срце морав да ги џитосам...
 
Иначе сум се зезнал еднаш така кога сакав да направам тулумби. :D
Формата им беше никаква, ама за среќа убав вкус имаа па тоа ме извади, и после имав многу за средување кујната. :LOL:
 
Пред неколку години решив да си испукам пуканки, ставив цел филџан зејтин, требало да го држам тенџерето а јас ги ставив пуканките и отидов до надвов, кога се вратив по 2 3 минути што да видам, дома зачадено, зрнцата од пуканките црни, ужасно беше
 
Јас немам некои готварски бламажи зошто не се мешам таму кај што не ми е местото. Знам да правам кајгана или тост, да сварам виршли, и толку.

Инаку една моја бламажа, не е готварска, ама ете се случи во кујна, кога бев прва средно. Ми дојдоа два другара од клас и ми викаaт ај свари кафе, а ја врска немам како, башка немам никој дома.

Али ајде, шо го ебам, земам ѓезве пуштам рингла и чекам да зоврие водата, ист принцип ко правење чај. Зовре, ставив лажица кафе и во истиот момент од сеуште непознати причини ѓезвето еруптираше, ме исфлека мене по ракавите, цел шпорет лом го направив, овие ми се згазија од смеење и така.
 
Си ми отворил тема :pos:
За зденките веќе раскажав на што личеа.
Пред две години колешките ми кажуваа за некакви кори кои биле само за бурек. И јас така пуна себи ќе правам пица бурек. Прочитав се што треба да се стави како се реди и го ставив да се пече. Арно ама релната печела само горе, а не и доле. Така да кога ја извадив тавата горе беше речиси црн, а доле жив. И бидејќи во принцип никогаш не си го фрлам својот труд, се обидов да го одвојам печениот дел. И така цело попладне се виткав од стомачни болки.
Уште една бламажа која ми текнува е кога се обидов да направам семеен ручек и како врвен готвач се одлучив да направам увијачи. Стекот мал ни да го исплескам го стуткав, го наред и на еден увијач ставив преку 50 чачкалици. Сите тие топки ги ставив во загреан зејтин и за 5 минути изгореа од горе, јас мислев дека се готови. Поставив декорација и ги послужив моите. Они гладни од работа цел ден тискаат како да немаат поубаво јадено ( и плус да не ме навредат мора да јадат). Така да кога почна да врие тоа месо во стомакот имаше да се видат смешни реакции :)))
 
Пред неколку години, додека седев на стан под кирија со цимерите, имавме адет чат-пат да зготвиме нешто. Таа ден, јас ставив на ел. шпорет да се свари бел грав со скараџиска колбасица, оти предходно ептен го бендисаа. Кујната беше преку една соба, а во таа соба... беше нашиот разузнавачки центар -така ја нарекувавме собата со четирите компјутери, мрежно поврзани, со интернет, и на кои постојано кога бевме дома игравме Counter-Strike.

И така, додека чекавме ручекот да биде, фативме да изиграме некоја партија... една по една, беа поминале повеќе од два часа, на храна сите заборавивме, водата изврела целосно... гравот и колбасот почнал да гори...

На врата заѕвони комшијата од спроти, рече: “Абе деца, нешто гори кај вас?“ Рипнаа цимерите, преку трпезаријата до кујната.... BOOOOM!!! Steam Bomb... Партијата кантер ја изгубив оти бевме договорени да не играме “педерски“ со такви бомби. Дното на тенџерето беше уништено и нерамно, а внатре имаше ќумур колку за една скара да се направи :icon_lol:

Таа ден за ручек јадевме по десетка со кромид и лут буковец.
 
Оцет у шопска.. :tapp:
Али добро, камен бев напраен...

Многу намерно ставаат. Било вкусно и повеќе течност пуштал зеленчукот. Ова за утеха дека не е голема бламажа.:)
 
Се спремам јас да пржам компир, и го ставив тавчето на оган да се исуши малце (да нема случајно некоја капка вода па да прска) И дојде ред да ставам зејтин, кога наместо зејтин шишето за оцет го земав. Добро е што ми замириса инаку добри ќе беа компирчињата ...
 
Јас имав неколку неуспешни обиди со теста:D и тоа за пица(најосновното)! и кифлички пробав еднаш ужассс беа и некои полнети перничиња ..и све тоа беше камен јано камен душо да утепаш човек со нив! хехе Камен ТВрдо ружно!!ужас:icon_mrgr::icon_mrgr: :D и од тогаш не се плеткам со теста има замрзнати колку сакаш у маркети:P
И да некои торти не ми успеееја оние со пандишпан ...и тоа не праам ..така да..слабо..не ме бива :icon_mrgr: али затоа иам неколку специјалитети прсти да излижеш се:pipi::D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom