јас си мислам кузнајт до кај сум,ама понекогаш сваќам дека сум на почеток,и дека иам уште многу пред мене.Најважните работи допрва требит да ми се десет :smir:
Епа вака еве едно мало резиме за тоа кај сум јас моментално со животот:
Брачен статус: Сингл (во последно време започнав со опасни подготовки за напредок на ова поле)
Едукација: Основно образование (генерација 95-03)помина одамна
средно образование (генерација 03-07)помина
факултет (генерациј 07-...) работам на случајот
Работно место: хмз ај усте некое време ке седи празно
Недвижен имот: уште ништо...
Движен имот: Еден велосипед со 18брзини 99година., мобилен телефон и некој ситни работи со мала пазарна , но голема духовна вредност
Банкарска конто: Такво нешто немам, а и да имам ке седеше празно...
Заклучок: Јас сметам дека скоро ништо не сум постигнал , ама сепак продолжувам животот е пред мене па да ќе видиме. доколку во меѓувреме настане некоја промена ќе бидете благовремено известени
19ипол години..
пола факс завршен.
успешна врска.
неописливо лош однос со родителите.
и сфатив дека не сум компетентна да чувам дете кое влегува во пубертет.. :nesvest:
Уште малку ќе завршам со средново... Ќе одам на Администрација на информатиски системи... После тоа на Правен ако успеам, а се надевам дека ќе биде така.
Немам постигнато ништо до сега ама сепак сум задоволна со себе, на 18 год не очекував да бидам директор на фабрика со 5000 вработени, а ниту пак сум. Допрва е моето време, и ќе се потрудам да го постигнам тоа што го сакам.
Jas sum 3ta godina sredno..17 god i super mi e
Potoa planiram da prodolzam na fakultet, dizajn i grafika ili nesto povrzano so umetnost..seuste ne znam.. i taka, koga i da e ke si gi ostvaram sonovite..
20 години,работам,студирам,осигурана сум,а на мои години да тече сташ не е лошо,за 20 години доволно,за брзо си планирам некое бизнисче,ама сега за сега е само план се надевам ќе стигнам да си го остварам,испитите на факс на време ги земам...Во љубовта не се трудам,ама сега за сега ќе си се посветам на мене и на мојата едукација,и на што повеќе успеси...Па како така,кога ќе видиш,со животот,колку толку сум на некое ниво погоре...
Постдипломски на Правен, правосудна насока. Влегов во 22-ата. И чекам....чекам подобро утре, и задутре и после 2-3 години. Сега за сега е тоа, ако има нешто ќе допишам.:wink:
На почеток, до кај може да сум...
19 години, втора на Филолошки, за 2+1 планирам да завршам со образование, па тек тогаш да видиме како ќе тргне животов...
Мислам дека сум уште на почеток. Втора година на факултет, уште една до дипломирарање, па здравје после уште 2 години магистратура, и после тоа ке видиме до кај сум !
мометално сум на голема раскрсница во животот - што понатаму? Завршив со факултет, и сега сум во дилема што да работам, каде, дали утре да го фатам патот за Скопје или сеуште да се понадевам во мојот роден крај да ми се отвори шансата, до кога тоа???
се надевам дека ќе ја изберам правилната насока, зошто моментално тапкам во место. Но сето ова го сметам како затишје пред бура:wink:
во љубовта и семејството добро стојам, за тоа не се жалам,
добро ми беше до сега, но најсериозните периоди доправа следуваат-работа, брак, деца
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.