Вашата ташна!

  • Креатор на темата Креатор на темата sagaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Telefon, Vlazni maramcinja, Balsam za usni, Klucevi, Novcanik, Lepilo za nokti, Orbit, Ogledalce, Neseserce so sminki, Paloma, Konec za zabi, Rexona stik, Parfem, Tamponi... Lele mnoguuuu!!!
 
Мразам ташни/чанти/бла. Треба на лева нога да сум станата за да земам со мене таква работа.
Ретко, ретко, мнооогу ретко носам, а и кога носам, неопходно ми е да е минијатурна и се сведува на телефон, клучеви, марамчиња и мастики.
Да, знам дека фали новчаникот, ама парите другачиjе ги чувам, пошто одамна му откажав љубов на паричникот. :icon_lol:
Ја и ташна... Нат. :pipi:
 
Обожавам чанти и не можам без нив. Некако се осеќам некомплетно ако не земам чанта ко ќе излегвам, а то се десило многу ретко.
Иначе, остај то шо обожавам, многу ми е некако несредено в чанта. Телефон, лабела, сјајчиња, новчаник, маскари, по некоја обетка, паломи, клучој, тевтерчиња, стила.. И најчесто, ко ќе барам нешто а по 30 секунди барање, не можам да го најдам, одма паничам..
И никогаш нема да се смени то и да се научам да бидам малце посуредена.
 
Ееее ко ќе ми текни во пубертет...
Стотката ја клаваш во задниот џеб од фармерките и да те нема.
Немав нити мобилен, а дури после слушнавме и за глоблното затоплување.

Сега и за прошетка надвор од модната писта-корзо морам да земам барем мало чанте.
 
Мојата ташна има остатоци од комбиниран. :/ Новчаник неам, нит шминка, се‘ е расфрлано. Некогаш се плашам да ја отворам. :/
 
Ах целиот мој неред е во неа...
Носам шминки, мобилен, несесер, сметки, накит....
Целата моја несреденост ја префрлам во неа, и можеш слободно да ме сретнеш како клечам и упорно го барам мојот мобилен додека ѕвони:pipi:

исто, не дај боже случајно да ти се истури.. кој срам!:kesa:

... у мојта ташна.... хмм, кога како, ако се брзам најосновното, најчесто се брзам и увек каснам :)
а коа не се брзам : палома, лабело, сјајче проѕирно, сјајче во боја, перли, влажни марамици, улошка дневна и НЕдневна :), упаљачи иако не пушам, чат пат... чешелче, огледалце, парфем, понекогаш и 2, понекогаш лете дезодоранс, мобилен обавезно, новчаник со сликички и л.карта, пенкалца, клуч со голем приврзок овцичка :), чупалица, обетки најчесто алкички или бисерчиња, с`кзи орбит лубеница и аирвејвс палви и цедевита схумско овошје, арпирин и спазмекс :) ... аууу и да, ајпод обавезно.. кога го заборавам мобилниот лечи душа :) .. сигурно има нешто шо сум заборавила...а за не дај боже да клечам на улица :) у последно време телефонот во надворешно џепче иде :)
 
Пред кратко време си купив ташна и многу си ја љубам пошо е многу шарена :).. Иначе у неа у моментов има: згужвана марама, 2-3 фискални сметки, 2-3 автобуски карти, 2-3 театарски карти, обележувач на страни на книга, цветче од цевка, конец за заби (а тука бииил.. фала и на темава, иначе никад немаше да го најдам), крема за раце, бонбони против кашлање, мастики и 14 денари у монети..
 
Ееее ко ќе ми текни во пубертет...
Стотката ја клаваш во задниот џеб од фармерките и да те нема.
Немав нити мобилен, а дури после слушнавме и за глоблното затоплување.

Сега и за прошетка надвор од модната писта-корзо морам да земам барем мало чанте.

:pos: :pos:

Зашо се пронајдов у болдираното ?!?! :):):)

Па ете сеа ја сум у таа фаза...делумно .. Сакам да кажам РЕТКО носам чанта , обично се живо у џеб пикам.....

Лошо...
 
Шо имам в ташна? Пааа...мобилен(ако го заборам се враќам назад по него), новчаник (надуен со монети ми се збирет а немам навика да ги трошам или да ги крупнам) сјај во боја, кармин-сјај не знам шо е(во боја е ама боја не пуштат само светки, важно омилен ми е) лабело, влажни марамчиња, клуч (порано имав голем привезок ама почна да ми сметат и го извајв), парфемче и налето дезедоранс, мало дополнително кесенце за ситници (обетчинја и слушалките од мобилниот) чат пат и пенкалце мојт да се најт. И то. Ак приклам нешо ке се јавам :pipi:
 
кај мене во ташна: мобилен,марамчиња (секогаш), лабело, 1-2 сјаеви за уста,моливче за очи, пари,огледалце и мастики
 
Мојата ташна е голема, црна, со ликот на Џими Хендрикс и ја носам буквално секаде-и во школа, и преку ден во град, во чаршија.
Освен книги(кога сум во школо), има и: лабело, мобилен, коректор, цигари, огледалце, клучеви, паломи, пенкала и ливчиња, шише со вода(обавезно), крема за раце, црно моливче...свашта, и кога ми треба нешто барам 5 минути бидејќи се е нафрлано.
И да не заборавам да кажам-ја обожавам! :pipi:
 
Секогаш со себе носам ташна со различна големина во зависност за која пригода.
Секогаш во неа се наоѓа мобилниот, пари, лабело за уста, пенкало(а), мастики, влажни или палома марамици и огледалце. Тоа би било се`
 
Паричник, мобилен, влажни марамици, клуч, сјај за усни, мастики и толку. :toe:
Не знам за вас, ама јас мислам дека многу лошо стојат големите чанти, па чекај бе, не одам на пат, не морам цело купатило и козметика да ја понесам. Дома ќе се нашминкам и ќе го земам неопходното. :toe:
А не мислите дека би било подобро и слики да ставаме од нашите чанти? Не мора да ги сликаме, може да најдеме на интернет некоја слична. :toe:
 
Mene mi vikaat deka sum ko Vero;)). Se imam vo tasnata
 
Ги имам секакви големини и бои.Обожавам да ги носам, а внатре се разбира најпотребните работи како што е новчаник, лабело, марамици, малечка камера, мобилен телефон, парфем, пенкало, мастики и можеби уште нешто што случајно се нашло.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom