Вашата ташна!

  • Креатор на темата Креатор на темата sagaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Се има во неа:) Новчаник, клучеви, мастики, контејнерчиња за леќи или футрола за наочари, милјарда фискални сметки, еден куп опаковки од рандом ствари што сум ги прибирала за кога ќе најдам канта за ѓубре... И мн друго:)
 
Прво, секогаш има топчиња палома и во нив сувите остатоци од моите мрсули,клуч од дома, обвивки од чоколатца, мастики и слично, мастики, пенкало(ако ме фати инспирација, пишувам кај стигнам),мобилниот, паричник без пари, но со слободна карта за у бус,лабело, стик за под мишка,палома, книвчиња...
 
Основниот критериум за избор на чанта отсекогаш ми бил:да собира А4. У последно време купувам ташни со кратки рачки, затоа што ми се позгодни за контрола, за разлика од оние со долги рачки кои секогаш ги носев на гзот отпозади. Порано имав многу ташни и ги менував, и стално си заборавав нешто битно во другата ташна. Сега носам една зимска и една летна, во неутрални бои за да ми одговараат со све. Кога излегуваме во град, обично ја оставам ташната во кола и си зимам пари за трошење, пошто не можам да се замарам да ја пазам, а додека играм ми смета.

Внатре .. па има свашта, ама сум се научила еднаш месечно да ја освежувам и да ја дефрагментирам. Ај по ред: несесер проѕирен за четка за заби, шноли, влошка, кондоми, понекоја ретка шминка и мини-апотеката; шише вода; телефон; клучеви; тврда футрола за цвикери; крема за сончање; марамчиња; мокри марамчиња; мастики орбит зелени, бомбончиња, 3 упаљачи; кибритчиња; пенкало; УСБ стик; лабело; јавен новчаник со малце пари, картица и многу фискални; таен новчаник со поише пари и возачка; резервна кесичка убаво спакувана... и еден тон ѓубриња кои си ги собирам во недостаток од контејнер.
 
Гледам да избегнам да носам ташна но ако носам гледам да е поголема за да ми собере се.А внатре обавезно има:цигари,упаљачи(обично 2 за секој случај),футрола за наочари,палома,новчаник,влажни марамици,лабело,бомбони фишрмен(јаболко цимет),мобилен,летно време шишенце со вода и еден куп фискални сметки.
 
Ташната моја, само на попот капата фали во неа....
Од мобилните, несесер со шминки(ќерка ми обожава да ми праи уште поголем хаос во неа), рексона, парфем, вл. марамчиња, документи(лична карта, рабона книшка, здравствена...), пенкало, огледалце мало, штипката ако не ми е на коса, секојдневни влошки(морам да ги носам, или да ги пеглам гаќите при секое одење у тоалет), турпија за нокти, пари(кај да е и новчаник ќе си купам), мастики(орбит или ервејвс), наочари.....
толку ми текнува до сеа, ќе допишам ако сум заборавила нешо:pos:
 
огледалце,пари,креон,кармин,лабело,клучеви,паломи,коректор,мастики и мобилен:pipi:....се чудам понекогаш како све ми собира и во најмалите ташнички:pipi:
 
Огледало, чешел, лабело, сјај за усни, влажни марамчиња, кесе, мобилен, парфем, стик, мастики, клучеви, пенкалце и мал бележник во голема ташна.
Во мала: лабело, сјај, мастики, кесе, мини парфем, мобилен и влажни марамчиња. :)
 
Несесерот со шминки,мобилниот и парите :) тоа ми е најбитно..:kesa:
 
Иако сум неуредна практична личнос сум...најчесто во ташна има мобилен,паричник,сакази,запака,влажни марамчиња,фискални сметки,сјај,остатоци од чолокалца,штипка за коса...и сл..
 
obavezno mnooooogu golem neseser so eden kup sjajcinja i karmini , ogledalce, penkala,nekoja tetratka,mobilen telefon , lastice za kosa, nekoja snolka
 
Кога носам ташна (у мојот случај ранец) у неа има
-Лап топ
-Картици(визитки)
-Апарат
-Наочари за сонце
-Маица
-Пари
-Папка со секакви листови во неа
-Пенкала, маркери, стики ноутс енд шит:)
 
не обожавам да носам ташна и настојувам кога е можно да ја избегнам, а ако веќе решам да ја носам,(заради некоја комбинација со облека) често носам во неа небитни работи, не за друго, туку да не изгледа ко спласната :wink:
 
Па имам разни глупости :pos2:
Значи:
-мобилен
-палома и влажни марамици
-сјај и лабело
-новченик (по можност со пари ! )
-стегач
-мастики
-клучеви
-фискални сметки и др остатоци кои заборавам да ги фрлам
 
Јас не ни знам шо има мајке ми!

-марамаици
-антибактериски гел
-по некој стегач
-фискални
-мастики
-мало шишенце парфем
-црно моливче за очи
-лабело
-телефон
-апарат
-i pod
-клучеви
-стегачи и шноли од оние бабските црните
-цигари
-шише вода
-празни пакетчиња од бадеми, кикиритки, фстаци...
-пенкала
-ливчиња оние пост ит, моментално џиш розови:pipi:
Парите и кредитните ми се секогаш расфрлани низ ташна иако и чичко новчаник се бори за живот во хаосот!
Ташната е прилично голема и најчесто ја мкнам секаде зашто е црна и практична а кога треба да ја сменам само истурам се во другата!
Многу бе сум хаотична мајку му! И не ми годи ама ајде де:jaj:
 
Новчаник
Чадор обавезно и зимо и лето го носам
Несесер за шминки, креми за раце....
Несесер за паломи, улошки....
Клучеви
Телефон
Пенкала
Мастики
Влажни марамици и тоа од најголемите паковања:pos2:
Имам и иконичиња од цркава и тие ги носам обавезно во ташна не искачам без нив

Мене уствари многу ми е средена ташната бидејки сите ситници кои обично се расфрлани низ ташна јас си ги стокмив во несесерчиња и секогаш знам кај , што ми се наога:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom