Прво, честитки до фановите на Ноле, заслужено, добра игра, мали осцилации во текот на цел турнир.
Федерер, дефинитивно одличен од Хале до US Open, само 2 порази и двата од Ѓоковиќ во финалињата на Вимблдон и US Open. И двата порази во 4 сета. На Вимблдон можеби не можеше, меѓутоа овде дефинитивно можеше повеќе, трет сет после брејк негатива се врати и беше во можност да направи нов и да води со 3-5, како било. Проблемот лежи во мизерната реализација на брејк топките, само 4 од 22, па тоа го нема никаде, ми се чини дека Федерер си ги селектира убедливо најлошите поени баш кога беше најважно, по брејк топките. Премногу неизнудени грешки, можеше комотно да направи брејк на *3-2 во четврт, а и да се врати на 5-5 во четвртиот сет, не е нормално да испушти 3 брејк топки... не знам дали му се случило на Федерер ова, скромни 4/22 (18%).
Следни возбудувања во Дејвис Купот и тоа овој викенд, од петок до недела. Повеќе информации ќе има деновиве на
официјалната тема, а што се однесува до турните од АТП карактер, од следната недела ќе се играат АТП 250 турнири во Метз и С.Петерсбург, потоа од иста категорија во Шензен и Куала Лумпур, следната недела почнувајќи од 5ти октомври, конечно поквалитетен тенис, АТП 500 турнири во Пекинг (Ѓоковиќ,Надал,Бердих,Ферер,Раониќ,Иснер,Гофан,Тсонга) и Токио (Нишикори, Вавринка, Чилич, Симон, Гаске, Андерсон, Монфис и Димитров).