The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.032
- Поени од реакции
- 3.607
За разлика од другите турнири за кои каснеа темите, додека имам некоја минутка слободно време да ја отворам темава за US Open 2015. Можеби прерано, но сепак главниот турнир почнува точно за 7 дена, следниот понеделник, а веќе утре (25. август) почнува квалификацискиот турнир.
Ова ќе биде издание број 135 на US Open, а бранител на титулата ќе биде Марин Чилиќ кој успеа да ја освои својата прва грен слем титула, токму тука во Њујорк пред нешто помалку од една година победувајќи го Кеи Нишикори во финалето во 3 сета.
Се игра во тенискиот комплекс кај Флешинг Медоус, а главен стадион е Артур Еш (22 000 седишта). Луис Армстронг е втор по големина, но повеќе од дупло помал капацитет има од централниот терен (10 000 седишта). Трет по големина е Грендстенд со 6000 седишта.
Веројатно сите знаете, се игра на тврда подлога, Blue-Green Cement т.е. амерички бетон, нешто поспор во однос на оној во Синсинати и секако со повисок отскок на топчињата. Големи успеси тука имаат серверите од Америка, играчите со добар и рамен форхенд, последните 10 години овој турнир има 6 различни освојувачи, тие се : Федерер (2005,2006,2007,2008), Дел Потро (2009), Надал (2010,2013), Ѓоковиќ (2011), Мареј (2012), Чилиќ (2014).
За женскиот дел од турнирот нема да пишувам премногу, сигурно не сте ни толку заинтересирани. Ќе спомнам дека Серена Вилијамс е бранител на титулата, а доколку ја одбрани ќе ја освои и титулата Year Slam (освојуавње на сите 4 грен слеми во една календарска година).
Како што напишав горе, квалификациите почнуваат на 25ти август, ќе играат по 128 играчи во квалификации од мажи и жени, а ист број на играчи ќе играат и во главниот жреб (128) од кои 16 ќе обезбедат влез преку три квалификациски кола.
Доколку нема непланирани промени поради откажувања и повреди, првите осум носители на овогодинешниот US Open ќе бидат : Novak Djokovic 1, Roger Federer 2, Andy Murray 3, Kei Nishikori 4, Stan Wawrinka 5, Tomas Berdych 6, David Ferrer 7, Rafael Nadal 8.
Главниот жреб од турнирот ќе биде направен во четврток, на 27ми август и веднаш ќе биде поставен линк на ова мислење.
Пренос од мечевите ќе има на Eurosport 1 и Eurosport 2. Исто така со fake american IP ќе може да гледате пренос од сите терени преку нивниот сајт, за тоа ќе има посебна тема за инструкции.
За секои нови детали мислењето ќе биде ажурирано, а вие во меѓувреме дискутирајте тука за мислења поврзани со US Open.
На крај, по една слика од минатогодишните освојувачи во машки и женски сингл, а и одговорете на анкетата.
И најинтересното нешто, колку од вас веруваат дека бранителот на титулата може успешно да ја заврши својата задача тука во Њујорк? Дали некој мисли дека е можно Чилич да ја одбрани титулата или колку далеку би можел да оди тука?