Точно така... скоро сите се запалија на поенот на Федерер оти беше како шлаг на тортата, односно точка на брилијантно одиграниот наптревар... а секој тенисер би го направил тоа во ваков случај, само вчера и среќата беше на страната на Федерер, и тој кога се сврте и кога виде дека е поен се изначуди на земаниот поен... а памтам и Себастијан Грожан, а и не ми текнува други тенисери го имаат направено ова, ама реков, ова ќе се запамети оти беше како точка на овој фантастичен натпревар
Претераа, дури спикерката кажа ''Како го направи ова'' бре бре големото чудо. Едноставно беше со среќа остро и влезе како поен. Ме изнервираа многу, сега мерак ми да загуби.
Инаку Клајстерс, се враќа после 2 години и мислам дека оваа година е нејна цела, мислам сега оваа што иде, ке ги згази на сите.
НАПРЕД КЛАЈСТЕР, какви сестри (Вилијамс) каква Шарапова све пропадна. Единсвено Клајстерс го игра најубавиот тенис од женските, другите излегуваат само за убавина. ЛЕЛЕ, не само за тоа али ништо немаат волја за игра.
Исто така ја поштувам и Викимајер и оваа дава се од себе, али млада е уште и има доста за играње.
Инаку:
УС Опен ја казни Серена Вилијамс со 10.000 долари Челниците на УС Опен на американската тенисерка Серена Вилијамс и изрекоа казна од 10.000 долари поради нејзиното неспортско однесување во завршницата од полуфиналниот меч против Ким Клајстерс.
Станува збор за максимална казна која водството на еден Грен Слем турнир може да ја одреди поради неспортско однесување. Помладата сестра Вилијамс покрај тоа ќе мора да плати и 500 долари поради фрлање на рекетот на крајот од првиот сет. Тогаш заработи опомена од судијата што за Серена на крајот се покажа како кобна.
Портпаролот на УС Опен Крис Видмаер во неделата истакна дека високи службеници на турнирот го прегледале видео записот на немилиот настан во саботниот меч. Брајан Ерли, главниот судија на турнирот, уште во саботата го објави разговорот со Серена Вилијамс и судијата на мечот.
Овој случај би можел да добие и поширока конотација. Имено, Бил Бебкок, водекиот администратор за Грен Слем турнирите, ќе анализира што се се случило во саботата навечер.
Доколку се востанови дека Вилијамс го направила најтешкиот прекршок во тенисот, правилата допуштаат казна во висина од заработката на тенисерот или тенисерката на некој од Грен Слем турнирите, што значи дека во случајот на Серена, американката би заработила казна од 350.000 долари, па дури и суспензија, иако Бебкок не ја спомена таа можност.
Колку казната финансиски ќе ја „погоди“ Серена Вилијамс, не треба посебно да се нагласува. Само за пласман во полуфиналето во Њу Јорк Серена Вилијамс заработи 350.000 долари. Нејзиниот настап на турнирот уште не е завршен, бидејќи заедно со постарата сестра Венус денеска во нивното десетто Грен Слем финале во парови ќе бара прилика за нова шампионса титула.
------
Така и треба, што се однесува не зане да прими пораз, не знае како да се однесува бе, што се мисли таа, најдобра? Е со ваква нервоза ќе почека малку.