Џоковиќ, по вторпат во финалето на Грен Слем турнир годинава, или Федерер по петти пат во завршниот натпревар на УС Опен во кариерата е дилемата која ќе биде одговрена по одигрувањето на нивниот меѓусебен полуфинален дуел.
Новак Џоковиќ против
Роже Федерер е дуелот кој само можеше да се посака за полуфиналето на УС Опен.
Вториот и третиот светски рекет, на уште еден Грен Слем годинава во меѓусебен дуел и повторно на тврда подлога. Нивниот прв двобој на Австралија Опен, на истата подлога го доби српскиот тенисер, но тогаш во финалниот натпревар.
За разлика од Џоковиќ, Федерер е бранител на тронот на УС Опен. Со евентуална победа, Швајцарецот по петти пат би се нашол во финалниот натпревар.
Почеток: 22:10
Патем, како ми стои новиот аватар?