1/4 ФИНАЛЕ
----------------------------------------------------------------------
Хамбургер - Манчестер Сити
Сити ќе игра мошне сериозно бидејќи со потенцијално освојување на УЕФА куп ќе сакаат да си ја спасат сезоната. Доколку Хамбургер излезе од трка за титула во Германија, тогаш и тие можеби ќе се ориентираат кон освојување на УЕФА куп, што значи дека овој двомеч е бааги неизвесен, иако сметам дека Сити ќе помине.
----------------------------------------------------------------------
ПСЖ - Динамо Киев
ПСЖ се мошне добри оваа сезона и се конкуренти за прво место во Франција, иако тешко да дојде до тоа, бидејќи Лион не е во ЛШ повеќе, и си е ориентиран кон одбрана на титулата. Динамо Киев, како и секој тим од поранешниот советски блок, игра стандардно добро во УЕФА куп, но мислам дека не може да се носи со ПСЖ, кој полека се враќа на стари патеки. И овој двомеч е неизвесен, но блага предност му давам на ПСЖ.
----------------------------------------------------------------------
Шахтјор Донецк - Олимпик Марсеј
Уште еден француско - украински дуел. Шахтјор е мошне силен тим, но и Марсеј не е ништо послаб. Мислам дека ќе има малку голови на овој двомеч, за кој ми се чини дека ќе го земе Шахтјор, бидејќи Марсеј не ми делува постојан во формата.
----------------------------------------------------------------------
Вердер Бремен - Удинезе
Можеби најинтересниот дуел. Вердер влегува во форма, а Удинезе игра променливо. Вердер беше кобен за Милан, играше солидно со Интер во ЛШ, па сметам дека ќе успее да го помине и последниот италијански претставник во европските купови.