Албанците седум дена го криеле дронот во црквата веднаш до стадионот!
![]()
Српски „Телеграф“ стигна до ексклузивни сознанија според кои Албанци се искачиле на централната купола на црвката на Свети Архангел Гаврил, каде што бил сокриен, а подоцна и пуштен дронот. Старешината на храмот потврдил дека навивачите имале лесна задача, бидејќи црквата нема видео надзор и осветлување, а полицијата веќе врши увид во храмот.
Припадници на српската полиција од утрово се наоѓаат во црквата Свети Архангел Гаврил на улицата „Хумска“, а токму на ова место се претпоставува дека бил сокриен дронот, кој во финишот на првиот дел осамна над стадионот на Партизан.
Репортерот на „Телеграф“ дознава дека Албанците кои стојат зад оваа скандалозна провокација уште пред седум дена ја стартувале операцијата со пуштањето на дронот. Според зборовите на старешината на храмот, Свети Архангел Гаврил, свештеникот Илија Шмигиќ, тие се искачиле со помош на јаже на централната купола, од каде што бил пуштен дронот.
„Ништо необично не забележавме сѐ до утрово, кога најдовме јаже кое виси од централната купола. Значајно е да се истакне дека црвката нема видео надзор и дека осветлувањето е многу лошо, како и дека организаторите на овој скандалозен чин, многу лесно можеле да се искачат на врвот од црквата“, изјави за „Телеграф“, Илија Шмигиќ.
За далечинското управување со дронот е осомничен братот на премиерот на Албанија Олси Рама, кој во меѓувреме е пуштен од притвор. Тој по доаѓањето во Тирана демантираше дека воопшто бил уапсен.
Ме интересира дали пишале нешто Смрт за Каури или УЧК на црквата или сега како што им е мода на цркви на Косово да пишат арапски слогани на ИСИС.
"Haos na utakmici zbog Putina" ...."Smišljena politička provokacija" ....Olsi Rama pušten "posle pregovora"... conspiracy theory masoni cia isis ... funny shit


А тоа беше застава на Голема Албанија. Убаво рече Иосоно во претходниот пост, примитивизмот добива нови димензии. Пази, лета дрон со знаме на Голема Албанија, што е политичка провокација од невидени размери, сосема случајно нели, пошо низ цела Европа така си летаат дрончиња со знамиња, нивни играчи се тепаат за тоа знаме што значи едка и они учествуваат во таа провокација, и на крај они невини, тепани, угнетувани, бараат ригорозни казни за Србите, да им бидат доделени трите бода и да биде Србија исфрлена од квалификациите. Е тоа се тие нови димензии, што за жал ние ги осеќаме повеќе од 10тина години уназад. Порано бар се знаеше, провоцираш ли, се тепаш ли-го јадеш, а сега тие што го прават тоа се невини, е тука е поентата на она што го напиша Исоно.