Им го сметија јако на Србите, овие наседнаа и сега дебело ќе го јадат. Провокација пар екселанс. Класика.
Не верувајте дека Албанија ќе добие ригорозна казна, освен ако стварно не „го летив на кров“ братот на премиерот ова авиончево или некој од делегацијата. Србиве се обвинети по многу точки, ќе ги прогласат за виновни по секоја од нив, убеден сум и ќе ја тргнат настрана политичката конотација на провокацијата, па така на Албанија ќе остане да и се суди за евентуалното одбивање да го продолжи мечот за кое лесно може пред Стразбур/Лозана да дадат тужба и да ја добијат пошто имаше млатење на играчите од неофицијални лица.
Заборавате каде е седиштето на УЕФА и кое лобирање може да падне. Екс-ју републиките се ионака први на тапет во евро-судовите во сите области на општеството, а другите во случајов се експерти за глумење жртви. Нека не ве чуди да оформат: „Трибунал за спортски злосторства на територијата на Југославија“ во Хаг.
Јакото е што вчера имаше изливи на национализам од албанска страна во две ипол држави (Албанија, Македонија, Косово) кои ќе останат неприметени од дежурниот евро-фактор кој е тука да ги обвини Македонците зошто славеле државен празник со знамето на Вергина.
Секако, после вчерашната прослава, сега следи она во што Албанците се експерти, глумење на жртви. Филм што го гледаме веќе 15 години и кој сеуште им успева. Така да, не треба да се очекува ништо ново при разврската.