Е годинава стварно делува како Европа лига, повеќе мид-левел екипи има, мислев повеќе историски релевантни екипи ќе гледаме, ама сепак само Милан од генерално историски поквалитетните/попознатите екипи падна во ЛЕ.
Ќе биде покољ тука од 1/4 финале натаму, има пар екипи што можат да освојат ЛЕ.
Ливерпул се уште се #1 фаворит според мене. Тука во горниот ешалон се и Милан, Рома, Леверкузен..
Па под нив би ги ставил, Виљареал, Аталанта, Вест Хем, Бенфика, Марсеј, а што да не и Галата, Феенорд, Шахтјор, Спортинг, па и Брајтон.
Може и во 1/8 финале да видиме добри утакмици, ама мислам она јакото ќе почне во 1/4 финале, ако нема изненадување ќе гледаме премногу 50-50 тип на средби
Ептен французи некако се собраа во 1/16 финалево, дури 4..
Од неутрален аспект мислам Клоп-Мурџо би било најдобро финале тука, ама Рома имаат надреално многу повреди и ќе им треба среќа, а Клоп вообичаено ми делува ко натпреварувањево да го игра со пола сила секогаш кога играл (и тоа (би) му било доволно за финале до душа)
Ме интересира Вест Хем и Брајтон кај ќе стигнат, секогаш ми е мило кога ваков тип на ПЛ екипи успеваат во купов.