Кој измислен пенал, па имаше игра со рака, дури играчот на Копенхаген беше помирен со тоа дека е пенал, е сега како одлучија дека не е пенал не ми е јасно. По пет минути пак играч на Копенхаген си ја смири со рака на 20 метри, пак ништо не свирна. Катастрофа.
Не секоја игра со рака во 16 метри е пенал. Еве, УЕФА излезе и кажа дека пуленов нивен, Марчињак, згрешил што му доделил пенал на ПСЖ, затоа што не може да биде пенал ако првин топката го удри во некој друг дел од телото, па потоа во рака. Њукасл нема никаква корист од извинувањето, им изгореа 2 бода, и тоа со директниот противник за второ место во групата.
Тоа за Баерн пеналот, од снимката што ја гледаа, делува дека го удри истовремено и во рака, и во тој делот под раката. И тоа второто што го збориш, исто пак, првин во нога, па во рака, иако тоа беше надвор од 16 метри.