Типичен торбеш во Трокадеро - Будва сред средношколска екскурзија баш како што кажа. Има друштво со уште двајца, се дружат постојано, секаде одат и се двојат од водичот и целата група - сами шетаат. Педерка is a must и обавезно внатре во задниот патент има 2 неотворени кутии Винстон плаво додека во предниот патент отворената и изгужваната кутија со уште 2 останати цигари. Едвај чека да седне у некоја шашава биртија или пивница, да ги допуши цигарите и да затера троа муабет со двајцата другари. Не е дојден многу многу по факултативите и знаменитостите од екскурзијата, чисто е дојден да пие и да тера коперациски муабет сред Европа.Блузава сама нарачува ѕидарско пиво и вели: „коооде си море стрико, еве јас малку ќода до Ростуша“.