Ај со главата во земја и продолжете, живејте во илузијата дека Јунајтед е јак тим моментално. 10год поминаа не сфативте дека сте ништо и уште 10 ќе поминат и пак ќе живеете во истиот сон.
Ете Гринвуд немал 17, добро тоа не го крие фактот дека уште е дете.
Самите вие плукате по Рашфорд во фан клуб за сега да искочи дека имал топ сезона и само 2 месеци лоши. Сите надвор од фан клубот ќе потврдат дека не се баш 2 месеци.
Па и фан клуб Челзи плукаше по Жоржињо со месеци претходната сезона за глупите грешки ала Фред кои отвараа гол шанси на противниците, а тука го претставувате како да е Чаби Алонсо.
Што ако бил дете Гринвуд, има повеќе голови од етаблирани напаѓачи во ПЛ. Во што е Хаверц подобар од него? Не е и Хаверц дете? Едниот е 20, другиот 22.
Не знам зошто терате ваква глупава и непотребна дискусија најискрено. Кажав некоја страна поназад, пак ќе кажам, потекот на октомври сме, нема теоретска шанса од сега да знаеме кој би можел или не би можел да земе ЛШ.
Челзи беше 8ми во ПЛ (или тука некаде) пред Лампард да јаде клоца некаде во декември. Што ви говори тоа? Дека имале тим кој може многу повеќе, но на менаџерот до тука му биле знаењето, искуството и лимитот.
Знам кога го избркаа Лампард имав една дебата со
@RATM, мое мислење беше дека требаше да го остават уште една сезона барем со оглед на тоа што со едвај една сезона во Дерби како менаџерско искуство го превзема Челзи, што очигледно беше преголем залак за него. Муабетот на РАТМ беше, Лампард си го заврши неговото во клубов. Го држеше во живот за време на транасфер банот, зема млади и талентирани играчи и пополни некоја дупка во тимот, сега е на ред да дојде некој што може да извади максимум. И тоа се случи.
Според мене Челзи и Јунајтед имаат слични тимови. Челзи дефанзивно нема некои индивидуалци, освен Азпиликуета, кој е еден од најпотценетите играчи според мене и Тиаго Силва кој е веќе во години и не игра баш редовно. Но разработениот систем очигледно им работи заедно со Канте во средината. Во Манчестер од друга страна со Ван Бисака (кој дефанзивно е најдобриот бек во лигата веќе неколку сезони), Варан, Мегваер и Шо срамота е да кажеш дека имаш само еден ебан клин шит на 10тина меча во ПЛ и ЛШ сезонава и тоа ниту еден со некој посериозен конкурент.
Во дефанзивниот дел од средина Челзи е дефинитивно многу подобар, и индивидуално, и на терен. Нормално, они машина во Канте, Јунајтед го има мочкото Фред кој упорно си игра прв тим веќе сезона ипол. И секако, Жоржињо е подобар и далеку поискусен фудбалер од Мектоминеј.
Ако го споредуваме офанзивниот дел од средината, Погба и Бруно индивидуално се (барем за нијанса) подобри од било кој и да го уфрлиш од тимот на Челзи. Маунт е играчиште, но му фали константност и мислам дека сеуште не е доволно зрел сам да решава утакмици како што тоа го прави Бруно во Јунајтед. Со Погба сите знаеме проблемот, и иако е екстра талентиран фудбалер, дечкото нема психа да игра на највисоко ниво секој викенд и тоа е тоа. Сериозно се плашам дека тука му е максимумот.
Во напад и двата тима имаат огромен потенцијал и млади фудбалери кои тек треба да се развиваат. Факт е дека Рашфорд потфрлува последниве 2 сезони и многу сакам да видам каков ќе се врати после операцијава. Марсијал мислам дека полека но сигурно ги пакува куферите, треба само да му се најде купец. Гринвуд е еден од најдобрите фудбалери од неговата генерација, Роландо и Кавани имаат искуство и фудбал во нозете колку цела навална линија на поголем дел од екипите низ Европа. Сачно има спор почеток, но дечкото не изиграл ништо лошо - едноствано Јунајтед моментално не го игра брзиот фудбал кој му лежи на него и од авион се гледа дека сеуште не е уигран со добар дел од соиграчите. Но движењето со и без топка му се сосема коректни и 100% сум сигурен дека ќе биде одличен трансфер.
Челзи, како и Јунајтед го имаат Лукаку во шпицот, и неколку млади и талентирани играчи во Хаверц, Вернер, Хадсон-Одои. Секој од овие досега имал по некој блескав и по некој очаен момент, но секој од нив исто така има и огромен простор за напредок. Вернер треба да си ја среди главата пред се, Хаверц од друга страна телото. Плус Зијеч, за кој искрено и немам некое мислење.
И сега, прашањето ми е... каде е Челзи толку поквалитетен на терен од Јунајтед? Истиот Челзи со послаб тренер изгледаше 3 класи подолу од тоа што изгледа сега. Истото ќе биде и со Јунајтед кога ќе сменат тренер што очекувам да биде некаде на сред сезона. А до тогаш да се надеваме дека ќе ја преживееме групната фаза, па здравје на пролет буквално се може да се случи во ЛШ.